Контакт

Соопштенија

Љубе Бошкоски го предизвикува Мицкоски на ТВ-дуел

Објавено пред

Слушам декa, криејќи се зад други луѓе, Христијан Мицкоски деновиве ме прозвал на прес, вели Љубе Бошкоски од Обединети за Македонија, кој го предизвика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ-дебата, за, како што вели, да се расветлат работите.

„Твоето дејствување се разликува од моето, се сеќаваш на бесрамното и невистинито тврдење дека си бил само про боно советник на Груевски во време кога тој со над 90 советници трошеше 1,73 милион евра народни пари“, вели Бошкоски и додава дека на обвинувањата одговара подоца бидејќи деновиве бил зафатен со состаноци со потенцијални бизнис-инвеститори од Загреб и Грац.

„Сето ова го правам на сопствен трошок бидејќи платата е недоволна за едно патување во странство, но тоа секако не ме спречува да работам за доброто на татковината, без да побарам ниту денар дополнителни трошоци“, истакнува Бошкоски и потсетува дека уште пред речиси една година го повикал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нa ТВ-дебата пред целaтa мaкедoнскa јавност.

„Охрабри се, Мицкоски – излези нa дебaтa сo Љубе Бошкоски! Можеби ќе останат изненадени членовите на ДПМНЕ зад кои сега се криеш“, порачува лидерот на Обединети за Македонија.

 

 

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: На Заев важни му се црните бизниси што во Штип треба да минуваат преку Сашко Николов

Објавено пред

Додека Македонија умира и секојдневно се соборуваат црни рекорди од коронавирусот, на СДСМ му е важно да има градоначалник во Штип, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно животите на граѓаните не се важни за СДСМ, туку бизнис-интересите на Зоран Заев, кои треба да поминуваат преку Сашко Николов во Штип. Затоа, им се брза за избори кога луѓето ги губат животите“, се наведува во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, доколу на СДСМ му се важни животите на граѓаните, Сашко Николов немало да оди на избори, туку како лекар ќе помагнел во здравството во ситуација кога во земјата недостига медицински кадар.

„Бесплатните маски што ги ветуваат потценувајќи ги граѓаните, досега требаше да ги обезбедат, а не да ги уценуваат со победата на Николов“, додаваат од опозициската партија нагласувајќи дека со ваква власт ниту Штип ниту Македонија не е во сигурни раце.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Спасовски: Со Николов како градоначалник Штип ќе биде рамо до рамо со европските градови

Објавено пред

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, попладнево беше на средба со граѓаните на општина Штип, каде што пред пристуните рече декa Штип заслужува да има градоначалник со полн легитимитет и со мандат даден од граѓаните.

„Три години Штип чекори по исправниот пат, по патот на напредокот и развојот. Со Сашко Николов, Штип ќе го продолжи тој пат носејќи го рамо до рамо со европските градови. Со Николов како градоначалник ќе продолжат одговорната работа и реализацијата на проектите во интерес на граѓаните“, порача Спасовски.

Потпретседателот на СДСМ ја поздрави и посветеноста на Николов во борбата против коронвирусот и ги повика граѓаните на Штип на 13 декември да му дадат поддршка и да гласаат за број 2, за, како што рече, Штип да остане во сигурни раце.

„За поздравување е иницијативата на Сашко Николов за обезбедување бесплатни заштитни маски за сите граѓани додека трае ковид-кризата. Отворањето доброволен фонд за оваа намена ќе им помогне на штипјани уште поревносно да ги почитуваат заштитните мерки. На 13 декември гласајте за бројот 2, гласајте за Штип да остане во сигурни раце“, истакна Спасовски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Среде пандемија ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за здравствената заштита

Објавено пред

Среде пандемија, додека државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓани, се борат против коронавирусот, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со поднесување 500 амандмани во Собранието, ги блокира измените на Законот за здравствената заштита, велат од СДСМ.

Според нив, срамно и неодговорно е опозицијата да се обидува да ја блокира работата на парламентот, да работи на штета на интересите на граѓаните.

„Ова е продолжение на опструкциите што ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги прави врз здравствениот систем и борбата против коронавирусот. Граѓаните, целата јавност, ова го гледа и го цени“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека токму ваквите политики на ВМРО-ДПМНЕ се причина зошто трипати по ред се казнети на избори.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија7 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија8 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија9 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија12 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен12 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ12 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет13 часа

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет14 часа

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија14 часа

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет14 часа

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион15 часа

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Топ15 часа

Притвор за скопјанец кој крадел oд викендички во Гази Баба

Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф., за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е...

Европа16 часа

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет16 часа

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Свет17 часа

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион17 часа

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа1 ден

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет1 ден

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт1 ден

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Досие