Соопштенија
Сите криминално стекнати пари од ВМРО ДПМНЕ да се вратат кај граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски сите криминално стекнати пари да им ги вратат на граѓаните. Ова е и праведно и правично затоа што тоа се пари кои 11 години се краделе од народот, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека пресудата во случајот Талир-2 потврди дека ВМРО-ДПМНЕ незаконски, на грбот на граѓаните, го изградила луксузното седиште и купила имоти во уште триесетина градови низ државата. По правосилноста на пресудата, се отвора можноста запленетиот имот да се продаде или да се пренамени, да се врати кај оние од коишто е земен, а тоа е се граѓаните.
Криминалот на ВМРО-ДПМНЕ е потврден и во други предмети, како Тврдина – Таргет, Плацови на Водно, Тенк, а во постапка се и неколку други предмети.
ВМРО-ДПМНЕ, кои се луксузираат во Белата палата, опремена со плочки од 100.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.000 евра, вазна од 180.000 евра, да се извинат се целиот криминал, за грабежот што е направен врз граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да се соочат со реалноста дека правда има и правда мора да има.
Секој што го прекршил законот мора да одговара, а парите да се вратат назад, кај граѓаните, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на струјата

„Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на струјата, криминалната влада на СДСМ и ДУИ повторно удрија по џебот на граѓаните
Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на електричната енергија, криминалната влада на СДСМ и ДУИ повторно удрија по џебот на граѓаните
Нема повисоки плати, повисоки пензии, социјална помош, нема ниту повисоки субвенции за земјоделците, ниту пак капитални инвестиции, ама затоа за граѓаните ќе има повисоки сметки за електрична енергија за над 20%.
Владата на Ковачевски заради својата неспособност ќе ги награди граѓаните со нови енормно повисоки сметки за струја.
Со ова покачување на цената на електричната енергија се очекува и зголемување и на така веќе двоцифрената инфлација, а со тоа и покачување на цената на сите основни прехранбени продукти.
Без конкретни мерки, без помош за стопанството за излез од кризата, секојдневно се затвараат компании, а граѓаните остануваат без работа заради неспособноста на владата на СДСМ и ДУИ.
Додека министрите во владата јадат од златниот прибор од над 40 илјади евра, граѓаните не можат да врзат крај со крај во месецот.
За работниците и вработените во јавниот сектор владата нема пари во буџетот за линеарно зголемување на нивните плати од 2.806 денари. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите на синдикатот за зголемување на платите и е од страна на работниците и нивните права.
Единствено што знаат функционерите на СДСМ и ДУИ е да работат за својот џеб и своите луксузирања, а не за доброто на државата и народот. Премногу е, избори“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите за наводното распродавање на македонскиот јазик и идентитетот, велат од СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ лажеше и ги поткопуваше државните позиции со Бугарија
ВМРО-ДПМНЕ, во период кога се решаваше евроинтегративниот процес на државата, ширеа лаги преку со кои се обидуваа да ги поткопаат државните позиции со Бугарија, ја плашеа јавноста со наводно распродавање на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и историја, лажеа за некаква асимилација и бугаризација на државата.
По сето тоа, најмалку што можат да направат во Белиот дворец е да им се извинат на граѓаните за тешките лаги што ги пласираа, а потоа и да побараат одговорност од Мицкоски.
Мицкоски мора да излезе од деструктивната матрица и наместо за интересите на неговиот ментор Никола Груевски, наместо за туѓи центри на моќ, конечно да почне да работи за интересите на граѓаните.
И покрај срамното, неодговорно и антидржавно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ продолжува да ги брани државните позиции и национални интереси, но и да работи на обезбедување на европската иднина на државата како клучна стратешка цел“.
Соопштение на СДСМ
Македонија
Опозицијата бара оставки од Османи и Маричиќ поради прегоравачките позиции со ЕУ

„Два дена молк од страна на Ковачевски, Османи и Маричиќ за тоа кој направил, кога направил и каков хибриден напад имало во Македонија.
Нема ниту одговорност зошто доколку имало хибриден напад во државава не бил спречен на време и зошто институциите дозволиле ова да се случи.
Логично се поставува прашање дали со дефокус на јавноста со наводниот хибриден напад во државата, Ковачевски, Османи и Маричиќ сакаат да избегаат од одговорноста за целосниот дебакл во преговорите со Европската унија и трајно уништените преговорачки процеси.
Лагите и манипулациите дека го немале видено или не го добиле францускиот предлогот се срушија како кула од карти, па под притисок на граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ, мораше Ковачевски да се повлече и да глуми загрижен патриот.
Граѓаните добро знаат дека повеќе од 6 месеци овој штетен предлог кој ги руши сите државни интереси и позиции, го преговарале и договарале, Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, но поради случувањата во Бугарија и откривањето на целиот предлог во Македонија мораше да се откажат од предавничката позиција.
Целиот план на владата на СДСМ и ДУИ беше разоткриен.
Одговорност и оставки за Бујар Османи и Бојан Маричиќ за рушење на македонските национални позиција, како и нарушување на преговорачките позиции со ЕУ.
Изборите се единствено решение за излез од оваа катастрофална политика на СДСМ и ДУИ во преговорачкиот процес“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