Контакт

Соопштенија

Трипуновски: Зоран Заев бега од ТВ-дуел бидејќи многу ветуваше, а не исполни ништо

Објавено пред

Повеќе од очигледно е зошто Зоран Заев бега од соочување на ТВ-дуел. Бега од соочување на ТВ-дуел затоа што на земјоделците на коишто им ветуваше подобро и поквалитетно земјоделство денес живеат во беда и во агонија, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ветуваа зелена нафта, нема ништо од тоа. Ветуваа сигурен и поголем пласман на земјоделските производи додека изминатава година гледаме дека буквално секоја земјоделска култура од овој регион беше фрлена на буништа. Ветуваа интервентен откуп, ветуваа гарантен фонд, ветуваа обештетување од невремињата што го зафатија овој регион, меѓутоа од тоа нема ништо. Зоран Заев бега од соочување затоа што премногу ветуваше, а не исполни ништо. Луѓето се разочарани од тој однос“, додаде тој.

Според него, граѓаните негодуваат на, како што рече, штетниот договор што го потпиша Зоран Заев. „Се трошат народни пари за скапи кампањи за нешто што значи промена на името и идентитетот, затоа Зоран Заев бега од соочување на ТВ-дуел, затоа што вистината е на наша страна, а вистината многу ќе го боли. Граѓаните исто така порачуваат дека имаат своја јасна визија како ќе го изразат своето мислење на денот на референдумот. Меѓутоа, многу е битно дека Република Македонија треба да се ослободи од стегите што ги има Зоран Заев и СДСМ како власт во Република Македонија. Неговото заминување од власт ќе значи подобар живот за земјоделците и за сите други структури во Република Македонија, а тоа мора да се случи многу скоро затоа што можеби да биде и предоцна. Штетите ќе бидат преголеми и ќе треба многу подолго време да застанеме на нозе“, рече Трипуноски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски е симбол за непотизам

Објавено пред

„Вистинската адреса за прашања за непотизам е Христијан Мицкоски. Таму ВМРО-ДПМНЕ треба да побара одговори како нивниот шеф станал асистент токму кај сопствениот татко и како добил бизнис со хидроцентрали од владата во која бил советник за енергетика. Мицкоски е симбол за непотизам и судир на интереси“, соопшти СДСМ.

Од партијата велат дека СДСМ останува доследен на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизам, притисоци и политика.

„Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата најави дека ќе го испита целиот процес на вработувањата во јавниот сектор на лица блиски до одредени функционери и јавноста навремено ќе биде информирана, а доколку се утврдат какви било прекршувања на процесите при вработување, ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Во меѓувреме почна повлекувањето од работни позиции поради морални причини, без разлика што процесот на вработување бил транспарентен и законски. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ беше и сè уште е непозната категорија. Ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижена за јавната администрација, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите што им ги обезбедила за време на нејзиното 11-годишно владеење“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Опозицијата да престане да го злоупотребува Ласкарци во политички цели

Објавено пред

Очајното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на политички концепт, на идеја и програма, продолжува да злоупотребува сообраќајни несреќи и човечки трагедии во партиски цели.
Се потврди дека Мицкоски зборува преку Силјановска. Се потврди дека таа ги следи политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партиајта, и покрај тоа што лагите на антинародното ВМРО-ДПМНЕ се официјално демантирани, опозициската партија не престанува да се обидува да профитира на низок и крајно неморален начин.

„Наместо да се обидува да користи несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели, ВМРО-ДПМНЕ да ги остави надлежните институции да го расчистат случајот до крај. Веќе е почната истрага од Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно да се расветли несреќата кај Ласкарци“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Наградата за Заев и Ципрас е уште едно признание за пријателските политики

Објавено пред

Наградата „Евалд Фон Клајст“ за премиерите Заев и Ципрас е уште едно признание за успешноста на политиките кои создаваат пријателство и отвораат перспективи, вели СДСМ преку соопштение.

Желбата за подобра иднина, смета СДСМ, ги надмина стереотипите и низ дијалог се дојде до решение во интерес на граѓаните од двете земји, Република Северна Македонија и Република Грција, а тоа е препознаено и гласно поздравен од целиот демократски свет.

„Европа и Балканот стануваат едно – Балканот како ново место на надеж, како место за дијалог и заедништво, како место за стабилност и соработка.

Отворени се перспективите за засилен развој и напредок на Република Северна Македонија, интегрирана во најмоќните сојузи, НАТО и ЕУ. Тоа за граѓаните значи сигурна иднина, стабилност, безбедност, силна економија, поголеми плати, подобар животен стандард за сите“, се додава во соопштението на владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Седум деца на сириски бегалци изгореа во пожар во Канада

Седум деца од исто семејство загинаа во пожар кој зафати куќа во источниот град Халифакс во Канада, соопшти полицијата. Words...

Европа4 часа

(Видео) Полицијата во Марсеј застрела маж што избол четири лица на улица

Француската полиција застрела маж во центарот на Марсеј кога тој пробол четири лица на прометна улица во градот. Нападот, според...

Македонија4 часа

Ѝ се слоши на обвинетата Стефановска – судењето за „Титаник 2“ одложено

Од 11 до 18.30 часот, со две паузи, траеше денешното рочиште за предметот на СЈО, „Титаник 2“. Денеска требаше да...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија5 часа

Апелација в четврток ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Апелациониот суд в четврток на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата...

Македонија5 часа

(Видео) Заев: Имаме четири до шест кандидати, ама не сакаме да се истрчуваме

Премирот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, рече дека сѐ уште е рано по средбите со Африм Гаши од Беса...

Крвав четврток7 часа

Игор Југ: За да си ги спасат своите задници и банкарски сметки, наместија невини луѓе да спијат во затвор

Политичките елити што беа директни и индиректни творци на 27 април се осмелија да одредуваат за вината на обвинетите во...

Македонија7 часа

Ставот на Адеми појак од оној на Заев: Ќе се преиспитуваат само одбиените проекти од скандалозниот конкурс за култура

По обелоденувањето на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, каде што бројни проекти кои со години наназад ја обележувале македонската...

Македонија7 часа

Мијалков: Секој ден сме на судење

Несогласување и високи тонови помеѓу обвинетите и обвинителите на СЈО за тоа дали денеска да продолжи судењето на случајот „Титаник...

Македонија9 часа

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеца бил вработен во Централен регистар на...

Македонија10 часа

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија10 часа

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија11 час

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија11 час

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток12 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток12 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ12 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет13 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија13 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет14 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет14 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Досие