Контакт

Соопштенија

(Видео) Ѓорѓиевски: Заев да одговори колку нивни фирми, освен „Еленица“, имаат земено државна помош

Објавено пред

Државната помош од антикризниот пакет-мерки не завршува во рацете на народот, туку завршува единствено во џебот на Заев. Освен ИГМ „Еленица“, Заев треба да одговори колку други фирми во сопственост негова или на неговото семејство добија државна помош изминатиов период, изјави Орце Ѓорѓиевски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој праша дали е точно дека сите фирми на Заеви, над десетина, зеле огромни суми пари помош од државата.

„Заеви преку нивните фирми, кои вртат милиони евра, наместо да дадат за народот земаат токму од народот на Република Македонија. Овде не станува збор за непрофитабилни бизниси, напротив тоа се бизниси кои вртат милиони. Овде станува збор за алчни луѓе како Зоран Заев, кои сакаат да го земат и последниот денар од нашиот народ, наместо да одвојат дел од својот огромен колач на заработувачката“, кажа Ѓорѓиевски.

Според него, Заев ги димензионирал мерките за помош на стопанството така што малите фирми и оние бизниси на кои им е најпотребна помошта не можат да дојдат до парите, а дел од колачот ќе има само за крупниот бизнис и фирмите блиски токму до него и до целата влада.

„Стотици милиони евра се потрошени и фрлени во таканаречени антикризни мерки, а епилогот е илјадници граѓани со минимална плата и стотици фирми со намалена ликвидност. Пари има, почитувани, само за блиските луѓе од власта. Бараме Заеви веднаш да ги вратат парите во буџетот по основ на антикризна помош“, рече Ѓорѓиевски.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: За да им се стави крај на криминалот, корупцијата, неправдите и понижувањата, мора да се стави крај на владеењето на Заев

Објавено пред

Изборите на 15 јули ќе бидат денот кога народот ќе ги казни поразите, криминалот и корупцијата на Зоран Заев. Овие три години мафијашка власт на Заев ја осиромаши Македонија. Јавноста го виде хибридниот режим на СДСМ на дело, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Сите видоа и слушнаа дека Заев се пазарел со правдата. Диктирал решенија за истражни постапки, носел трас-трас одлуки во правосудството со кои селективно паѓале судски постапки. Сите видоа и слушнаа дека со милиони евра, со чанти Луј Витон или снопчиња пари се разнесувале рекетирани пари, за кои има сведоштво дека завршувале кај Заеви. Сите слушнаа и видоа дека Заеви и СДСМ биле во коалиција со подземејето, па така неистомислениците на Заев ако не добиеа монтиран судски процес ќе им беше запалено возило со амин на Заеви.

Народот виде дека додека сите осиромашуваат фрчеа лиценци, концесии и тендери на луѓето блиски на Заев. Поради тоа економијата најмногу трпеше. Растот на БДП беше убедливо најнизок во регионот, а Македонија стана приватен пашалук на Заеви. Тие одлучувале кој може, а кој не да води бизнис во државата. Јавниот долг порасна над 50%, а до крајот на годината се очекува да достигне 60% од БДП, односно нов долг од 1,5 милијарди евра. Ги потрошија најголемите буџети во историјата на Македонија, а ништо не изградија. Нема ни нови училишта, ни клинички центар, ни студентски градови, ни 600 километри нов автопат. Се што ветија во 2016-та се излажаа. Реализацијата на капиталните инвестиции им беше под 50% во текот на целиот мандат. Крвавите тендери, РЕК Битола, плантажите со Марихуана, Фондот за иновации и десетици други коруптивни скандали ја искачија Македонија на врвот по корупција во Европа.

За жал Македонија поради неодговорноста на власта на Заев е црн рекордер и по други параметри. Епидемијата со корона покажа дека политикантството на Заев го урнисало здравствениот систем, па така сме на неславното прво место во цел регион по смртност и број на заразени на еден милион жители.

Достоинството на граѓаните беше поразено, а беа раскрчмени националните и државните интереси. Понижувањата, неуспесите и поразите станаа секојдневие. Тоа мора да прекине. Народот ја препозна Обновата на Македонија и масовно ќе ја даде својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, за конечно вирусот Зоран Заев да биде победен.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!“ се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Дурловски по третпат избега од дебата со Шекеринска

Објавено пред

Дурловски по третпат избега од дебата со Шекеринска, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштеие.

„Како одговорна партија чии носители на листи се поборници за слободата на говор, демократските придобивки би сакале да ја информираме јавноста и медиумите за постојаното назадно однесување на дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5 Игор Дурловски денес по третпат избега од телевизиско соочување со носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во ИЕ 5 Радмила Шекеринска.

Со тоа Дурловски покажа дека се плаши од дебата со носителката од СДСМ Радмила Шекеринска. Можеби на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Дурловски му е полесно да ги искажува своите ставови во толпа и да хушка кон насилно влегување во Собранието и физички напад врз Шекеринска отколку да застанат лице в лице и да ги спротивстават своите ставови.

Бегството од соочување е потценување на граѓаните од Битола, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Крушево и другите општини во ИЕ 5 кои Дурловски сака да ги претставува.

Со откажувањето на учество во дебати Дурловски покажува и како ја сфаќа демократијата и односот кон граѓаните и медиумите. Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое може да ги обнови само стравот, насилството и медиумскиот молк“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Џабе сега Спасовски ветува кули и градови, кога неговата Влада беше неспособна

Објавено пред

СДСМ, Спасовски и Заев покажаа дека се неспособни ништо да изградат, велеат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, од каде ваквиот став го поткрепуваат со тврдење дека на актуелната власт ѝ требале две години само за да ги пушти автопатиташта што ги изградила претходната влада.

„Станува збор за Миладиновци – Штип и Демир Капија – Смоквица, каде уште без срам играа чочек во тунел. Три години еден метар асфалт не ставија на автопатот Кичево – Охрид и редица други директни показатели на нивното неработење“, се наведува во партиската реакција,

Во неа се додава дека тоа што Спасовски сега пред избори се слика и помпезно најавува проекти, не поминува кај граѓаните, бидејќи тие виделе дека СДСМ ништо не направил.

„Народот на овие избори поддршката ќе ја даде на Обновата, затоа што во неа се предвидени 1.000 конкретни и остварливи проекти, како изградба на автопат до Битола и експресен пат до Меџитлија, доизградба на автопатот од Кичево до Охрид, доизградба на експресните патишта кои СДСМ не беше способна да ги направи и реконструкција на над 1.000 километри магистрални, регионални и локални патишта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

За 10,56 отсто намален одѕивот до 13 часот во споредба со изборите во 2016 година

Одѕивот до 13 часот на предвремените парламентарни избори е за 10,56 отсто помал во споредба со парламентарните избори во 2016...

Македонија55 минути

Одѕивот до 13 часот е 23,81 отсто, најголем во Крива Паланка – 41,07 отсто

Одѕивот до 13 часот е 23,81 отсто, гласале 432.026 гласачи, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија. Податоците се...

Македонија1 час

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија2 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион2 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет3 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија4 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија6 часа

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион6 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија7 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија8 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија8 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија16 часа

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет18 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија23 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија24 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија24 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија1 ден

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ1 ден

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија1 ден

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Досие