Контакт

Соопштенија

(Видео) Заев во Опае: Дигнавме земја која беше клекната на колена и целиот свет ни се поклони

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од потпретседателите Оливер Спасовски и Мухамед Зекири, денеска имаше средба со граѓаните од Опае, на која се разговараше за резултатите од мерките и политиките спроведени во изминатите 2 и пол години, програмата за наредните 4 години и предизборната коалиција меѓу СДСМ и Движењето Беса.

dobivaj vesti na viber

Заев ги повика граѓаните да се придружат на концептот едно општество за сите, бидејќи, како што рече, нашата земја не е мултуетничка од вчера, туку со векови наназад.

„Со коалицијата со Беса за првпат поставуваме коалиција на различни етникуми претставени во партии, првпат правиме коалиција пред избори, со што покажавме храброст и памет, мудрост, кроткост, пријателство, добар збор, си подадовме рака, навистина се сплотивме и се здруживме“, истакна Заев.

Пред 2 и пол години најдовме земја клекната на колена, ја дигнавне и целиот свет ни се поклони, рече Заев, кој во продолжение на својот говор зборуваше за економските политики на владата.

„За само 2,5 години ги зголемивме пензиите за 1.750 денари, платите пораснаа за 4.000 денари, минималната плата од 9.000 на 14.500, отворивме 60.000 нови работни места, ја укинавме радиодифузна такса, ја вративме евтината тарифа на струјата, преку Мој ДДВ враќаме пари директно на сметките на граѓаните, социјалната помош ја големивме за 300%, воведовме државна социјална пензија“, наброја Заев.

Тој пред присутните порача дека гласот за СДСМ е глас против режимот на ВМРО-ДПМНЕ оти на земјата не ѝ требаат кавги ни дома, ни со соседите.

Соопштенија

„Еуромакс ресурсес“ со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Објавено пред

„Еуромакс ресурсес“, компанија сопственик на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за рудникот за бакар „Иловица-Штука“, денеска на прес-конференција издаде последно предупредување пред арбитражата.

dobivaj vesti na viber

Од компанијата истакнаа дека од своето основање во 2004 година, проектот Иловица-Штука симболизира светилник на можности, отелотворувајќи ја цврстата посветеност на „Еуромакс ресурсес“ за одговорен развој и економски просперитет. Сепак, и покрај значителните инвестиции и во финансиските и во човечките ресурси, проектот се наоѓа себеси заробен во мрежа од правни и административни пречки.

Третманот на проектот од страна на властите е скандалозен, цени „Еуромакс ресурсес“. Менаџментот на компанија истакна дека и покрај јасните правни победи, бирократската инерција и произволните одлуки постојано го попречуваат напредокот. Овие одложувања не само што ја нагризуваат довербата во регулаторното опкружување, туку и ја загрозуваат егзистенцијата на илјадници кои ќе имаат корист од проектот и ги одвраќаат идните странски инвестиции во Македонија.

 

„За да не бидеме погрешно протолкувани, сакаме да бидеме јасни и прецизни. Нашето трпение е при крај. Не можеме повеќе да одолговлекуваме, чекајќи политички одлуки за/игнорирање на правните околности. Ако политиката – спротивно на законот – каже „не“ за нов и модерен рудник за бакар, има правен епилог кој нема да биде поволен за државата, а за жал и нејзините граѓани. Меѓународната арбитража не е одлука што ја земаме лесно. Тоа има значителна цена – и во однос на ресурсите и угледот на нашата компанија и на земјата. Сепак, во услови на континуирано малтретирање и флагрантно непочитување на владеењето на правото, тоа е чекор што сме подготвени да го преземеме за да ги заштитиме нашите и интересите на нашите инвеститори“, истакна претседавачот на Бордот на директори и главен извршен директор на „Еуромакс ресурсес“, Тимоти Морган Вин.

На прес-конференцијата свое обраќање имаше и Габриел Лански, од адвокатската куќа Lansky, Ganzger, Goeth & Partner, која е правен застапник на „Еуромакс ресурсес“. Тој истакна дека „Еуромакс ресурсес“ има доставено формално известување за спор (тригер-писмо) до Владата во март 2020 година, за настанатиот спор и нивната намера да влезат во меѓусебни консултации за решавање на спорот и дека.

„Повеќе од очигледно е дека Владата на Северна Македонија не ги исполни обврските да се консултира и соодветно да преговара со член 10(1) од Договорот Швајцарија – Северна Македонија и со тешко срце сега размислуваме да го пренесеме нашиот случај пред меѓународната арбитража. Оваа одлука доаѓа по исцрпните напори за решавање на нашите спорови во локалната рамка, а сето тоа доведе до овој ќорсокак каде финансиските последици би можеле да бидат страшни за и онака кревката економија на Северна Македонија. Владата вака постапува иако Северна Македонија е во процес на обид да влезе во Европската Унија како земја членка. Пред да заклучам, поставувам едно неодложно прашање до владата и народот на Северна Македонија: Дали оваа средина на правна непредвидливост ќе се прошири и на други инвеститори или е предизвик единствено насочен кон ‘Еуромакс ресурсес’? Ресурсот што сакаме да го развиеме е национално богатство и неминовно ќе треба да го искористиме, ако не ние тогаш некој друг. Изборите направени денес ќе резонираат надвор од нашиот проект, обликувајќи го економскиот пејзаж на земјата и нејзината меѓународна репутација во годините што доаѓаат “, истакна Лански.

„Еуромакс ресурсес“ ги повика надлежните државни институции да ги исполнат своите законски обврски, да го почитуваат владеењето на правото и да се вклучат во напорите со добра волја за да се забрза решението. Компанијата останува посветена на соработка со владата, заедниците и пошироките засегнати страни за да испорача трансформативен проект, кој е повеќе од потребен на повеќе нивоа.

„Еуромакс ресурсес“ ја потврди својата непоколеблива посветеност за одговорен развој, просперитет на заедницата и успехот на проектот „Иловица – Штука“ со највисоко ниво на почитување на најсовремените стандарди за заштита на животната средина преку примена на најсовремени технологии во рударската индустрија. Меѓутоа, ако тековниот третман на проектот од страна на властите продолжи, и ако владеењето на правото продолжи да се занемарува, тогаш арбитражата ќе стане неизбежна реалност.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Нова акција на „Спорт лајф“ – „Кој е твојот среќен тип?“

Објавено пред

Во обложувалниците на „Sport Life“, во тек е акцијата „Кој е твојот среќен тип?“. Среќната игра ќе им донесе на обложувачите на Sport Life, многу „седумки“: главна премија од 777.000 денари и по 7 (седум) вредносни ваучери од 500 денари за секој од победниците во поединечните етапи на акцијата.

dobivaj vesti na viber

Среќата треба да ја бараат во онаа игра со која ќе успеат да погодат тикет со најголем број натпревари со исто типување. Соодветно на тоа, играчите ќе се рангираат и на генерално ниво, до крајот на играта, и на седумдневно – етапно ниво.

Акцијата се однесува само за несистемските тикети, со погодени минимум шест натпревари со ист тип, со минимална квота од 1,50 по пар. Исто така, во пресметката за бодување и рангирање на тикетот влегуваат и натпреварите од понудата „Супер тип“ и натпреварите од понудата за обложување во живо.

Акцијата ќе трае до 25-ти април и важи за членовите на СЛ клубот со приложување на СЛ клуб картичката.

Сите информации за играта и тековното рангирање за генералниот и етапен пласман се објавени на вебстраницата на Sport Life и на официјалните канали на социјалните мрежи.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Праизведба на претставата „Хенгинг Араунд“

Објавено пред

Во Македонскиот народен театар, на 19 април, со почеток во 20 часот, ќе се одржи праизведбата на претставата „Хенгинг Араунд“ во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, по текст на Љупчо Јованов.

dobivaj vesti na viber

Главните ликови 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) во оваа приказна се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа. Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овој пат празен и лишен од средба со Спасителот. Можеби патем решиле да се смират, да создадат семејство со единствена цел – да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и саканите и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја пробаат среќата и да почнат нова авантура, да влезат во нова приказна…

Целото дејство се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни.

Во претставата играат: Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софија Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје

Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до...

Македонија21 минута

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе направат трансформација во Македонија, со „Платформа 1198“ ќе се решат проблемите на граѓаните

„Во очите на граѓаните има една желба да што побргу заврши сето ова кое што се случуваше шест и половина...

Македонија3 часа

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во...

Македонија4 часа

Коалицијата ВЛЕН најавува спектакуларен митинг во понеделник на плоштадот Скендербег – не добиле дозвола на митинг на Плоштад Македонија

Шефовите на изборната кампања на Коалицијата ВЛЕН денеска ја информираа јавноста за централниот митинг што ВЛЕН (ВРЕДИ) планира да го...

Свет4 часа

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува...

Македонија4 часа

Гордана Силјановска Давкова учествуваше на одбележувањето на 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76 годишнината од прогонството на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, на 20 април...

Регион7 часа

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а...

Свет8 часа

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија8 часа

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет8 часа

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија9 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија9 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија9 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија20 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија21 час

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија21 час

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија21 час

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија1 ден

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија1 ден

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија1 ден

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...