Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Георгиевски се обидува да влијае на директорите на училиштата, за да мести јавни набавки
Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски, на најгруб начин се меша во работата на директорите на основните училишта во Гази Баба, имено, Георгиевски по пат на допис и електронски маил до директорите на училиштата им наредува пред да објавуваат јавни набавки, кои се објавуваат по законски пат, да му ги праќаат на него за он да може да ги одобри или да влијае во менување на спецификациите и условите на јавните набавки, обвини денеска Сашо Кутлешовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дописот кој го прати Георгиевски до сите директори, јасно пишува дека тој бара, сите оние јавни набавки и спецификации кои се поврзани со реконструкција и тековно одржување на училиштата, исхраната на учениците, издавање на училишните простори, да бидат претходно однесени во општина на одобрување или измена доколку не им се допаѓа, за во вториот е-маил кој го испраќате до директорите да пишува дека за секоја јавна набавка пред да се спроведе треба лично да се направи увид, за како што велите да не ви се жалат фирмите“, изјави на прес конференцијата, Кутлешовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.