Соопштенија
(Видео) Арсовски: Параполициските структури на СДСМ го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните семeјства
Параполициските структури на СДСМ мотивирани единствено од политички причини да допринесат за владеење на овој хибридно криминален режим воден од фамилијата Заеви и СДСМ го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните семејства и најблиски, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Според него, раководството на ВМРО-ДПМНЕ е цел на нелегално телефонско и физичко следење организирано и реализирано преку двете безбедносни агенции со кои што раководат СДСМ и Зоран Заев.
„За ова постојат сериозни докази и ова ќе биде докажано на два начини. Веднаш штом се формира новиот парламентарен состав и мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе биде поднесено барање до соодветните парламентарни комисии кои ќе треба да извршат надзор врз овие две агенции за да се утврди следењето на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до Јавното Обвинителство со соодветни докази кои ќе бидат приложени кои треба да ја обелоденат вистината за ова параполициско нелегално следење од двете безбедносни агенции во Република Македонија водени од Зоран Заев и СДСМ“, рече Арсовски.
Во моментов, додаде тој, правосудните органи се заробени од Зоран Заев преку „трас трас“ судството кое директно е управувано од адвокатот на Заеви, Филип Медарски, добро познат на јавноста како управува со ова правосудство.
„Едно морам да напоменам и да ги предупредам сите инволвирани кои ги прават овие незаконски дејствија, верувајте дека ќе дојде ден кога СДСМ и Заев нема да се на власт и Заев нема ниту да ве познава ниту да може да ве заштити како и сите останати ќе ве пушти низ вода. Тој ден сите инволвирани ќе сносат одговорност согласно законот кој што ќе завладее во Република Македонија. Затоа размислте уште еднаш дали вреди да го правите ова за еден пропаднат политичар и криминалец како Зоран Заев“, рече Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст