Контакт

Соопштенија

СДСМ: Цела Европа ја тресе коронавирус, само Мицкоски се радува

Објавено пред

„Во време кога есенскиот бран на пандемијата со коронавирусот ја тресе цела Европа, а сите напори се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните, само губитникот Христијан Мицкоски се радува и се обидува да спечали евтини политички поени за да си ја спаси фотелјата во белиот дворец“, соопшти СДСМ.

Според партијата, додека глуми загриженост за состојбата со коронавирусот, Мицкоски го малтретира своето членство со таканаречени протести загрозувајќи го и нивното и јавното здравје.

„Наместо да организира ‘протести’, на кои и самиот не се појавува, Мицкоски треба да си го одржи предизборното ветување и да поднесе оставка затоа што ниту победи на изборите, ниту формираше Влада. Граѓаните одамна не му веруваат ниту нему, ниту на нереформираната ВМРО-ДПМНЕ, кои не знаат ништо друго освен да бранат криминал, да прават опструкции и да делуваат деструктивно на штета на интересите на граѓаните. Граѓаните знаат дека СДСМ и Владата што ја предводи стојат на нивна страна и помагаат кога е најтешко и затоа на Мицкоски му дадоа црвен картон на три последователни изборни циклуси, затоа ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и уште долго ќе остане таму“, се вели во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски е навикнат да става сопки во клучни моменти за напредокот на државата

Објавено пред

Секогаш, во сите клучни моменти за европската иднина, Христијан Мицкоски излегува во јавноста и се обидува да ги поткопува државните позиции, велат од СДСМ како реакција на денешната вонредна прес-конференција на лидерот на опозициската партија.

Во неа се нагласува дека за јазикот и за идентитетот не се преговара, ниту може да се преговара бидејќи, како што се вели, тие веќе се потврдени и признаени.

„Одамна се прочитани намерите на Мицкоски, тој е против ЕУ, против НАТО, против се што е во интерес на државата. Целото дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е ставање сопки во клучни моменти и обиди за кочење на напредокот, на државата“, велат од СДСМ од каде додаваат дека Мицкоски нема чувство за тоа што е државен или национален интерес.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Левица: Министерството на Груби е како во црна дупка, две години нема никакви активности

Објавено пред

Со тоа што официјалната интернет-страница на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е достапна само на албански јазик, ова министерство не го исполнува основниот услов како орган на државната власт во Република Македонија, реагираат од политичката партија Левица.

Од таму појаснуваат дека на веб-страницата има опција за македонски јазик, но доколку се кликне на истата, покажува дека е во изработка.

„Ова е голем пропуст на Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, кој во своите основни надлежности буквално има дефинирано грижа за ‘функционирање на политичкиот систем’“, стои во соопштението на Левица во кое се додава дека откако е оформено ова министертсво пред скоро две годоини, буквално нема никакви активности.

„И покрај тоа што истото е меѓу рекордерите по бројот на вработени, сепак, ‘црната дупка’ во однос на неговите активности го прави своевиден фантом во политичкиот систем на Република Македонија“, велат од Левица.

Според партијата, од она што може да се види на интерне- страницата на Владата за тоа кои се задолженијата на ова ново министерство, лесно е да се увиди дека истото, како што велат, е формирано како еден вид полицаец, кој ќе контролира институции за спроведување на Рамковниот договор, како и за спроведување на правото на употреба на јазиците.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски продолжува со црна кампања против здравствениот систем и се однесува опасно за јавното здравје

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ на чело со некрофилот Христијан Мицкоски продолжува со злоупотреба на жртвите од коронавирусот, си поигрува со чувствата на нивните најблиски и ги користи за политичко профитирање, а до вчера зборуваа дека вирусот е смешен, соопшти СДСМ.

„Пандемијата зеде замав насекаде во светот и наместо да ги поддржи напорите за справување со кризата, Мицкоски стои на страната на вирусот и нанесува штета со црната кампања против здравствениот систем, опструкциите, ширењето лажни вести, со кои предизвикува страв и паника кај граѓаните.

Граѓаните знаат дека во борбата со коронавирусот Владата предводена од СДСМ прави с è за да се заштити здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ кочи средства за опремување ковид-болници, организира настани на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита, ги поттикнува луѓето да не носат маски.

Мицкоски глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а со своето однесување го доведува во опасност.

Она за што Мицкоски навистина се грижи е како да ја задржи фотелјата во белиот дворец по три избори порази. Затоа уште долго ќе остане во опозиција“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија11 час

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија12 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет13 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен13 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија16 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија18 часа

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија19 часа

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура20 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа20 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет21 час

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија21 час

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија21 час

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион21 час

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа22 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет22 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет22 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет23 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет23 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет23 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Досие