Контакт

Соопштенија

Филипче: Имаме одговорност на младите генерации да им оставиме европска држава со првокласно здравство

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска беше во посета на општините Струга и Вевчани.

За време на посетата Филипче ги посети своите колеги во здравствениот дом и општата болница во Струга, во здравствениот дом во Вевчани, како и во заводот за нефрологија во Струга, каде денеска им го честита јубилејот – 40 години од првата дијализа.

„Во Струга и Вевчани имаме добро организирани здравствени установи, млад и амбициозен кадар и инфраструктура. Со европските фондови, ќе ни се отворат можности за подобрена инфраструктура, градење нови болници, соработка со врвни медицински центри, размена на експертски знаења, односно ќе го донесеме европското здравство во Македонија“, рече Филипче.

Ние како генерација ја имаме честа да им оставиме на младите генерации европска држава. Имаме одговорност пред нив, да им обезбедиме подобар живот, иднина. Договорот е најдобриот влог во нашата иднина, додаде тој.

„Најмоќните сојузи ги отвораат ширум вратите за нас. Време е заеднички да им подадеме рака и на 30 септември да си ја обезбедиме картата за влез во НАТО и ЕУ. Бенефитот од овој процес е европско здравство за сите граѓани. Со сето ова ќе ги задржиме и младите лекари во земјава, ќе обезбедиме подобри услови за работа и подобра експертиза во земјава“, порача министерот за здравство на средбите со граѓаните во Струга.

Во Вевчани Филипче ги повика сите граѓани да се приклучат на референдумот и заеднички да ја внесат Македонија во големото европско семејство и НАТО-сојузот.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е единствен човек кој што се коцка не со свои пари, туку со сопствената држава и народ

Објавено пред

Од

Признанието на Заев дека при потпишувањето на капитулантскиот договор за промена на името, го ставил и народот “ол ин” е потврда дека договорот со Грција е договор за спас на кариерата на Заев, а не за доброто на државата и народот, бидејќи тие за него се само влог, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Конечно по долго прикривање од граѓаните, Заев призна и дека свесно ги лаже и манипулира. Тој ги манипулираше граѓаните кога велеше дека нема да се менува Уставот, а сега гледаме дека ќе се менува, па незнаејќи како да ги објасни штетите ги крие амандманите од јавноста.

Заев ги манипулираше граѓаните и кога кажа дека името ќе биде само за надворешна употреба, за само по две недели откако ја даде таа изјава да застане зад име за севкупна употреба.

Заев ветуваше многу , а не реализира ништо. Се што вети се покажа дека е манипулација.

Зоран Заев по се што и направи на државата, надворешниот срам, проследен со рушење на сите меѓународни позиции градени со децении и понижувањето со договорите кои ги склучи, но и со економскиот дебакл кој и го приреди на државата , покажа дека нема капацитет да ја води државата.

Манипулаторот Зоран Заев мора да си замине пред штетите за државата да бидат преголеми“ порачуваат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Наместо да шират лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го кажат ставот за референдумот

Објавено пред

Од

Наместо да шират лажни вести за договорот, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да кажат дали ќе учествуваат на референдумот в недела. Залудни се бесмислените обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за наводни историски фалсификати. Уставните промени ќе се реализираат по референдумот во духот на македонско-грчкиот договор и го гарантираат македонскиот идентитет, се вели во реакцијата на СДСМ.

,,Децидно се повикуваме на конститутивните документи на АСНОМ, преку што се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјаснат, дали сакаат да влезат во ЕУ и НАТО како Македонци или ќе останат сами и изолирани во одбрана на криминалот? ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да измислуваат и поголеми лаги, но, за среќа, тие не се оние кои одлучуваат. Одлучуваат граѓаните чие мнозинство е јасно определено за иднина во ЕУ и НАТО. Одлучуваат граѓаните кои ќе излезат и ќе гласаат на 30 септември. Одлуката ја носи огромното мнозинство кое ќе каже за европска Македонија”, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Владата спроведува изедначување на македонското малцинство во соседството со македонската дијаспора во светот!

