Контакт

Соопштенија

Јанушев: Спасовски беше првиот министер во коалиција со мафијата, во МВР сега се воведува ред

Објавено пред

Во МВР сега се воспоставува ред и систем на одговорност, а тоа им пречи на СДСМ и Оливер Спасовски бидејќи тие три години ја загрозуваа безбедноста на граѓаните, штитејќи ги криминалците, рече на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Оливер Спасовски е првиот министер за внатрешни работи којшто направи коалиција со мафијата. Наместо сузбивање на криминалот, негово единствено достигнување во министерството беше презентација на возило пред медиумите, кое беше купено од претходната влада, дека е изгребано од мачки“, нагласи Јанушев.

Според него, СДСМ и Оливер Спасовски во паника од неминовниот изборен пораз сакаат да ги блокираат институциите, а обвинуваат за блокади од ВМРО-ДПМНЕ мислејќи дека на тој начин ќе си создадат алиби од изборен пораз на 12 април.

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Ако се точни сведочењата во „Рекет“, Кацарска треба да лежи во затвор

Објавено пред

Сведочењето на Лиле Стефанова отвори сериозен сомнеж како функционирало Луј Витон-судството на Зоран Заев, во народот познато како кацарска-судство, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што кажа тој, ако се точни сведочењата во „Рекет“, судијката Кацарска треба да одговара кривично и да лежи затвор.

„Обвинителката Стефанова на вчерашното сведочење под полна морална и материјална одговорност изјави дека судијката Добрила Кацарска директно се јавувала кај сега веќе обвинетата Катица Јанева за да влијае врз истрагите. Стефанова сведочеше дека судијката Кацарска постојано била присутна додека се одлучувало околу барањето за притвор на еден од осомничените во предметот ‘Империја’ и се интересирала за текот на постапката“, посочи Арсовски.

Портпаролот додаде дека според членот 75 од Законот за судови, дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на одговорност на судија е „грубото влијание и мешање во вршењето на функцијата на друг судија“.

„Вклучително истата судијка, Добрила Кацарска, според сведочењето на Лиле Стефанова треба да одговара по член 353 од КЗ на Република Македонија за злоупотреба на службена должност која што ја има“, нагласи Арсовски.

Тој јавно го повика претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев, дека е должен во рок од осум дена од осознавањето на ваквата дисциплинска повреда од страна на судија, да го извести Судскиот совет на Република Македонија за истото.

„Доста е од Катици, Вилми и Добрили во судството. Со секој изминат ден станува сè појасна спрегата и меѓусебната поддршка преку која наместо закон се реализираат партиски нарачки на Зоран Заев и СДСМ“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека институциите не смеат да замижат пред овој случај.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Трипуновски: Мајката на градоначалникот на Конче спротивно на закон зела субвенции, а не плаќала закупнина

Објавено пред

Мајката на Благој Илиев, градоначалникот на Конче, Сузанка Илиева, која има земено под закуп земјоделско земјиште со вкупна површина од 37.9 ха, зела субвенции во два наврати во вкупна висина од 403.845 денари без притоа да го има платено закупот, обвини Цветан Трипуновски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Сузанка Илиева е евидентирана како должник за 2017 и 2018. За 2017 година закупот е платен 14 месеци откако на истата ѝ се исплатени субвенции, а за 2018 година закупот е платен 3.5 месеци подоцна. Кој ѝ исплатил на Сузанка Илиева, мајка на градоначалникот на Конче, субвенции без да ги има подмирено обврските кон МЗШВ?“ праша тој.

Додека земјоделците мака мачат да одвојат пари за да ги подмират своите обврски кон државата, рече Трипуновски, роднините на функционерите биле толерирани.

„Доколку некој земјоделец доцни со плаќање на закупнината, тој не може да земе субвенции сè додека не го подмири долгот кон државата, но не и мајката на градоначалникот на Конче. Љупчо Николовски и Трајан Димковски го прекршиле законот и овозможиле на мајката на градоначалникот на Конче да ѝ бидат исплатени субвенции, иако истата не ја платила закупнината за земјата што ја обработува. Имено, согласно член 19 став 1 од Законот за земјоделско земјиште, земјоделецот е должен да ја плати закупнината најдоцна до 31 јули во тековната за претходната година. Министерството е должно за сите корисници на финансиски средства да достави до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој податоци за ненамирени финансиски обврски “, рече Трипуновски и побара јавното обвинителство и антикорупциска да го  испитаат случајот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството е претворено во консилиер на мафијашката група на власт

Објавено пред

Заев и СДСМ сакаат набрзина да донесат закон за јавно обвинителство кој ќе го амнестира нивниот криминал, a тоа само го покажува стравот на СДСМ и Заев од владеењето на правото и правната држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, последен доказ за тоа е, како што велат, скандалот во кој се гледа како обвинителството на Русковска го амнестирала криминалот на Заев во случај со поткуп на гласачи од 2014 година.

„Овој случај бил отворен и затворен во експресна постапка при очигледни докази, без да дознае јавноста со краен исход ослободување на Заев од обвинение. Но, Заев не е амнестиран само за поткупот на гласачи во 2014, туку и за случајот ‘Глобал’, случајот ‘Поткуп’, случајот ‘Пуч’, а нема никаква реакција од обвинителството за изборниот поткуп и на референдумот во 2018 година“, стои во партиското соопштение.

Како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, Заев и СДСМ бегаат од квалитетен закон за обвинителство, затоа што така нема да може некоја Вилма Русковска или Љубомир Јовески да ги сокрива и ослободува од милионските криминали и афери.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

(Видео) Лила Филиповска дала 25 илјади евра донација и 8 илјади евра позајмица за 1ТВ

„Не сме скарани, но не сме повеќе пријатели со Боки 13”. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот...

Македонија1 час

Судијка сведочи во „Рекет“: Боки 13 доаѓа од просечно семејство, но неговата финансиска состојба брзо се подобри

Апелациската судијка Мери Дика-Георгиевска сведочи пред судот за случајот „Рекет“ каде што обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата на СЈО,...

Македонија2 часа

Напладне запираат вонредните мерки за загадувањето, се укинува и бесплатниот јавен превоз

Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен...

Свет2 часа

Австралиски научници на чекор од откривање вакцина против коронавирусот

Научници од Австралија соопштија дека во лабораторија успешно развиле верзија на новиот коронавирус, што би можело да го забрза создавањето...

Регион2 часа

Српски стилист уапсен поради педофилија

Полицијата во Нови Сад го уапсила стилистот и диџеј Срѓан Швељо под сомнение дека сексуално вознемирувал и злоупотребувал малолетни лица,...

Свет3 часа

Турција го отфрли планот на Трамп: Ова е кражба на палестинската земја

Турција го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток како обид за анексија на палестинска земја....

Регион3 часа

Сасоли: Регионот и ЕУ имаат заедничка судбина, итно е потребен нов поттик за проширување

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, по средбата со спикерите на парламентите од западниот Балкан повика на нов поттик за...

Регион4 часа

Србија ќе забрани увоз на автомобили со Евро 3-мотори

Во Србија се подготвува забрана за увоз на стари автомобили со Евро 3-мотори, која може да стапи во сила во...

Економија4 часа

Без работа 3,5 милиони Руси

Во декември во Русија имало речиси 3,5 милиони невработени. Тоа е 4,6 проценти од економски активната популација, покажуваат прелиминарните податоци...

Македонија14 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Македонија16 часа

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија17 часа

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија18 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт18 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија19 часа

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија20 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија21 час

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија23 часа

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија23 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија1 ден

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Досие