Контакт

Соопштенија

СДСМ: 11 години ВМРО-ДПМНЕ лажеше за наводен економски раст

Објавено пред

Единаесетгодишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ остави долгорочни штети врз економијата и врз квалитетот на живот на граѓаните, обвинува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Преку соопштение од СДСМ велат дека само во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година економијата забележала пад од 1,3 отсто.

„По формирањето на Владата предводена од СДСМ, за нешто помалку од една година, преку успешните економски политики во вториот квартал од 2018 година, домашниот бруто-производ бележи раст од 3,1 отсто. Економските политики на Владата предводена од СДСМ ја стабилизираат и придвижуваат економијата, а како што Македонија се доближува до ЕУ и НАТО, така расте и економијата. Наместо вештачко билдање на бројките и веселите математики со кои ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја уништуваше економијата и ги лажеше граѓаните за некаков наводен раст, денеска имаме реален економски раст што се темели на здрави основи“, се вели во соопштението на СДСМ.

Владејачката партија во таа насока додава дека расте извозот, зголемена е инвестициската активност на компаниите, забележани се рекордни износи на странски инвестиции, повисоки плати, како и раст на индустриското производство.

 

Соопштенија

ДОМ спроведе обука за алтернативни начини на изборна кампања

Објавено пред

Зелената партија ДОМ, во соработка со Зелен институт и холандската Фондација „Биро де Хилинг“, организира онлајн-обука на тема „Приспособување кон алтернативен начин на партиска комуникација и активизам“. Предавач беше Огнен Јанески, кој го истакна значењето на онлајн-платформите и социјалните мрежи во комуникацијата со граѓаните. На обуката учествуваа над шеесет активисти на ДОМ, како и Ане де Бер, директор на „Биро де Хилинг“, и Трушке Смитс од холандските зелени.

На почетокот на настанот се одржа координативен состанок на централниот изборен штаб со регионалните и локалните изборни штабови на ДОМ, на кој беа презентирани организациската структура и насоките за спроведување на предизборната кампања во контекст на целосно почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Николов: Поголема смртност од Ковид-19 од нас во регионот има само Романија

Објавено пред

Македонија е претпоследна во регионот, има најголем број починати на 1 милион жители веднаш пе Романија. Ова нема што да нè зачудува. Во системот не се промени ништо, лекарите и здравствените работници беа тие што се судрија со вирусот, а кои беа оставени без опрема на почетокот и со цело срце и душа влегоа во битка со Ковид-19, додека нивниот ПР-министер држеше пресови двапати на ден, вели Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче, дека ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус.

„Во стилот на старите добри сталинистички времиња, се јави Венко Филипче со триковите и финтите на Зоран Заев да ја коригира опозицијата, но и да прати абер до оние новинари што малку повеќе анализираат. По примерот на Заев, кој пред некое време објави табели за платите на докторите и сестрите, но со ситни букви дека станува збор за бруто-плата, така и Венко ги заменува статистичките термини смртност и број на починати на 1 милион жители. Користејќи разни термини, исто како што правеше на почетокот на епидемијата, кога опозицијата апелира да се подготвиме за ударот и да се превемат мерки, Венко Филипче објаснува дека се злоупотребува терминот смртност за политички цели, а всушност во јавноста се зборуваше за број на починати од Ковид-10 на 1 милион жители. Смртноста ни била добра од Ковид-19, иако тој и Министерството не обезбедија респиратори. Не обезбедија тестови чии резултати ќе ги имаме бргу и ќе се носат одлуки веднаш за секој пациент дали е Ковид + или не, па сега ќе се фали дека тестирал пост мортем. Сè во име на транспарентноста и маркетингот зачинет со ПР-трикови“, вели Николов.

Тој сподели линкови и табели со анализа, кои, како што вели, зборуваат за број на заразени и починати на милион жители, каде што Македонија е претпоследна во регионот, има најголем број починати на 1 милион жители веднаш по Романија.

„Доколку беше транспарентно, јавноста ќе имаше увид на кој начин Филипче ја составил Комисијата за заразни болести, зошто го сменил пред еден месец претседателот на Комисијата на заразни болести, ќе имаше увид во тестовите, времето и бројот на нивното соопштување, ќе имаше увид колку години се стари респираторите што се користат на Инфективната клиника, дали функционира собата со негативен притисок, колку квадратни метри простор има од пациент на интензивна нега, каква дијализа има – ацетатна или бикарбонатна, колку денови во просек биле на респиратор починатите, зошто сè уште немаме неинвазивни вентилатори таканаречени кациги CPAP, кои ги гледаме на клиповите од италијанските болници. Тоа е транспарентност, сè друго е ПР-маркетинг на кој министерот не одолеа да му се спротивстави, па виновни му се новинарите и опозицијата“, вели Николов.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Градежната офанзива во целата држава не сопре ниту за време на корона-кризата

Објавено пред

Капиталните проекти продолжија со изведба со забрзана динамика и за време на кризата предизвикана од коронавирусот, велат од СДСМ преку соопштение.

„За помалку од три години, рехабилитиравме повеќе од 750 километри патишта.

Источниот регион го доби првиот автопат Миладиновци – Штип, а во моментот се градат и експресните патишт, Штип – Радовиш, Штип – Кочани и Ранковце – Крива Паланка.

Истовремено, се рехабилитираа и постојните патни правци: Штип – Радовиш, Крупиште – Пробиштип, Кочани – Македонска Каменица, Делчево – граничен премин со Бугарија, Ранковце – Крива Паланка, Куманово – Свети Николе.

Првпат по неколку децении, изграден е мост на реката Брегалница, а набргу почнува изградба на браната „Отиња“.

Измината една и пол година нашата земја, во услови на корона-криза, заврши 80 отсто од магистралната гасификација, проект што се одолжуваше речиси 20 години.

Интензивно се работи и на локалната инфраструктура во фаза во која е почната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што се обезбедени 100 милиони евра за сите општини во земјата.

Во идниот период продолжуваме и со рехабилитација на 1.500 километри патна инфраструктура и изградба на автопатишта, експресни и локални патни правци.

Кризата ни покажа од колкава важност е патната инфраструктура и за да се спаси човечки живот.

И токму затоа остануваме фокусирани на изградба на модерна, брза и ефикасна инфраструктура за побрз и поефикасен транспорт низ целата држава“, наведе СДСМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани каде наместо почитување на препораките, се правеле забави без одржување дистанца, без маски...

Македонија1 час

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија2 часа

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2...

Македонија2 часа

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија2 часа

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија2 часа

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија3 часа

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиона на американското воено воздухопловство, придружувани од четири воени авиона на Грција, околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија3 часа

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет3 часа

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Свет5 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион6 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет6 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа7 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет7 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија7 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија20 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион21 час

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ22 часа

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија23 часа

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија23 часа

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Досие