Објавено пред

Од

Политичарите што ги бидува да лажат и да манипулираат имаат име и презиме. Тоа е Зоран Заев и картелот околу него. Политичарите што се коцкаат со идентитетот на македонскиот народ и граѓаните да ги ставаат како влог „олл ин“ имаат име и презиме. Тоа се Зоран Заев и картелот околу него, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Зоран Заев и таквите како него не разбираат и не може да разберат дека не се сите исти. Има политичари што не лажат, кои имаат достоинство и на кои државните и националните интереси им се приоритет.

Остануваат уште четири дена до референдумското изјаснување на кое Зоран Заев бара поддршка од граѓаните да се самоукинат како народ. Уште четири дена, а Заев ги крие амандманите на македонскиот Устав скроени по грчка мерка, кои јавноста ги дознава преку медиумите. Зоран Заев и потписниците на капитулантскиот договор, со прифатените планирани измени на преамбулата на Уставот доставени од Грција, го бришат историскиот контекст на македонската борба за независна и самостојна држава. Се брише АСНОМ, а се брише и сувереноста. Со измените во преамбулата се создава нова бинационална држава.

Според информациите на медиумите за доставените измени, преамбулата би гласела:

„Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, албанскиот народ, како и граѓаните што живеат во нејзините граници, кои се дел – турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“.

Вчерашниот обид за манипулација од власта за планираните измени во Уставот покажува дека се свесни оти се фатени во лагата дека наводно не ги знаат амандманите и измените, па тргнаа со нова лага во обид за привид за штетните измени.

Заев договорил, а Димитров спроведува изедначување на македонското малцинство во соседството со македонската дијаспора во светот! Тоа не смее да се случи! Тоа се две категории. Дијаспората е економска категорија, луѓе што по разни економски причини заминале во светот. Малцинството е политичка категорија што се поврзува со заедничкото етничко потекло.

Македонското малцинство во Грција, кое се бори за признавање, но и за исправање на историската неправда проследена со прогони, етничко чистење и насилна асимилација, сега според најавените амандмански измени на Уставот, макар и да не мине референдумот, како што најавува власта, нема да бидат Македонци со заедничко етничко потекло со Македонците од планираната нова нација и нова држава.

И тоа било зачувување и зајакнување на идентитет и историјата според Заев, Димитров и кланот на власта. Изедначувањето на македонското малцинство во соседството со дијаспората, заедно со бришењето на топонимите, значи целосно бришење на македонското постоење во северниот дел на Грција од историјата.

Ние ќе бидеме северните Македонци, тие што живеат во Егејска Македонија ќе бидат грчки Македонци бидејќи според чл. 7 од договорот им е дозволено да бидат поврзувани со хеленската цивилизација, култура, традиција, историја. Ќе се создаде вистински етнички хаос меѓу нас што живееме во Република Македонија или како што планираат по ново, Република Северна Македонија и сите други. А тоа е и целта, да нè изолираат и со текот на времето да исчезнеме како мала нерелевантна група, а сите Македонци во дијаспората да ги одродат од нас. Напросто, со менувањето на нашиот идентитет сакаат да направат нов народ на Балканот, без корени и без врски“, порача Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Брутално убиство на 33-годишен геј активист ја бранува Атина

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан. Зак Костопулос, 33-годишен активист на грчкиот ЛГБТИ, почина по брутален напад...

Свет13 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион15 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија16 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија17 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток18 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток18 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ19 часа

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток20 часа

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story22 часа

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток22 часа

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион22 часа

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија23 часа

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредните денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори што произведуваат, подготвуваат...

Свет23 часа

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет24 часа

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ24 часа

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет1 ден

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт1 ден

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија2 дена

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија2 дена

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Досие