Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ пак ги задолжи граѓаните за нови 45 милиони евра
Македонската економија е пред колапс, а граѓаните се на работ на егзистенцијата. Криминалниот картел на власт предводен од Зоран Заев неконтролирано ја задолжува државата и ги води граѓаните на Македонија кон должничко ропство. Вчера владата на СДСМ повторно ги задолжи граѓаните за нови 45 милиони евра. СДСМ ветуваше дека ќе го намали државниот долг, но откако е на власт јавниот долг ја премина границата од 5 милијарди евра, додека државниот долг ја помина границата од 4 милијарди евра. И ова ветување како и другите ветувања на СДСМ се утврди дека е уште една шарена лага, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, додека црното економско трио Заев, Тевдовски, Анѓушев неконтролирано ги задолжува граѓаните, реализацијата на капиталните проекти е на очајно ниво. За првите осум месеци од годинава изнесува срамни 23,33 проценти. Нема нови проекти, а реализацијата на оние проекти кои се наследени од ВМРО-ДПМНЕ е стопирана. Криминалните грантови и тендери доделени на високи партиски и државни функционери ѝ открија на јавноста за што се трошат милионите од задолжувањето на државата.
,,Додека платите и пензиите стагнираат, трошоците за живот на граѓаните од ден во ден се сè поголеми. Цените на нафтата вртоглаво растат како резултат на зголемената акциза на нафтата, а дополнителните буџетски средства собрани директно од џебот на граѓаните СДСМ ги потроши за скапата пропаганда за капитулантскиот договор за промена на името.
Паралелно со финансискиот грабеж што го спроведува СДСМ, Заев се обидува да истурка и досега невиден во светот идентитетски грабеж, формално-правно олицетворен во капитулантскиот договор од Преспа. Заев, свесен дека неговата политичка кариера е завршена, почна со распродажбата на националните и државните интереси. Се обиде на македонскиот народ да му ги одземе името, јазикот, историјата, идентитетот, но не успеа. Граѓаните кажаа не на неговите политики, не на криминалот, не на капитулантскиот договор со Грција. 1.2 милиони граѓани во еден глас кажаа Македонија ќе победи”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст