Соопштенија
Стоилковски: Власта си дели тендери во здравството
Фатени се живи како си делат тендери во здравството едни на други, па за да скандалот да биде поголем, власта во тоа гледа како на нормална и вообичаена работа. Воопшто не е вообичаено и нормално ќерката да е директорка на една од клиниките, а таткото да добива милионски тендери. Власта е во обид да ја прикрие спрегата помеѓу веледрогеријата „Д-р Пановски“ и ЈЗУ Клиниката за хематологија – Скопје. Во целост се обидува да ја прескокне и негира улогата на семејните врски и релацијата татко – добитник на тендерот и ќерка – директорка распишувач на тендерот, а сето тоа да биде изразено во милионски суми евра од буџетот на здравството слеани во семејната компанија, обвини Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Изземањето на директорката на Клиниката за хематологија од потпишување на договорите за набавка, колку за објаснување, е недоволно за да го елиминира фактичкиот судир на интереси во кој се наоѓа ќерката директор затоа што се работи за техника на спроведување јавна набавка. Тој очигледен судир на интереси, крвно сродство од прв ред, би требало да биде надминат со оневозможување јавната набавка од институцијата каде што директорува ќерката да ја добие фирмата на татко ѝ дотолку што свесно се запоставува фактот дека истата директорка ја составува нарачката на сите препарати и опремата што треба да се набават за Клиниката. Вака излегува дека тоа што таткото го нуди, ќерката го купува и таа може, со оглед на крвното сродство од прв ред, да нарача каква опрема ќе даде понудувачот, во случајот таткото“, рече тој.
Целата ситуација, додаде Стоилковски, е јасна и станува збор за судир на интереси во кои се остварува материјална добивка од страна на компанијата „Д-р Пановски“, семејната компанија на директорката на Клиниката за хематологија.
„Се остварува материјална добивка од државни пари во постапка на нерамноправни услови на понудување, нерамноправни услови во кои се доведени другите учесници во тендерската постапка. Тука станува збор за стекнување имотна корист под привилегирани услови. Поради тоа што овој договор е склучен со прекршување на правните норми, не би требало да произведува ниту регуларно правни последици и тој треба да се поништи“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст