Соопштенија
Села и Гаши: За рамноправно образование, албанскиот јазик треба да биде задолжителен за македонските ученици

Нашата визија за „Држава за sите” е комуникацијата меѓу граѓаните на двете најголеми заедници да биде во таква форма што секој од нив ќе зборува на свој јазик, но да се разберат без никаков проблем, велат од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива.
„Ние како коалиција потсетуваме дека ветувањата на ДУИ во новиот концепт за основно образование беа дека албанскиот јазик ќе се учи како задолжителен предмет, а не избoрeн предмет, како што најави министерката Царовска пред неколку денови“, посочуваат од коалицијата на Зијадин Села и Африм Гаши, од каде сметаат дека новиот концепт за основно образование остава само на претпоставка дека албанскиот ќе го учат и учениците од, како што велат, заедницата којашто е мнозинство во државата.
„Ако се мисли дека со ова решение се прави официјализирање на албанскиот јазик, се поставува прашањето зошто за албанскиот ученик, македонскиот јазик треба да биде задолжителен? Зошто да не биде и македонскиот јазик изборен предмет за албанските ученици“, прашуваат партиите на Села и Гаши.
Коалицијата „Алијанса за Албанците“ и Алтернатива нагласува дека ова решение е идентично со она кога вработените во образованието се тестираат за познавање на јазикот.
„Вработените Албанци во образование треба да се тестираат на два јазика, додека Македонецот само на еден јазик. За да биде парадоксот уште поголем, за професорите кои предаваат македонски јазик како предмет кај учениците Албанци не е задолжително да го позанваат јазикот на ученикот, албанскиот јазик, иако тоа е втор официјален јазик во државата“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Колев: Палењето на знамето на држава која дала државјанства на илјадници Македонци е невоспитано

Да го запалиш знамето на државата која прва нè призна и испрати јасен сигнал кон целиот свет дека Македонија ќе биде самостојна и суверена држава, да го направиш на тој или претходниот ден по 29 години, е повеќе од јасна порака, вели Петар Колев, претседател на ГДУ.
„Да го запалиш знамето на државата која образовала илјадници твои деца, дала државјанства на илјадници твои граѓани, комшии, роднини кои работат низ цел свет и праќаат пари на своите семејства за да ги спасат од глад и мизерија, во која држава и денес функционираат фирми на твои сограѓани, роднини и комшии, а печалбите ги трошат во Македонија е меко кажано невоспитано“, смета Колев.
Проблемите и нерешените прашања се решаваат, додава тој, но комшиите и роднините остануваат.
Тој вели дека жали за тоа што се случило и вели дека се надева дека сфаќаме како општество колку е болно и навредливо кога некој ќе ти го запали националниот симбол и каква навреда е тоа.
„Ни се случувало многу пати да гори и македонското знаме, но, за волја на вистината, никогаш не било палено во Бугарија или од Бугари туку од други наши соседни земји, но и наши сограѓани од друга етничка припадност. Палењето на национални симболи е кривично дело, извршено од индивидуалци и очекувам институциите да си ја завршат својата законска обврска, бидејќи сум убеден дека ние како општество не сме должни да го носиме срамот и навредите предизвикани од индивидуални постапки“, вели Колев.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Доведени сме во ситуација да молиме за вакцини, зошто не набавивме како Србија и Албанија?

Венко Филипче и Зоран Заев наместо да обезбедат навреме вакцини за граѓаните беа посветени во градење куќи и набавки на златни лажици, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, затоа Македонија е петта земја во светот по смртност од Ковид-19 и последна земја во Европа која ќе набави вакцини.
„Во услови кога над 87 илјади лица заболеа, а речиси 2.700 починаа во епидемијата, Заев и Филипче немаат абер да набават час поскоро вакцини. Ја лажеа јавноста дека вакцините само што не дошле, дека Бугарија ќе ни донира, дека Грција набавува за нас, ама и Бугарија и Грција добија вакцини, а Македонија веќе во средина на јануари нема добиено ниедна вакцина“, се наведува во соопштението.
Во него се додава дека Србија, Албанија и сите земји во Европа веќе набавиле вакцини и почнале со вакцинирање на своето население.
„Зошто сме доведени во ситуација да молиме вакцини од некого, наместо да постапиме како нашите соседи кои најдоа начин да го заштитат здравјето и животите на своите граѓани“, прашуваат од опозициската партија.
Соопштенија
СДСМ: Попис оваа пролет ќе има

Попис оваа пролет ќе има, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски тоа нема да го спречат, велат од СДСМ.
„Република Северна Македонија има недостиг од квалитетни статистички податоци и токму затоа по речиси 19 години неопходно е потребен попис за да може државата подобро и порамномерно да се развива, да се креираат нови долгорочни развојни политики. Пописот мора да се одржи оваа пролет, откако последниот во 2011 година не успеа поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и никој не смее да го кочи или да го одолговлекува“, се наведува во соопштението.
Мицкоски, велат од СДСМ, мора да сфати дека пописот е статистичка операција, а не политичка и својата борба за фотелјата во белиот дворец треба да си ја води на други начини наместо да блокира сè што е во интерес на граѓаните и државата.
„Законот за попис, кој поставува услови за независна статистичка операција, нема да биде повлечен од собраниска процедура, ниту, пак, ќе се поддржат неразумни предлози за одлагање на пописот. Без разлика колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, попис оваа година ќе има по меѓународни стандарди. Државата има електронски регистар на население кој ќе биде поврзан со уредите за попис и податоците ќе бидат споредувани со податоците на други 10 институции, што значи дека не е возможно да се попишат лица кои не постојат. Пописот обезбедува прибирање квалитетни и точни информации, со кои се овозможува сигурен и предвидлив развој на државата. СДСМ работи во интерес на државата, во интерес на сите граѓани и токму затоа немаме намера да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да спречи уште еден попис“, велат од СДСМ.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира