Соопштенија
(Видео) Илиеска: Владата вчера нè задолжи со 700 милиони, а за 6 години со камати ќе треба да вратиме 870 милиони евра
Лошото менаџирање со кризата и погрешните процени, а воедно кога и какви мерки треба да се преземат, ќе придонесе до крајот на годината буџетската дупка да достигне и до 1,3 милијарда евра, изјави Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера, Владата повторно ја задолжи Македонија на меѓународниот пазар преку издавање еврообврзница вредна 700 милиони евра. На овие средства стапката на принос е 3,95 отсто, што значи околу 166 милиони плус камата на овие средства, кои сите ние ќе треба да ги враќаме во рок од 6 години. Ако ова се реализира уште во март, кога ВМРО-ДПМНЕ апелира до Владата тие пари да се позајмат, каматите ќе беа пониски, државава ќе заштедеше, а секој граѓанин ќе плаќаше помалку. Но, и вака скапите пари, за жал, нема да завршат кај стопанството“, истакна Илиеска.
Цената за ненавремените и неправилни одлуки во економијата за време на криза, според Илиеска, ќе ја плаќа секое семејство, и тоа 1.500 евра до крајот на оваа година. Дополнително, во следните неколку години граѓаните и нивните поколенија ќе плаќаат и камата на тие пари.
„За апсурдот да биде поголем, за задолжување од 1.500 евра од семејство за само една година, Владата најави ваучер од 150 евра за еднократна употреба за најранливите категории граѓани. Растечкото задолжување до крајот на годината ќе изнесува 1 милијарда и 50 милиони евра. Со тоа јавниот долг како дел од БДП за една година ќе порасне на 7 отсто. И покрај ваквото огромно задолжување, реализацијата на капиталните проекти за првите 4 месеци од оваа година е 13 отсто.
Во првите три месеци од годината оваа Влада вешто направи буџетска дупка од 200 милиони евра, средства за кои ќе треба да се задолжуваме и години понатаму да ги отплаќаме. Најголем дел од овие средства е потрошен уште пред здравствената криза, а со самото тоа не се потрошени за справување со неа“, додава Илиеска.
Најавениот трет сет мерки, кој, според неа, е чист предизборен поткуп, СДСМ го ветува од пари што ги нема. На граѓаните им се потребни работа, плата и реална помош, но не по цена на нивното достоинство.
„Секој ден работниците остануваат без работа, без плата, фирмите секој ден се обидуваат да ги спасат своите бизниси, а одговорот на СДСМ е ново задолжување со виски каматни стапки.
Со СДСМ добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија. ВМРО-ДПМНЕ е поинаква од СДСМ. Потребна е итна стратегија за обнова на државата. ВМРО-ДПМНЕ има план и знае како затоа што секогаш ги слуша потребите на граѓаните“, заклучува таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст