Соопштенија
(Видео) Николовски: Заев ми се закани со тужба за клевета
Во текот на вчерашниот ден добив писмо адресирано од премиерот Зоран Заев, во кое се заканува со тужба за клевета за моја изјава дадена по повод верскиот празник Богородица, во која на новинарско прашање одговарам за прашања поврзани со аферата „Рекет“. Наместо како што личи во секоја нормална и демократска држава, доколку не се согласува политичкиот опонент со она што ние го кажуваме, тоа да го демантира или во јавноста да приложи спротивни факти и аргументи, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ние сме политичари и наша работа е да даваме изјави, да прашуваме и да поставуваме провокации. Во која демократска држава, земја членка на ЕУ, што Зоран Заев од устата не ја вади, се видело премиер да тужи потпретседател на најголема опозициска партија за политичка изјава. Или можеби има таква работа во САД? Веднаш ќе ви одговорам – нема. Нека каже Зоран Заев еден пример, каде што премиер на која било демократска држава тужи потпретседател на опозициска партија за политичка изјава“, рече Николовски.
Тој рече дека на 4 април оваа година Зоран го советувал брат му Вице да ја повлече тужбата за клевета кон мене, а сега решил самиот тој да го тужи за клевета.
„За ‘Рекет’ има активна истрага и моја работа како политичар и како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ е јавно да поставувам прашања, дилеми и да споделувам информации. И на тој начин да ја отвориме оваа дебата во јавноста и секако на еден демократски начин да извршиме притисок врз институциите побргу да ја завршат истрагата. Кој верува во оваа држава дека Боки 13 сам рекетирал и дека бизнисмените сами му ги давале парите? Па, денар нема да му дадат, а не тешки милиони доколку зад него не стојат највисоките структури на власта“, рече Николовски.
Она што е интересно во писмото, додаде Николовски, Зоран Заев воопшто не демантира дека се рекетирани над 20 милиони евра.
„Ниту демантира дека повеќе бизнисмени се рекетирани, со што само ги потврдува нашите сознанија. Дека рекетот бил далеку подлабоко од она што се знае во јавноста. Единственото што го оспорува е дека тој ја координирал оваа акција“, рече Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст