Соопштенија
(Видео) Стоилковски: Земјите со ниска стапка на невработеност имаат потреба за увоз на работна сила, а не Македонија
По нулата дадена како оценка од Германија, Зоран Заев ќе увезувал работна сила од други земји! Да беше кажано денеска на меѓународниот ден на шегата и на лагата, ќе го разберев Заев како уште еден обид за негово маскирање, бидејќи е љубител на маските, но ова што го кажува е дел од сериозен разговор со регионалната Стопанска комора во Прилеп пред ден или два!, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Зоран Заев, кој заедно со неговиот клан отвораат бизниси во Бугарија, Зоран Заев, којшто ја презадолжува државата без реален развој и со минорна стапка на реализација на капитални инвестиции, Зоран Заев, којшто не мисли на половина милион граѓани во сиромаштија туку само на непотизам – е тој Зоран Заев почитувани ќе увезувал работна сила во Република Македонија!
Традиционално и логично е земјите со ниска стапка на невработеност под 5% да имаат потреба за увоз на работна сила. Македонија е рекордер во невработеност, традиционално Македонија извезува работна сила бидејќи за истата нема работа во Македонија.
Македонија има висока стапка на невработеност, во проценти таа изнесува 20%. Голем дел од лицата кои се невработени во Македонија се нискоквалификувана работна сила, но во исто време и голем дел од младите лица од 18 до 24 години се невработени. Македонија е второрангирана по процентот на невработеност кај младите лица според Светска банка со високи 50% од невработеноста, и тоа е првиот параметар.
Друга дополнителна причина зошто Македонија не е дестинација во која странската работна сила би сакала дојде и да работи е висината на платите во Македонија.
Значи, почитувани, не станува збор за работна сила, туку за населување мигранти, и тоа мигранти кои не се пожелни, односно се товар на државите во Европа. Заев мора да одговори дали се подготвува за увоз на мигранти? Оваа власт тајно се подготвува за прием и населување мигранти, гради центри, ги крие центрите како оној во Бардовци, а сега вели ќе увезува работна сила, односно ќе увезува мигранти.
Економски, Македонија не смее да дозволи да стане резерват на евтина и пренатрупана нискоквалификувана работна сила“, порача Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст