Соопштенија
СДСМ: 5,9 милиони евра бескаматни кредити за 506 компании

„Владата предводена од СДСМ во новата 2021 година преку одговорен, отчетен и инклузивен пристап реализира политики што обезбедуваат економски раст, поконкурентна економија и подобар животен стандард за сите. Во тек е процесот на креирање на петтиот пакет економски мерки, со кој поддршката за домашната економија ќе продолжи уште повеќе и уште подобро“, соопшти партијата.
Според СДСМ, преку четири пакети антикризни мерки во домашната економија вшприцавме над една милијарда евра, спасивме стотици илјади работни места, помогнавме илјадници компании.
„Дел од овие мерки е и бескаматната линија ‘Ковид 3’ наменета за микро и мали трговски друштва, односно за трговци поединци и занаетчии, со која 5,9 милиони евра завршуваат кај 506 компании, кои вработуваат 3.552 лица. Оваа година ќе биде година на економски раст, со силна поддршка за македонското стопанство, со цел брзо надминување на негативните последици од коронавирусот. СДСМ како одговорна партија продолжува со грижата за сите граѓани за сите компании“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
„Не отворам врата“: Секој член на владата да потпише изјава за одговорност доколку било кој биде заразен од попишувачите

Националниот блок „Не отворам врата“ бара сите министри и премиерот да потпишат изјава за одговорност со која се обврзуваат под морална, материјална и кривична одговорност дека ангажираните околу 30.000 попишувачи и инструктори нема никого да заразат при нивното влегување во домовите на населението, а во спротивно ќе сносат полна одговорност.
„Ова е текстот на изјавата:’Долупотпишаните членови на Владата, под морална, материјална и кривична одговорност изјавуваме дека 32.000 теренски попишувачи и инструктори кои ќе вршат попишување во 80 општини во државата групирани во 50 пописни реони, за време на пописот нема да заразат никого со коронавирусот при нивното влегување во домовите таму каде што ќе бидат пуштени да влезат и да вршат попишување на населението, становите и домаќинствата’ – завршен цитат“, изјави претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев како дел од Националниот блок „Не отворам врата“.
Тој кажа дека ова е уште чекор во насока власта да се вразуми и да го одложи, како што вели, животозагрозувачкиот попис во април.
„Ние, националните и патриотските сили во државата, нема да прифатиме попис со кој се загрозува здравјето на народот, тоа не ви го прифаќа и македонскиот народ. За секој обид за загрозување на здравјето, одговорност мора да има. Потребен е попис со нула ризик за здравјето на народот“, рече Бачев.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Каков е тој нов концепт за кој говори Царовска, без план и програма

Изјавата на Мила Царовска дека новата концепција значи нов стандард и квалитет во образованието и подобра инфраструктура не се ништо друго, освен празни зборови, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Ништо од изнесеното не е поткрепено со факти, па ја повикуваме да објасни каков е тој нов стандард и квалитет само со наставен план, без наставни програми, за кои вчера рече дека допрва ќе распишува конкурс, а наставниците ќе ги обучува преку летото. Нов квалитет без посебни предмети и вовед во науките, со интегрирана историја и географија, со посебен осврт на севкупно сексуално образование и јога? Каков квалитет би бил тој што не е во согласност со мислењата на најголем број релевантни фактори од образованието, ниту со најголем број наставници, па ни со Синдикатот? БЕЗ УЧЕБНИЦИ? Нов квалитет со фингиран избор на ментори?“, прашаа од опозициската партија.
Оттаму додаваат дека власта на СДСМ, кога се ближат избори, тогаш почнува со политичка кампања со стари лаги и нереализирани дадени ветувања.
„Откако под превезот за унапредување на средните стручни училишта направи кампања за својот шеф Зоран Заев, Мила Царовска тргнала во посета на општини за исполнување на истата оваа цел. Мила Царовска ветувањата дадени пред 4 години ги поврзува со концепцијата“, се наведува во партиското соопштение.
Како што се додава, по четири гидини, пред локални избори добро се сетила дека требаше да ги среди инфраструктурните услови во основното училиште „Димитар Поп Ѓеорѓиев – Беровски“ во Хром, да ја заврши доградбата за сите паралелки и за доградбата на градинката.
Ваквите лицемерни постапки повеќе не поминуваат кај граѓаните, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ДОМ: Да ги отстрануваме, а не да ги легализираме дивоградбите

Зелената партија ДОМ е против усвојување на измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, со кои се предвидува продолжување на рокот за легализација уште 5 години. Децидни се дека граѓаните имаа законска можност од 10 години за да ги легализираат дивоградбите изградени до 3 март 2011 година.
„Сметаме дека со продолжување на рокот за легализација се охрабрува бесправното градење. Истовремено, се доведуваат во неправедна положба граѓаните што уредно си поднесуваат барања за дозвола за градба.Со продолжување на легализацијата на дивоградбите се девалвираат просторното и урбанистичко планирање. Која е целта на носење урбанистички планови ако се легализираат објекти што не биле предвидени? Со причина, бесправното градење е квалификувано како кривично дело што се санкционира со затворска казна“, велат од ДОМ.
Според партијата, крајно време е, наместо да се продолжува со легализирање на дивите градби, да почнат да се отстрануваат.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер