Контакт

Соопштенија

„Шпаркасе“ одбележа 15-години постоење на македонскиот пазар: „Градиме доверба и долгорочно партнерство“

Објавено пред

Банката „Шпаркасе“ организираше појадок со медиумите, одбележувајќи 15 години постоење на македонскиот пазар, пришто ги објави и податоците за работењето во тековната година.

dobivaj vesti na viber

МИСИЈА И ВИЗИЈА

Одбележувајќи 15 години постоење на македонскиот пазар, Шпаркасе Банка АД Скопје со својот тим експерти останува доследна на својата мисија и визија – да гради доверба и долгорочно партнерство, препознавајќи ги очекувањата и потребите на своите клиенти. Наш приоритет се одговорно банкарство и стабилност, а иновацијата и агилноста се нашата движечка сила. За нашата визија да бидеме најдобар избор за нашите клиенти, да ги поддржуваме економијата и општеството и да креираме подобра иднина за сите, зборуваат фактите и постигнатите резултати.

 

ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ

Денес Шпаркасе Банка АД Скопје има 36 филијали и 140.000 активни клиенти. Во услови на тешка економска криза проследена со многу висока инфлација во изминатата година Шпаркасе Банка АД Скопје го продолжи финансирањето на економијата и на
населението и оствари раст на кредитната активност, додека истовремено водеше политика на управување ризици. Во првата половина од оваа година можеме да се пофалиме со одлични резултати. Споредбено со првата половина на 2022 година, оваа година вкупната актива на Банката, за првите 6 месеци изнесува 86.852 милиони односно забележан е 13% раст. Остварен е
раст на кредитното портфолио од 10% , при што кај сегментот на корпоративни клиенти годишниот раст изнесува 12%, додека портфолиото на физички лица порасна за 8%. Особено сме горди што овој кредитен раст во неизвесно опкружување проследено со високи стапка на инфлација, е остварено со знајачно намалување на нефункционалните кредити за 23% споредено со Јуни 2022 година, односно стапката на нефункционални кредити од 3,6% минатата година е намалена на 2,5% оваа година. На страна на депозитното портфолио бележиме раст од 17%, при што растот кај корпоративните клиенти изнесува 21%, кај физичките лица 14%, додека во сегментот на финансиски институции бележиме раст од 20%. Сето ова придонесе банката во првите шест месеци да оствари позитивен финансиски резултат од 939 мил.мкд кој е повисок од минатата година.

Шпаркасе Банка АД Скопје како досега така и понатаму ќе продолжи да нуди квалитетни и атрактивни понуди на производи и услуги, креирани според потребите на своите клиенти, и да обезбедува најдобри услови и конкурентни каматни стапки за своите продукти на пазарот.

Во изминатата година Банката активно продолжи да ги поддржува своите корпоративни клиенти во нивните инвестиции и имаше зголемена активност во делот на проектните финансирања, главно во делот на зелената енергија, каде што по интеграцијата со Охридска Банка во 2021 година е апсолутен пазарен лидер со пазарно учество од 36%, обезбедувајќи го овој вид финансирање повеќе од 12 години. Во сегментот на физички лица постојано работевме на унапредување на нашата понуда при што бевме прва и единствена банка која воведе фиксни каматни стапки на 10 години на станбените и потрошувачките кредити. Сето тоа беше првенствено во насока да обезбедиме одредена стабилност и да ја намалиме неизвесноста која клиентите ја почуствуваа поради зголемувањето на референтните каматни стапки. Сето ова, проследено и со постојаното унапредување и поедноставување на нашите процеси, ни овозможи да забележиме пораст на кредитното портфолио кај станбените кредити од 11% и 10% кај потрошувачкикте кредити. Шпаркасе Банка АД Скопје го продолжи континуитетот на позитивни резултати и во активностите поврзани со финансиските пазари и понатаму ја зајакна својата пазарна позиција. Воедно, Банката прудентно управуваше со својата денарска и девизна ликвидност, имајќи ги предвид регулаторните барања и потребите на клиентите. Во делот на тргувањето со девизи, Банката го зголеми прометот за 8,77% и го подобри своето пазарно учество за 1,47%, кое сега изнесува 18%. Имајќи ги предвид услугите со хартии од вредност, во сегментот на тргување на меѓународните пазари на капитал, Банката ја има повторно лидерската позиција во Земјата остварувајќи пазарно учество од околу 50%. Шпаркасе Банка АД Скопје е и понатаму банка чувар на најголемиот фонд во земјата – КБ Прв пензиски фонд, со актива од повеќе од 900 милиони евра.

ИДНИ ПЕРСПЕКТИВИ

Од своето постоење Банката постојано работи на реализација на своите планови и идни перспективи: да биде сигурен избор за своите клиенти, атрактивно место за работа за своите вработени, да придонесува за одржливо општество, да биде водечки играч на пазарот и да биде дигитална иновативна банка, која има врвен однос со клиентите.

Фокус – Дигитализација

Една од перспективите на кои се посветивме во изминатиот период и продолжуваме да ја развиваме е дигитализација на начинот на работа и дигитализација на услугите за клиентите. Имајќи ги предвид потребите и очекувањата на клиентите, покрај оптимизација на процесите во 2022 година се имплементираше и проектот за воведување дигитален потпис, со што Банката стана една од првите банки на пазарот што го понуди ова корисничко искуство.

Главен приоритет: Одржливост

Уште од своето основање Шпаркасе Банка АД Скопје се позиционира како општествено одговорна компанија што се залага за одржливост како принцип на живеење и позитивен развој на нашиот регион. Во рамките на платформата за корпоративна општествена одговорност – „Sparkasse Life“, Банката и во 2022 година ги продолжи активностите за проширување и развој на областите што се опфатени со неа: културата и уметноста, здравството, спортот, финансиската едукација и заедницата во која припаѓаме. Со своите заложби и активности што ги остваруваме преку платформата „Sparkasse Life“, Шпаркасе Банка АД Скопје е во процес на трансформација во комплетно одржлива банка.

Една од нашите најважни идни перспективи е да бидеме одржлива банка што одговара на потребите на денешницата, без притоа да ја компромитира иднината и потребите на следните генерации.

Нашата стратегија за одржливост е изработена во согласност со групациските стандарди и најдобрите практики и е заснована на Агендата за одржлив развој за 2030 година, донесена од сите земји членки на Обединетите нации во 2015 година, која вклучува 17 цели за одржлив развој (SDGs), кои се итен повик за акција од сите земји – развиени и во развој – во глобално партнерство.

ВРАБОТЕНИ

Ние сме банка што постојано инвестира во своите вработени, во зголемување на нивните вештини и знаења, во насока на нивна лична професионална развојна кариера, како и во насока на континуирано градење доверба кај клиентите и нивно задоволство од услугите и од производите на Шпаркасе Банка. Воедно, вложуваме во унапредување на вештините на нашите вработени да креираат финансиско здравје, а преку разни активности го поддржуваме и развојот на нивниот спортски дух и ги поттикнуваме да создаваат здрави навики и да водат здрав живот.

Во рамките на нашиот нов мултифункционален тренинг-центар постојано вложуваме во нивна едукација и тренинг, спроведуваме менторски програми и работилници за обучување и за ориентирање на нововработени. Имаме 672 вработени, за кои се залагаме за еднакви можности за кариера, за што говори и застапеноста од 56% жени на менаџерски позиции и 73% вработени жени во Банката. Ја почитуваме различноста и го применуваме принципот на инклузија при вработувањето. Банката е горда на своите вработени, кои со својата посветеност и ангажман ги отсликуваат нејзините пет корпоративни вредности: извонредност, доверба, страст, партнерство и агилност.

КЛИЕНТИ

Шпаркасе Банка АД Скопје е лидер во зелено финансирање во земјава. Во услови на голема енергетска криза, Банката во соработка со Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) со поддршка на зелената економија во Северна Македонија обезбеди заем од 23 милиони евра (ШБС) за кредитирање локални микро, мали и средни претпријатија (ММСП). Со овој потег, 30% од кредитната линија е насочена за инвестиции што ќе им помогнат на малите бизниси да ја подобрат енергетската ефикасност, или да произведуваат и да се префрлат на обновлива енергија.

Нашите најголеми зелени проекти, за чие финансирање Банката одвои 86 милиони евра, се:
• Thor Impex за изградба на првата приватна ветерна електрана во Македонија Богословец,
• Heliocentrum (Javor Group) за изградба на фотонапонски електроцентрали за производство
на електрична енергија
• Vardar Bio Process за изградба на електрани за производство на електрична енергија
од биогас
• MHE Topolki за изградба на четири мали хидроцентрали

ПРОЕКТ СО МОН ЗА СУБВЕНЦИОНИРАН СТУДЕНТСКИ ОБРОК

Годинава Шпаркасе Банка започна проект со Министерството за образование и наука, за реализирање на правото на субвенциониран студентски оброк. Досега на првиот и на вториот повик на МОН, аплицираа повеќе од 21.000 студенти, а во академската 2023/2024 година се очекува наменската Visa кобрендирана картичка на Шпаркасе Банка и МОН за субвенциониран студентски оброк да ја добијат повеќе од 30.000 студенти. Visa кобреднираната картичка ќе можат да ја користат кај сите трговци што поседуваат ПОС-терминал, а се регистрирани под дејности како: ресторани за брза храна, ресторани, пекарници и маркети. Шпаркасе Банка, на сите студенти што аплицирале за користење субвенциониран студентски оброк, им овозможува користење бесплатен Vibe on пакет за млади, кој вклучува многубројни придобивки. Со овој пакет е овозможено бесплатно отворање и одржување платежна сметка, бесплатно добивање и користење платежна картичка, бесплатно S-Banka мобилно банкарство
преку кое може да се плаќа во движење, да се следи состојбата на сметката, да се подигнуваат средства од АТМ без провизија на сите АТМ-и на ниво во Групацијата, без разлика каде и да се наоѓа студентот.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Енергетската криза предизвика голема нестабилност во енергетскиот сектор и цените на енергенсите, што, пак, наметна преземање соодветни мерки, со цел заштеда на енергенсите и на нивната потрошувачка. И оваа состојба Банката ја управуваше на високо ниво, при што се постигнаа поставените цели за заштеда на електрична енергија и оптимално управување со ресурсите.

Во своите заложби за одржливост на животната средина, за првпат во банкарскиот сектор во земјава Шпаркасе Банка започна да издава Visa Eco картички од рециклирачки материјал, со посебни својства на разградливост. Од особено значење во 2022 година, се истакнува инвестицијата на фотоволтаични системи во централните згради на Шпаркасе Банка во Скопје и во Охрид, со цел сопствено производство на електрична енергија.

Kако општествено одговорна компанија и ориентирана кон користење зелена енергија, Банката во 2022 година воведе E-mobility и го реализираше проектот за набавка на две возила на електричен погон и постави два полначи за полнење на електричните возила со 100% зелена енергија, за потребите на своите клиенти. Банката инвестираше и во електрични тротинети како еколошко превозно средство за вработените, заради избегнување на градскиот метеж како и стимулирање на вработените за користење еколошки превоз, со цел редуцирање на емисијата на стакленички гасови во воздухот.

Исто така, преку воведување на дигитализацијата и отстранувањето на хартијата во деловното комуницирање, во 2023 година е остварено намалено користење на хартијата со заштеда за повеќе од 7% во вкупната потрошувачка на хартија, а со сопствено производство на електрична енергија е реализирана намалена емисија на CО2 за приближно 37.200 кг во 2023 година, заклучно со 15 септември.

ОПШТЕСТВО

Шпаркасе Банка АД Скопје и во 2023 година ја продолжи традицијата за поддршка на настани што го збогатуваат културното наследство и ја афирмираат уметноста. Во рамките на платформата „Sparkasse Life“ продолживме со корпоративната стратегија во насока на поддршка на настани и проекти значајни за македонската уметност и култура, со цел зајакнување на пeрцепцијата
за Банката како институција со урбан имиџ, која покажува грижа за заедницата и негува културни вредности.

Во периодот од 2020 до 2023 година Банката поддржа 110 проекти во форма на спонзорства и донации, меѓу кои: фестивалот Охридско лето, Таксират, Д Фестивал, Фестивал на европски филм – Cinedays, Струмички карневал, ликовна колонија „Вевчански видувања“, спортската манифестација „Прв до врв“. Шпаркасе Банка АД Скопје реализира и значајни донации на „СОС Детско село“, со кои годинава ја одбележуваме 11-годишнината од заедничката соработка. Шпаркасе Банка АД Скопје поддржува и организации и многубројни високо образовни институции, кои имаат за цел унапредување на економскиот развој во доменот на економијата и бизнисот во Република Северна Македонија, како и развој на меѓународна соработка со споделување знаења,
поврзување на бизнисите и поттикнување промени во регионот. Во периодот што претстои Шпаркасе Банка АД Скопје ќе продолжи посветено да работи на своите идни перспективи, од кои најзначајна секако е стратегијата за одржливост. Бидејќи иднината на следните генерации зависи од нашите заложби денес. А ние веруваме во подобра иднина за сите.

(ПР)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

РЕ-Ново

Во Credissimo веќе секој ден е Orange Day!

Објавено пред

Заради зголемената заинтересираност на клиентите, Credissimo известува дека промоцијата за планираните Orange Days ќе биде продолжена до 10.12.2023.

dobivaj vesti na viber

Добро препознатливата кампања Orange Days која Credissimo ја организирана трета година по ред по повод Black Friday, оваа година достигна многу големи размери. Освен зголемениот интерес за побарувањето на целосно бескаматен кредит, се зголеми и висината на сумата за која клиентите аплицираат.

Со цел клиентите да бидат максимално задоволни, промоцијата ќе продолжи до средината и наредиот месец. Секој кој има потреба ќе може да ја искористи според сопствените потреби. Доколку сѐ уште не си ја искористил промоцијата, сега е вистинското време да го направиш тоа и да си обезбедиш дополнителни пари.

Земи кредит со апсолутно 0 % камата и искористи ја продолжената промоција!

Прескокни ги каматите и уште сега аплицирај целосно онлајн!

Не заборавај! Во Credissimo нулата си е нула како и да ја свртиш.

Одобрувањето на кредитот е само за неколку минути, со проверка на твојата лична карта,а твоите лични податоци се 100% заштитени.

Промотивните услови за промоцијата важат до 10.12.2023., за кредитните продукти Credissimo до плата до 30.000 ден. со рок на враќање 45 дена и Credissimo плус до 30.000 ден., со рок на враќање 3 месеци за нови клиенти. Репрезентативен пример: За кредит Credissimo до плата од 30.000 денари одобрен со рок на враќање до 45 денови и Credissimo плус кредит со рок на враќање 3 месеци, фиксната каматна стапка е 0% , враќате вкупно 30 000 денари. Стапката на вкупните трошоци на годишно ниво (СВТ) изнесува 0%.

(ПР Текст)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Државната лотарија со ново ТВ-шоу „Седмо небо“ – забава, песна, танц, дружење со познати лица и рецепти за среќа

Објавено пред

Од недела, 26 ноември 2023 година, од 21:00 часот на Канал 5 ТВ, започна емитувањето на нова забавна емисија под името „СЕДМО НЕБО“, којашто ќе внесе забава, радост и дополнително чувство на среќа и задоволство. Целта на Државна лотарија со оваа емисија е да се дополнат можностите за создавање забавни и среќни мигови со теми поврзани со среќата воопшто, но и популаризација на среќните приказни креирани преку игрите на среќа на Државна лотарија. Водителка на емисиите е Марјана Станојковска со којашто Државна лотарија соработува од 2010-та година уште од моментот кога ѝ ја довери водителската улога во ТВ извлекувања на игрите на среќа Лото и Џокер, а подоцна и во емисиите на бинго игрите и бројните јавни настани, што вклучува над 2000 јавни појавувања под логото на Државна лотарија.

