Контакт

Соопштенија

ФДМ:Законот за амнестија го загрозува владеењето на правото и правната држава

Објавено пред

Форумот за демократска Македонија (ФДМ) го оценува Законот за амнестија, донесен од страна на Собранието, не како акт на национално помирување туку амнестија во замена за поддршка за уставните промени.

ФДМ се согласува дека е неопходно надминување на длабоките партиски и политички поделби во македонското општество, но цени дека Законот за амнестија не е соодветно решение во таа насока од неколку причини.

,,Законот се донесе по скратена законодавна постапка, и тоа за време на веќе отпочната и за многу обвинети лица речиси завршена судска постапка, со формирани, но сè уште недокажани обвинителни акти. Уредувањето на поединечните постапки за амнестија преку поднесување барање од самите обвинети, мислење на јавниот обвинител и решение на судот ги става и обвинетите, и обвинителот и судот во тешка и правно нелогична позиција.

Ослободувањето од одговорност на само една категорија учесници во настаните од 27 април воведува правна нееднаквост (на пример, според Законот, лицата кои неовластено носеле оружје или распрскувачки материјали се подложни на кривична одговорност, додека, пак, лицата кои им помагале на организаторите на потешко кривично дело се амнестирани), што ги потенцира негативните последици од политичка интервенција во материја од надлежност на стручни казнено-правни органи.Селективната амнестија не води кон помирување, ами кон понатамошни поделби во државата”, се наведува во соопштението.

ФДМ смета дека помирување е возможно преку целосно утврдување на фактичката состојба, улогите и вмешаноста на разни чинители во настаните од 27 април, признавањето на вина и широк, отворен, јавен дијалог. Решенија како Законот за амнестија го загрозуваат владеењето на правото и правната држава, особено преку искористување на правен институт за да се влијае врз работата на судството за политички цели.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

Возиме со срце – бидејќи СЕМЕЈСТВОТО е МОТОРОТ кој нѐ движи

Објавено пред

СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ го одбележаа Меѓународниот ден на семејството со мото дефиле што испрати хумана порака за поддршка на децата и младите без родителска грижа.

По повод 15 мај – Меѓународниот ден на семејството, СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ организираа мото дефиле низ Скопје, испраќајќи порака за важноста на семејството во развојот на секое дете.

Дефилето започна од Градскиот парк, со учество на повеќе од 100 моторџии и поддржувачи, кои направија кружна рута низ централното градско подрачје на Скопје, движејќи се по булеварите „Илинден“, „Св. Климент Охридски“ и „8 Септември“.

Со ова дефиле, учесниците ја потсетија јавноста дека семејството не е само место каде што растеме, туку чувство на сигурност, грижа и припадност.

За децата и младите кои растат без родителска грижа, поддршката од заедницата значи многу повеќе од симболичен гест. Таа е порака дека не се сами, дека некој ги гледа, ги слуша и верува во нивната иднина.

„Семејството е првата сигурност на едно дете. Кога таа сигурност недостасува, наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која децата и младите ќе почувствуваат дека припаѓаат, дека се важни и дека имаат поддршка да растат и да се развиваат. Во изминатите 25 години, СОС Детско село помогна да се променат 6090 животи на деца, млади и семејства кои добија нова шанса за посигурна иднина,“ велат од СОС Детско село.

Мото клуб „Вепар“ со своето учество покажа дека поддршката може да дојде во различни форми- преку присуство, солидарност и заедничка испратена порака.

„За нас ова дефиле не е само возење, туку начин да покажеме дека како заедница можеме да застанеме зад децата и младите на кои им е потребна поддршка. Секое дете заслужува да почувствува дека некој е тука за него,“ порачаа од Мото клуб „Вепар“.

Мото дефилето е дел од активностите во јубилејната година на СОС Детско село, кое одбележува 25 години посветена работа и грижа за децата и младите без родителска грижа како и семејствата во социјален ризик.

СОС Детско село продолжува да ја подигнува јавната свест за важноста на семејството, грижата и поддршката од заедницата, бидејќи „Ниту едно дете не треба да расте само“.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ЕДС инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 08 мај 2026 изнесува 140,46 евра за мегават час, на МЕМО 124,11 евра за мегават час

Објавено пред

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 8 мај 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 140,46 евра/mwh, додека на MEMO цената е 124,11 евра/mwh.

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 92,72 евра за мегават час, а на MEMO 87,85 евра.

Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува разликата помеѓу часовните берзански цени помеѓу 12 и 14 часот наспроти часовните берзански цени во периодот помеѓу 18 и 20 часот, изнесува 87,66 евра за мегават час.

Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 44,48 евра, додека цената според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 43,84 евра. Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас, кои ги подготвува аналитичкиот тим на ЕДС, може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката на електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ИСОС повторно ја обедини професијата од регионот: Сметководството преминува од бројки кон влијание

Објавено пред

Над 1000 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот, претставници на релевантни домашни институции и меѓународни организации, од академската заедница и деловниот сектор од земјава, како и студенти и средношколци, учествуваат на Третата регионална конференција, во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС). Програмата на годинешната конференција, која се одржува под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“, вклучува повеќе панел-дискусии и тематски сесии, а фокусот е ставен на трансформацијата на професијата во услови на засилена дигитализација, новите регулаторни барања и зголемена потреба од доверба и транспарентност. Посебен акцент ќе биде ставен на улогата на младите како двигатели на идните промени во професијата.

Конференцијата беше отворена од претседателката на ИСОС, Весна Прентоска и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, што претставува своевидна потврда за стратешката важност на сметководствената професија за целокупниот економски, социјален и општествен развој на земјата.

„Сметководството денес не е само професија што регистрира бројки. Тоа е професија што создава доверба, поддржува донесување здрави одлуки и директно влијае врз економските текови. Со оваа конференција ја продолжуваме дискусијата за иднината на професијата, која им припаѓа на младите и мора да биде дигитална, етичка, да се темели на стандарди и да биде ориентирана кон создавање дополнителна вредност. Нашата цел е да изградиме генерација на професионалци кои ќе имаат капацитет не само да одговорат на предизвиците, туку и да ја водат трансформацијата“, истакна претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се осврна на значењето на дигитализацијата за натамошната модернизација на професијата. „Дигитализацијата има вистинска вредност само тогаш кога граѓаните и компаниите ќе ја почувствуваат во секојдневието. Кога една услуга ќе се заврши побрзо. Кога нема да се бара документ што веќе постои во друга институција. Кога сметководителот ќе има повеќе време за анализа и советување, а помалку време за административни формалности. Кога компанијата ќе може да се фокусира на раст, наместо на бирократски лавиринти“, изјави министерот Андоновски. „Како професија што создава доверба, обезбедува финансиска дисциплина, помага во носење исправни деловни одлуки и има директно влијание врз стабилноста и развојот на економијата, дигиталната трансформација на сметководството преставува суштинска тема за иднината на компаниите, за ефикасноста на институциите и за конкурентноста на целата економија“, дециден е министерот.

Во рамки на Конференцијата беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу ИСОС и Стопанската комора на Северна Македонија, со кој се воспоставува рамка за долгорочна и систематска соработка меѓу двете организации. Документот што го потпишаа претседателите на двете организации – Весна Прентоска и Бранко Азески – ги содржи општите начела и начини на оваа соработка, која треба да придонесе за натамошно унапредување на квалитетот и транспарентноста на финансиското известување и поддршка на компаниите во примената на домашната и меѓународната регулатива во оваа област, како и за зајакнување на врските помеѓу сметководствената професија и бизнис-заедницата, со крајна цел подобрување на деловната клима и зголемување на довербата на инвеститорите.

Инаку, програмата на Конференцијата опфаќа повеќе панел-дискусии и тематски сесии посветени на усогласувањето на финансиското известување со меѓународните стандарди, улогата на дигитализацијата и вештачката интелигенција, како и трансформацијата на професијата, од оперативна кон стратешка функција.

Посебен панел е посветен на регионалната соработка и заедничките предизвици со кои се соочува професијата во регионот, при што претставници на професионални организации од повеќе земји

дискутираа за идните насоки на развој и потребата од заеднички пристап кон клучните прашања кои ја засегаат сметководствената професија и отвораат нови перспективи за соработка.

Конференцијата вклучува и „еден-на-еден“ сесии со претставници на Меѓународната федерација на сметководители (IFAC) и CFE Tax Advisors Europe, со фокус на глобалните трендови и европските регулативи во областа, како и Саем за дигитализација, каде се презентирани современи софтверски решенија и алатки кои ја менуваат секојдневната практика на сметководителите.

Особено внимание на Конференцијата е посветено на младите, преку одржување на подкаст сесија „Повеќе од само бројки“, која ја отвори дискусијата за новите вештини, очекувања и можности за новата генерација сметководители, како и нивната улога во трансформацијата на професијата.

Со одржувањето на третото издание на оваа Конференција, ИСОС уште еднаш ја потврди својата позиција како водечка професионална организација и клучен двигател на развојот, модернизацијата и меѓународната афирмација на сметководствената професија, со јасен фокус на иднината, дигиталната трансформација и градењето доверба во финансиското известување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Комисијата за прашања на изборите и именувањата одржа јавна расправа за кандидатите за член на Судскиот совет

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска одржа седница со единствена точка на дневниот ред – Јавна расправа за...

Македонија15 минути

Љутков: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание и поставена нова музејска поставка

„Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, рече министерот за култура и туризам Зоран...

Македонија26 минути

ДУИ: Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит е обид за саботирање на Законот за употреба на јазиците

Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит, кое наводно ќе било во согласност...

Македонија40 минути

(Видео) Филипче: Мицкоски да одговори зошто не ги става Бугарите и другите малцинства во Уставот и да ги почне преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање порача дека наместо креирање поделби и отворање вештачки теми, Мицкоски...

Црна хроника56 минути

Тешко повреден мотоциклист по судир со возило во Скопско

Вчера околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Каков блам, следно е Филипче да држи прес за колекционерство на салфетки и за нумизматика

Тешка срамота е во што се претвори некогаш важната СДС. Од партија што барем глумеше сериозност, денес остана политичка група...

Македонија1 час

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот...

Црна хроника1 час

17-годишнo девојче нападнато од нејзин соученик во Карпош: подолг период психички ја малтретирал

Синоќа во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето...

Црна хроника1 час

Татко се обидел да ја спаси малолетната ќерка која ја држеле за врат: бил нападнат со кундак од пиштол

Утрово во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на 18.05.2026 околу 21:30 часот пред неговиот...