Контакт

Соопштенија

Форумот за демократска Македонија бара да им се стави крај на партиските и роднинските вработувања

Објавено пред

Форумот за демократска Македонија (#ФДМ) смета дека загрижува растечката тенденција на незаконски дејства на владејачката коалиција во Македонија. Главни белези на управување со државата стануваат сомнежите за корупција, непотизам, партиски вработувања, сомнителни тендери и набавки на луксузни возила (како, на пример, во локалната самоуправа во Струга и деновиве во МЕПСО). Понатаму, се именувваат лица на одговорни места во управни и надзорни одбори во важни државни институции, без да имаат соодветно образование и професионална експертиза.

ФДМ остро реагира на мноштвото примери за непотизам, кои наидуваат на жестока критика во јавноста, но поминуваат без соодветни владини реакции, како оставки или разрешувања од одговорните работни места. Станува збор за десетици роднински вработувања во компаниите ЕЛЕМ и МЕПСО, како и 87 нови вработувања во РЕК „Битола“.

„Особено разочаруваат политичките компромиси во судскиот систем и владеењето на правото во државата. На пример, според новиот Закон за јавното обвинителство, во случаите на СJO отворени по 20.6.2017, прислушуваните разговори не ќе може да служат како докази во многу важни истраги за корупција – онаа за пропаднатиот попис со име „Попис“, во истрагата „Пациент“, ниту во истрагите „Подарок“, „Базни станици“, „Хармонија“ и „Моќник“. Загрижува фактот дека овие истраги се водат против лица што биле и сè уште се на високи политички функции и донесуваат важни одлуки за животот и иднината на сите граѓани во Македонија.

Наведените примери, како и нетранспарентното и пристрасно управување со државни ресурси и материјалните средства, како, на пример, бескрупулозното уништување на охридското крајбрежје и скорешната распределба на буџетот во Министерството за култура, тендерите во здравството и грантовите на Фондот за иновации, доведуваат до топење на довербата во сегашната владејачка коалицијa“, се вели во соопштението.

ФДМ смета дека изговорите и оправдувањата на сегашната владејачка гарнитура за неспроведувањето на ветените реформи, за неправилностите во работењето и отсуството на отчетност, не се разликуваат многу од недемократското и корумпирано владеење на претходната власт, а сегашна опозиција. ФДМ понатаму смета дека на Владата ѝ треба подобра визија и план за справување со заробената држава и создавање систем со мала функционална влада и администрација, систем во кој ќе владее правото и медиумите ќе бидат слободни.

За да се остварат овие цели, потребно е итно да прекинат сите негативни тенденции како партиски и роднински вработувања, а сите постојни вработувања да се преиспитаат од Антикорупциската комисија. Министерството за финансии да го преиспита и спречи расипничкото трошење на парите на даночните обврзници, особено од страна на партиските функционери. Да престанат сите политички компромиси, кои се во име на опстанок на владејачката коалиција, а ја загрозуваат правната држава. Владата сериозно да се посвети на борба против корупцијата, а меѓу другото, и со онаа во сопствените редови, нешто што беше нејзина примарна заложба пред доаѓањето на власт, се навдува во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски исто како Груевски сака да ја вовлече државата во изолација

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, е иста како ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, констатираат од СДСМ.

Според владејачката партија, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што навиваат за неуспех и единствените што работат против интеграцијата во обид да ја вратат државата назад во, како што се вели, темното минато на изолација.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на спротивната страна од напредокот од развојот и интеграцијата, на спротивната страна од граѓаните и нивните интереси. Затоа, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени и на претседателските и на предвремените локални избори и затоа одново ќе бидат поразени“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ наведуваат дека граѓаните се определени за напредок, за иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го спречат остварувањето на стратешките цели.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше земјоделците, денес им се враќа достоинството

Објавено пред

ВМРО- ДПМНЕ продолжува да манипулира со јавноста преку секојдневни лаги и измислици во кои никој не верува.
Крајно лицемерно е истите тие ВМРО-ДПМНЕ кои со години ги игнорираа потребите на земјоделците денес да глумат лажна загриженост и преку бесмислени изјави да зборуваат за земјоделството, соопшти СДСМ.

„За разлика од времето на ВМРО ДПМНЕ, денес се води вистинска грижа за земјоделците. Уште една лага во низа на ВМРО- ДПМНЕ е дека нема откуп на праските, нема извоз или дека скапуваат на дрвјата. Вистината  е дека денеска во Росоман беше остварена средба помеѓу претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија и претставници од компаниите извозници на праски и производители на праски, на која е разговарано за состојбата со откупот, цената и извозот на праски.

Како што јавно соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, констатирано е дека извозот се одвива непречно и праските се извезуваат во Русија, Иран, Белорусија, Косово, но презентирани се и предлози за подобрување на соработката помеѓу производителите и откупувачите на праски.

Во меѓувреме инспектори од ДИЗ се постојано на терен за да се следи откупот и да не се манипулира со откупната цена и со белешките што им се издаваат на овоштарите  при откупот.

Како што е јавно соопштено, веќе следната недела ќе има средба и со компаниите од индустријата за да се договори откупот на праски за преработка со цел да има откуп на целокупната произведена количина на праски. И како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги потценува земоделците, да го погазува нивниот труд.

Владата предводена од  СДСМ и надлежното министерство преку проектите и реформите кои ги спроведуваат покажуваат вистинска грижа за земјоделците, повеќе пари остануваат кај секој земјоделец, а конечно се  врати достоинството кај земјоделеците“ се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција

Објавено пред

Само ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција и затоа шири лажни, велат од СДСМ.

„Пописот е неопходна статистичка операција за да може да се реализира плански развој на целото општество и тоа им е јасно на сите освен на ВМРО-ДПМНЕ, која нема никаков кредибилитет да зборува за попис. Цели 11 години додека беше власт ВМРО-ДПМНЕ не успеа да организира попис, а дури и оној што го започна, поради политички калкулации го прекина а потроши над 3 милиони евра народни пари. Денес како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ лаже дека не била консултирана и дека не и бил оставен простор за забелешки во однос на законите“, велат од СДСМ.

За разлика од пропаднатиот попис во 2011, додаваат од таму, сега целокупната подготовка за организирање на пописот е професионална и транспарента, по сите меѓународни стандарди и во неа цело време е вклучен Евростат.

„Пописот беше најавен уште минатата година, а 2020 година е годината кога би требало да се реализира согласно меѓународните препораки. За надминување на било какви пречки и негово успешно реализирање до крајот на месецов се спроведува и пробен попис во 13 општини. Очајните закани, лажни вести на Христијан Мицкоски за наводни редефинирања преку пописот, покажуваат дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува. Опозициската партија останува носител на деструкцијата, носител на лажните вести и манипулациите“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по започнувањето на изградбата на населбата Јака, во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија48 минути

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија2 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски2 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион3 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести17 часа

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија17 часа

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт17 часа

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести21 час

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт22 часа

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет23 часа

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ1 ден

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет1 ден

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет1 ден

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет1 ден

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет1 ден

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија2 дена

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Македонија2 дена

(Видео) Заев до Хан: Добивањето датум ќе биде потврда дека се што направивме вредело

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На...

Македонија2 дена

(Видео) Раководството на МВР врши мобинг врз Независниот синдикат на полицијата

Портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, Дејан Саздов, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите...

Досие