dobivaj vesti na viber

Во емисијата, за којашто специјално е изработена една извонредна сценографија и оригинална музичка нумера за шпица, ќе се танцува и ќе се пее, ќе гостуваат познати лица од нашата естрада и од земјите од регионот, ќе имаме можност да се дружиме и со дел од добитниците на премии и ќе слушнеме рецепти за среќа, но и ќе вклучуваме и други интересни сегменти и изненадувања коишто едно по едно ќе ги откриваме и најавуваме.

Во првата емисија, оваа неделна вечер, ни гостуваа нашите три мегаѕвезди коишто ќе настапат и на првиот концерт комплетно овозможен од Државна лотарија − концертот МЕГАСТАРС, најавен за 30 ноември во СЦ „Јане Сандански“, каде што покрај извлекување на наградите од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на МЕГАВИН“ и означување на официјалниот старт на платформата за игра, подготвивме уште бројни изненадувања во чест на одбележување 15-годишнина од основањето на Државна лотарија – со што компанијата којашто во моментов ниже најголеми резултати во работењето, докажува дека во континуитет работи на подготовка и пласман на добри вести за играчите на игри на среќа, но и за пошироката јавност, со цел среќата да ја донесе насекаде.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Најдобриот Black Friday шопинг е во Fashion Group!

Објавено пред

Ако сте искрени, тогаш ќе признаете дека одамна си „меркате“ некое парче од твоите омилени брендови од Fashion Group и со нетрпение ги чекате претпразничните попусти!

dobivaj vesti na viber

Е кој е искрен, добива повеќе! Имаме добра вест за сите вас што сакате да бидете подготвени за празничната сезона – ве очекува викенд со ултра добри попусти и тоа во буквално сите продавници на Fashion Group и онлајн!

Во тек се долгоочекуваните Black Friday намалувања -30% на колекцијата есен-зима’23, како и дополнителен попуст -30% и на веќе намалените цени на селектирани артикли.

Сега е вистинскиот момент да си ја одбереш омилената зимска јакна, чизми, шал и безброј модни додатоци за да бидеш подготвен за претстојните зимски денови. Или пак, ако уште од сега размислуваш за празничната сезона, тогаш одбери си ја омилената кошула, фустан или здолниште и купи си ја пред другите.

А изгледот не е комплетен без шминка, така што кога ќе ја правиш шопинг обиколката, не пропуштај да ги видиш и продавниците на Kiko Milano каде исто така те очекуваат супер намалени цени до -50% на селектирани артикли!

Но, доколку си од оние што не сакаат метеж и преферираат да си купуваат од фотелја, тогаш тука е нашата онлајн продавница, па играј брзи прсти и прв купи го производот што го посакуваш!

Најдобриот шопинг годинава, може да започне сега!

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Ловци ја бараат исчезнатата Вања и на непристапни места: МВР ја бара во градот, ние надвор од него

Исчезнатото девојче од Скопје, Вања Ѓорчевска, од вчера го бараат и ловците откако претседателот на Ловечката федерација, Влатко Алексовски, синоќа...

Регион3 часа

Дачиќ: Состанокот на ОБСЕ во Скопје ќе биде многу тежок

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека министерскиот состанок на земјите од Организацијата за безбедност и...

Топ4 часа

Во Косово уапсени шест лица, тројца од Македонија: фалсификувале 85.000 евра во монети

Специјалното обвинителство на Косово, косовската полиција, Дирекцијата за истрага на економски криминал и корупција, спроведоа акција при што беше идентификувана...

Топ4 часа

24-годишна државјанка на Албанија загина во тешка сообраќајна незгода на автопатот Тетово – Скопје

Вчера попладне, во 14 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ во насока од Тетово кон...

Топ4 часа

Вработена во болницата во Тетово неовластено снимала пациентка хоспитализирана на одделенијата: полицијата ја приведе

Полициски службеници на СВР Тетово, синоќа, околу 20.10 часот ја лишиле од слобода 46-годишната А. А. од тетовска Брвеница. Таа претходно...

Македонија5 часа

Ревизорката Татјана Димитровска предложена за нова претседателка на ДКСК, ревизори, судијка и антикорупционери за членови  

По три дена интервјуирање и четири дена бодирање, синоќа пред полноќ беше објавена ранг-листата за избор на нови членови на...

Топ7 часа

Приведено лице од Мала Речица, поставило знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер, околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода...

Македонија7 часа

Албанското знаме повеќе не е на јарболот во дворот на „Св. Наум Охридски“, рече Ангелов

Албанското знаме не е повеќе на јарболот во дворот на црквата „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка. Црковното знаме ќе...

Македонија7 часа

(Видео) „Ковачевски ги лажеше граѓаните дека ќе им ги скрати платите на функционерите во стилот – ако не овој понеделник, наредниот петок – за на крајот да каже дека кратење нема“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Од април месец па навака, платите на функционерите се покачени за 78%, во време кога накај 600 илјади граѓани живеат...

Европа8 часа

Чешкиот претседател: Путин набргу би можел да добие голема шанса во војната

Рускиот претседател Владимир Путин би можел да добие предност во војната против Украина во текот на следната година доколку западните...

Свет8 часа

(Видео) Таткото на 9-годишната Емили откри како го преживеала заробеништвото: „Ова беше најшокантното“

Емили Ханд мораше да трча од куќа до куќа, принудена од Хамас да се движи додека израелските сили ја нападнаа...

Свет9 часа

(Видео) Снимен моментот на експлозивна ерупција на вулкан во Јапонија

Минатата недела јапонски вулкан лоциран на островот Нииџима, 150 километри јужно од Токио, експлозивно еруптира. Јапонската крајбрежна стража го сними...

Македонија18 часа

Сотировски: Најостра осуда за вандалскиот упад во Св. Наум на Попова Шапка и симнувањето на знамето на Македонската православна црква

Претседателот на Kомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски преку социјалните мрежи го осуди, како што...

Македонија18 часа

„Ова е намерна провокација“, рече Ангелов откако навивачи на Шкендија го кренаа албанското знаме на Попова Шапка

Ова, како многупати претходно, е намерна провокација и подгревање на меѓуетничката нетрпеливост, напиша Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување...

Македонија19 часа

Бојан Јовановски-Боки 13 излегува на слобода

Поради лошата здравствена состојба, осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода. Кривичниот суд добил лекарски извештаи од повеќе клиники,...

Топ23 часа

Ловечката Федерација на Македонија се вклучува во потрагата по Вања Ѓорчевска

Ловечката Федерација на Македонија преку социјалните мрежи ги повика сите ловци да се вклучат во потрагата по Вања Ѓорчевска. Тие...

Македонија1 ден

По 3.000 денари за пензионерите со пензии до 14.000 денари, 1.200 за основци, 1.800 за средношколци, Ковачевски ги објави мерките

Основците, средношколците, студентите и пензионерите се првите категории опфатени со новиот пакет-мерки за кои е предвидена неколкумесечна парична помош. Мерките,...

Македонија1 ден

Балтичките земји ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ во Скопје поради Русија

По Украина, и Естонија, и Летонија, и Литванија најавија дека нема да допатуваат на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје...

Македонија1 ден

Поради Лавров, украинскиот министер Кулеба нема да допатува во Скопје на состанокот на ОБСЕ

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, нема да присуствува на министерскиот состанок во Скопје, а земјата ќе ја претставува делегација...

Македонија1 ден

Бухова по прозивките за одговорност за случајот на Онкологија: Заклучоците се неиздржани и се одраз на политички реваншизам

„Како поранешен директор на ДЗСИ, најостро реагирам за моја политичка одговорност на предлог-заклучоците на анкетната комисија при Собранието за случајот...