Соопштенија
Славева: Додека Филипче работи за Пендаровски, морбилите се проширија низ целата држава

Додека министерот за здравство, Венко Филипче, работи за кампањата на Стево Пендаровски морбилите се проширија низ целата територија на државата, изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.
„Каде беше Филипче четири месеци со мерките за спречување на ширењето на морбилите? Каде беа мерките да се спречи ширењето на болеста помеѓу вработените во здравствените институции, да се провери дали негувателките и воспитувачките во предшколските установи биле вакцинирани? Дали е вистина дека нема вакцини во болниците во Кичево и Кочани? Кој ќе понесе одговорност за новите заразени во овие градови? На ова Филипче требаше да мисли многу порано“, рече Славева.
Опозицијата смета дека неспособноста и лошото менаџирање во здравство резултирале со жртви. ВМРО-ДПМНЕ повтори дека антивакциналната кампања која ја водел СДСМ ѝ се удрила од глава на Владата.
„Веќе неколку трудници ги изгубија своите бебиња затоа што власта е неодговорна. Венко Филипче мора да си замине. Животот на граѓаните нема цена“, додаде Славева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Нелоски: За две години, Заев ги задолжи граѓаните со 914 милиони евра

Во исто време кога СДСМ троши илјадници евра, а можеби и стотина илјади евра на медиумите за партиско рекламирање, истите тие се задолжуваат за само еден ден со нови 300 милиони евра на грбот на граѓаните и на грбот на идните поколенија и нашите деца, обвини Владимир Нелоски од член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Со вчерашното задолжување долгот што Заев им го остава на граѓаните е над 910 милиони евра нето. За само 31 месец, Заев ја задолжи државата со 910 милиони евра, а притоа не направи ништо. Нема проекти, нема инвестиции. Има само криминални тендери и партиски вработувања.
За цели 10 месеци од оваа година, Зоран Заев успеа да реализира само 40 отсто од предвидените капитални инвестиции, а да не правеше ребаланс, со кој се скрати од парите наменети за развојни проекти, тие ќе беа 36 отсто.
Ова е очајно. Не можат да го исполнат ниту она што самите на почетокот на годината си го поставиле во план за реализација. Но, затоа немаат проблем кога треба да се задолжат и да земат нови милиони евра кои ќе може да ги делат на криминални тендери.
Ситуацијата е алармантна, плановите за задолжување и економската политика на СДСМ се катастрофални. Расипништвото мора да запре. На недомаќинското работење мора да му се стави крај. По 12 април следува одговорно трошење на народните пари и домаќинско управување со долгот на државата, кој го враќаат граѓаните, а не некои си политичари“, истакна Нелоски.
Соопштенија
Глас за Македонија: Бугарската академија отворено го негира постоењето на македонскиот јазик

Партијата Глас за Македонија на Солза Грчева најостро реагира на, како што велат од таму, шовинистичките и, пред сè, ненаучни изјави на Бугарската академија на науките, која отворено го негира постоењето на македонскиот јазик.
„Ги потсетуваме дека македонскиот јазик е непобитен лингвистички, историски и културен факт, признат и рамноправен со другите јазици во светот. Тој е конститутивен елемент на македонскиот култура, но и национален идентитет, па со тоа е дел од идентитетот на секој македонски граѓанин. Ги потсетуваме и дека јазичното право е природното и основно човеково право да го зборува, да го проучува и да го заштити сопствениот јазик и јазикот на својата држава. Тој е запишан во ОН, на него се преведени безброј стари дела од светската литература и е предмет на проучување на сериозни научници и лингвисти од целиот свет“, се наведува во соопштението на политичката партија.
Глас за Македонија бара итен прекин на работата на мешовитата комисија составена од експерти од двете земји бидејќи, според нив, таа има цел да ги избрише македонската нација и македонскиот јазик.
„Овој штетен договор, секако, не може да биде основа за добрососедски односи. Напротив, само ги влошува“, сметаат од партијата на Грчева.
Македонија
СДСМ: Со долгот од 400.000 евра за кампањата ВМРО-ДПМНЕ го прекрши Изборниот законик

„ВМРО-ДПМНЕ има долг од речиси 400.000 евра за неплатени обврски за кампањата на Гордана Сиљановска за претседателските избори. Бидејќи сметката за изборната кампања, од која треба да се наплати овој долг е затворена, ВМРО-ДПМНЕ го прекршила членот 71 од Изборниот законик, каде што јасно е наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка“, соопшти СДСМ.
Според партијата, одговорност за ваквото прекршување на законите мора да има првенствено од овластениот потписник на сметката, односно генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако навистина е за почитување на законите, како што тврди, Христијан Мицкоски треба веднаш да го повика на одговорност Игор Јанушев, кој е потписник на сметката на ВМРО-ДПМНЕ. Во спротивно Мицкоски ќе покаже дека е ист како својот ментор Никола Груевски, кој сметките за изборни кампањи ги затвораше со долгови од над 3 милиони евра“, се додава во соопштението.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми