Контакт

Соопштенија

Францускиот амбасадор Тимоние на Морачанин ѝ го честита изборот за претседателка на ДОМ

Објавено пред

Маја Морачанин, претседателката на партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ), денеска во централната канцеларија на пратијата оствари средба со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.

Како што информираат од партијата, амбасадорот на Морачанин ѝ упатил честитки за изборот за претседателка на ДОМ со желба за многу успех во извршувањето на оваа функција.

Соговорниците констатирале дека во очекување на почеток на преговорите за членство во Европската Унија особено значајни ќе бидат реформите во областа на владеење на правото, борбата против корупцијата и почитувањето на човековите права.

Претседателката Морачанин го информирала амбасадорот за активностите на ДОМ како зелена партија во сферата на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Амбасадорот Тимоние покажал интерес за текот на собраниската процедура на носење на законот за спречување и заштита од дискриминација, како и на законот за минерални суровини.

Имајќи предвид дека Морачанин е координаторка на интерпартиската парламентарна група за ЛГБТИ-правата, амбасадорот предложил средба на групата со асоцијацијата на граѓански организации од оваа област од Франција, која во декември ќе престојува во Скопје.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со криминал и корупција какви што демонстрира власта на СДСМ

Објавено пред

Црниот СДСМ целосно изгубил допир со реалноста. Партијата што ја зацрни државата шири манипулации и невистини, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на изјавата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, кој рече дека Мицкоски како главен кадровик на Груевски признава дека е анти-НАТО и анти-ЕУ.

Од опозициската партија додаваат дека со СДСМ на власт економијата е зацрнета, здравството девастирано, образованието деградирано, а владеењето на правото само мртво слово на хартија.

„Во ЕУ не се оди со криминал и корупција. Во ЕУ се оди со работа, реформи и постојан раст на сите полиња со цел подобрување на живејачката на граѓаните. Живејачката во Република Македонија е влошена, трошоците за живеење зголемени, платите ниски, а економијата на дното“, се наведува во партиското соопштение.

Токму затоа, како што се додава, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани да излезат на протестните маршови низ државата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Мицкоски како главен кадровик на Груевски признава дека е анти НАТО и анти ЕУ

Објавено пред

Пред насилниот упад во Собранието на Република Македонија, Никола Груевски за претседател на Кадровската комисија во ВМРО-ДПМНЕ го назначува Христијан Мицкоски – неговата десна рака. Додека насилно се спречуваше јасно изразената волја на граѓаните и се реализирал монструозен план, Мицкоски бил прв човек на Кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ, порача портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„По сведочењата во судскиот процес, во јавноста се појавија засилени сомнежи дека упадот во Собранието бил координиран од центар сместен во овој луксузен дворец зад мене, во време кога токму Мицкоски бил претседател на Ккадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски треба да одговори за неговата улога како прв човек на Кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ дали учествувал и во изборот на партиски кадри кои го координирале нападот врз Собранието на 27 април.

Мицкоски му должи се на својот ментор Никола Груевски, кој потоа го назначува за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и од кого го добива земјиштето за бизнисот со хидроцентралите. Затоа Мицкоски се обидува преку деструкции и блокади да ја запре иднината и да го одбрани криминалот на неговиот ментор Груевски.

Во јавните настапи, меѓу кои и оној од вчера пред Владата, Мицкоски ги повикува граѓаните да кажеле НЕ, дека немало иднина за Македонија.
Самиот признава, за Мицкоски ЕУ и НАТО не се иднина. Мицкоски е анти НАТО и анти ЕУ!

Токму затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се во истата антизападна матрица заедно со некогашниот сопартиец Филип Петровски, со некогашниот коалициски партнер Јанко Бачев и гласноговорникот на режимот, Миленко Неделковски“ рече Костадинов.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ го повика Заев да излезе на ТВ-дуел со Мицкоски

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, го повика премиерот Зоран Заев да излезе на ТВ-дуел со Христијан Мицкоски.

„Господине Зоран Заев, ајде, ајде, излези и прифати ТВ-дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ајде осмели се, прифати и излези каде сакаш, кога сакаш, на кој медиум сакаш, со кој новинар сакаш. Не биди кукавица, не биди плашлив, ветуваше дебата за сè во општеството, ветуваше дебата дека ќе има небаре секој ден. Е па, еве Зоране Заев, прифати ја понудата за ТВ-дуел уште веднаш. Немој да се криеш позади паушални изјави, повели уште веднаш прифати, кажи каде ќе се одржи ТВ-дуелот и кога. Граѓаните заслужуваат да го видат твоето лицемерие кон нив“, рече Арсовски.

Тој додаде дека граѓаните немаат доверба во институциите, криминалот царува, корупцијата е навлезена во сите пори на општеството, а судството е заробено од страна на Зоран Заев и СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Штрајкот прекинат, затворениците ќе преговараат со Владата за амнестија

Затворениците што издржуваат казна во затворот „Идризово“ од утрово го прекинаа штрајкот со глад. Директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски, вели...

Македонија2 часа

(Видео) Дебата: Секоја амнестија и насока за менување на обвинението е упад во правосудството

Секоја амнестија или аболиција претставува упад, односно мешање во судската власт бидејќи законите се обврзувачки за Обвинителството и за судствто,...

Македонија3 часа

(Видео) Анкета: Што ви значи датумот 27 април?

„27 април е обичен ден, мислам дека не е празник“, „ме асоцира на крв и насилство“, „фингирана партиска работа“, се...

Македонија4 часа

Тасева ќе оцени дали Ласкова влијаела за грантот на нејзината снаа

До 20 декември „Транспаренси интернешнал – Македонија“ треба да ја заврши проценката на ризик за четирите компании добитници на грантови...

Македонија5 часа

(Видео) Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа на Клиничкиот центар

Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа во Клиничкиот центар од 10 до 10:30 часот и не им дозволуваа да наплаќаат...

Европа5 часа

Захарова: Ќе се одмаздиме ако Киев не обезбеди сигурност за руските дипломати

Москва ќе преземе мерки и ќе се одмаздиме доколку Киев не обезбеди целосна сигурност и безбедност на руските дипломати во...

Екологија6 часа

(Видео) „О2 иницијатива“: Зошто нема казни за бурето со оган пред Собрание?

„Никогаш нема од нас да биде држава за почит со ваков однос. Се пали на отворено пред Собрание на Република...

Македонија6 часа

Папата ќе ја посети Македонија во мај

Македонската Влада и Ватикан соопштија дека папата Франциск ќе допатува во Македонија на 7 мај следната година.  Претходно, минатиот месец...

Крвав четврток7 часа

Отец Пимен: Ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не му била намерата да влезе во Собранието

,,Еден ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не било намерата да се влезе во Собранието”, рече отец...

Македонија8 часа

Во УБК билe следени телeфоните и на сопругата и братот на Мијалков

На денешното рочиште за предметот за масовното прислушување, „Таргет – Тврдина” продолжи да сведочи ексвработениот инеженер во МВР, Ѓоко Лазаревски....

Европа8 часа

Нов дипломатски скандал поради руски шпион

По одлуката на словачките власти за протерување руски дипломат од земјата, Москва реагираше со реципрочна мерка, објави „Спутник“. Минатата недела...

Европа9 часа

Меј: Ќе продолжам со мојата мисија за реализација на брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, по синоќешното гласање изјави дека сега ќе продолжи со својата „обновена мисија” да ја извади Велика...

Свет9 часа

Уште еден Канаѓанец исчезна во Кина

Канада соопшти дека се обидува да стапи во контакт со нејзин државјанин во Кина, кој исто така бил испитуван од...

Европа9 часа

Издадена потерница по напаѓачот од Стразбур, според полицијата, станува збор за исклучително опасна личност

Француската полиција издаде потерница по 29-годишниот Шериф Чекат, кој е осомничен за нападот на божиќниот панаѓур во Стразбур. Тој во...

Свет10 часа

(Видео) Воз излета од шините во Турција – девет мртви и 46 повредени

Деветмина патници загинаа, а 46 се повредени кога брзиот воз на линијата Анкара – Конја се судрил во машина за...

Македонија22 часа

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет23 часа

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски24 часа

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија1 ден

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Досие