Контакт

Соопштенија

СДСМ: Јанакиевски ја призна незаконската набавка на кинеските автобуси, Мицкоски сака да направи иста таква

Објавено пред

„Денешните признанија на обвинетите во судскиот случај „Дизајн“ потврдуваат дека набавката на кинеските автобуси за потребите на ЈСП Скопје е незаконска и на штета на Градот Скопје“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата посочуваат дека обвинетите признале дека ја злоупотребиле службената положба за да ја фаворизираат конкретната компанија, со што го оштетиле државниот буџет за скоро пет милиони евра.

„Од друга страна асистентот за јавни набавки на Данела Арсовска, Христијан Мицкоски, најави дека преговарал со компании за набавка на нови автобуси и веќе се подготвувала тендерската документација. Без никаква надлежност, без никакви услови и критериуми, Мицкоски, во име на Град Скопје најавува набавка на нови автобуси за потребите на ЈСП. Ова е многу слично како и набавката на кинеските автобуси за која денеска има признанија за сторени кривични дела“, дополнуваат од таму.

Според нив, денешните признанија треба да бидат дополнителен мотив, надлежните институции да постапат, да ги истражат сите наоди и да спречат нова криминална набавка на штета на граѓаните.

„Ништо не се менува во ВРМО-ДПМНЕ, партијата предводена од Мицкоски е се уште во криминално режимската матрица која дејствува против интересите на граѓаните и Градот Скопје“, е наведено во писмената реакција од СДСМ.

Соопштенија

ДОМ на конференција на Зелените во Виена

Објавено пред

Делегација на зелената партија ДОМ во состав Христина Оџаклиеска, заменичка министер за животна средина и просторно планирање и Анастасија Трајковска, советничка во општина Битола, учествуваа на 15-та Централно европска тркалезна маса на зелени локални советници, во периодот од 19-21 мaj, во Виена.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од ДОМ, темата на овогодинешниот настан била Зелените градови во движење – мир, солидарност и одржливост.

„Заменичката министерка Христина Оџаклиеска имаше обраќање на тема Зелените градови кон Зелениот договор и енергетска самоодржливост.

На настанот беа присутни европратеници, градоначалници и советници од Зелените, кои ги споделија своите искуства и визии за имплементација на зелената агенда во градовите“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека посебен акцент бил даден на Платформата за поврзување помеѓу локалните советници од европското зелено семејство.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ беше и останува криминална партија

Објавено пред

Судската пресуда за предметот ТНТ за рушењето на „Космос“ одново потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија, посочуваат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од владејачката партија нагласуваат дека во овој случај на затворски казни се осудени, Никола Груевски и Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

„Бројните пресуди ги потврдуваат индициите за сторените тешки криминали кои беа објавени преку проектот Вистината за Македонија. Се потврдија наводите дека Никола Груевски е инспираторот на најголем дел од кривичните дела, а Миле Јанакиевски негов извршител.

Тоа е истиот Груевски кому Мицкоски отпрвин му беше советник, а потоа и генерален секретар на партијата, истиот Груевски кој го смести Мицкоски во фотелја во Белиот дворец“, се наведува во партиското соопштение.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е, како што велат, истата непроменета криминално-режимска партија која работи против интересите на граѓаните и државата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Судска пресуда за рушењето на „Космос“, ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија

Објавено пред

Денешната судска пресуда за предметот „ТНТ“ за одмаздничкото рушење на „Космос“ уште еднаш потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија, се вели во писмената реакција од страна на партијата на власт.

dobivaj vesti na viber

Во напишаното додаваат дека во случајот, на затворски казни се осудени веќе докажаните криминалци и повеќекратни осуденици, Никола Груевски и Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

„Пресуда по пресуда се потврдуваат сите индиции за сторени тешки криминали кои беа објавени преку проектот „Вистината за Македонија“, се потврдија наводите дека Никола Груевски е инспираторот на најголем дел од кривичните дела, а Миле Јанакиески негов најревносен извршител.
Тоа е истиот Груевски кому Мицкоски отпрвин му беше советник по енергетика, а потоа и генерален секретар на партијата, истиот Груевски кој Мицкоски го инсталираше во фотелјата во Белиот дворец. Затоа Мицкоски до ден денес, ниту го има осудено криминалот на ВМРО-ДПМНЕ ниту се извинил, напротив, тој со сета сила ги брани криминалците во своите редови“, е напишано во соопштението од СДСМ.

Мицкоски, додават од СДСМ, денес во белиот дворец е опкружен со луѓе од режимот, со личности против кои се водат судски процеси, а партијата му ја раководи Груевски од Будимпешта.

Оценуваат дека ВМРО-ДПМНЕ денес е истата непроменета криминално – режимска партија која работи против интересите на граѓаните и државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

Русија му забрани влез на Бајден: „Властите на САД поттикнуваат русофобија“

Русија забрани влез во земјата на 963 Американци, меѓу кои и претседателот, Џо Бајден. Забраната се однесува и на државниот...

Европа5 часа

Британска министерка: Мора и Молдавија да ја опремиме со модерно оружје, амбициите на Путин не запираат

Лиз Трас, британската министерка за надворешни работи, откри дека Велика Британија започнала разговори со своите меѓународни сојузници за испраќање модерно...

Европа5 часа

Москва ги стави Каспаров и Ходорковски на списокот на странски агенти

Поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров и олигархот Михаил Ходорковски, двајца противници на рускиот претседател Владимир Путин во егзил,...

Европа6 часа

Северна Кореја петти ден по ред има над 200.000 новозаразени со Ковид-19

Северна Кореја петти ден по ред објави дека има повеќе од 200.000 новозаразени кои страдаат од треска предизвикана од Ковид-19,...

Европа7 часа

(Видео) Торнадо во Германија, околу 50 лица се повредени

Најмалку 50 лица, од кои 10 потешко, се повредени во торнадо што мина низ неколку места во западна Германија. Според досега...

Регион7 часа

Лажните дојави за бомби во Србија стигнале од странство, на листата се и земји од Африка

Во последните неколку недели имаше низа извештаи за поставени бомби низ Србија, а и евакуации поради анонимните закани. Српското МВР...

Македонија19 часа

Архиепископот Стефан и српскиот патријарх ќе служат литургија и во Скопје на Денот на сесловенските просветители

Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година во посета на Македонската православна...

Економија19 часа

Владата го утврди ребалансот на буџетот: „Кратење на непродуктивните трошоци за заштита на стандардот на граѓаните“

Владата на денешната 47. седница го усвои предлогот за изменување и дополнување на буџетот за 2022 година. „Предлогот за ребаланс...

Македонија20 часа

(Видео) Петков бара да се свика Советот за национална безбедност поради преговорите со Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков во видеообраќање го повика претседателот на државата Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална...

Европа21 час

(Видео) Зеленски објави снимка од проектил кој погоди зграда, загинале 11 лица

11 лица загинале по гранатирањето на местото Лозова во украинскиот регион Харков, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. На снимката се...

Македонија1 ден

Пресуда за уривањето на „Космос“: Груевски доби девет години затвор, Јанакиески три, а Трајковски четири

Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани донесоа осудителни пресуди за сите обвинети за случајот познат како „ТНТ“, за уривањето на...

Европа1 ден

(Видео) Командант на Азов: Добивме наредба да престанеме да го браниме Мариупол

Командантот на украинскиот полк од Азов, Денис Прокопенко, се обрати до јавноста и рече дека во Азов добиле наредба да...

Европа1 ден

Шојгу: Русија ќе формира 12 нови воени бази на западот од земјата како одговор на проширувањето на НАТО

Русија ќе формира 12 нови воени бази на западот од земјата како одговор на зајакнувањето на НАТО и очекуваното проширување...

Македонија1 ден

(Видео) Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Министерството за труд и социјална политика и СОНК ги потпишаа измените и дополнувањата на Колективниот договор со којшто се регулира...

Македонија1 ден

Комисијата за односи со верските заедници: Ги подржуваме мудрите чекори во црковната дипломатија

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи со особена внимателност ги следи актуелните случувања околу меѓународната активност на...

Македонија1 ден

Вархеји ја повика Софија во јуни да даде согласност за старт на преговорите со Скопје

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји очекува Софија во рок од три недели да се согласи за почеток...

Македонија1 ден

Петровска од Софија: Новата безбедносна реалност во Европа повикува на сплотеност

Новата безбедносна реалност на европскиот континент повикува на сплотеност и соработка, а нашата безбедност лежи во колективната безбедност на нашите...

Европа1 ден

Дипломат на ЕУ: Русија не може да биде запрена, а нема договор за ембаргото на руската нафта и гас

Неуспехот на земјите членки на Европската Унија да се договорат за ембарго на руската нафта покажува дека блокот ги достигнува...

Европа1 ден

(Видео) „Њујорк тајмс“: Имаме докази дека Русите убивале затвореници во Буча

„Њујорк тајмс“ објави нови видеа за кои тврдат дека докажуваат дека руските сили убиле најмалку осум украински затвореници на 4...

Европа1 ден

Шолц: Интеграцијата на Северна Македонија, БиХ, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово е во наш интерес

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе отпатува на Западен Балкан пред состанокот на Европскиот совет следниот месец, носејќи ја...