Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Годинава ќе ја завршиме со рекордно најнизок раст на БДП не само во Европа туку и во регионот
„Кирацовски, како и целиот СДСМ очигледно целосно се одлепиле од реалноста“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ испратена по прес-конференцијата на Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ. Годината за која што зборуваат, годината која што поминува е година на црнила, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Безочно беше погазен Уставот, законите и деловникот. Оваа 2018-та година беше година на политички прогон, терор, неразјаснети убиства. Криминалот царува со улиците, криминалците беа пуштени од затворите, а се бележи и раст на корупцијата.
Оваа година јавниот долг порасна на рекордни 5 милијарди евра со бесмислените задолжувања, а да биде пострашно власта предводена од аболицираниот криминалец Заев најавува дека тој ќе расте до најмалку 54,5% од БДП.
Годинава ќе ја завршиме со рекордно најнизок раст на БДП не само во Европа туку и во регионот, што се должи на неработењето и неспособноста на оваа власт да реализираат барем половина од капиталните инвестиции кои што самите ги планираа“, стои во реакцијата.
Од пратијата во соопштението додаваат неславен рекорд рушиме и во аерозагадувањето со кое Владата не знае и не сака да се справи затоа што им се поважни бизнисите отколку здравјето на граѓаните.
„2018-та година е година во која фризерки се вработуваа во МЕПСО за дебели хонорари, партиски функционери добиваа државни грантови, а граѓаните осиромашуваа бидејќи се отвори само спиралата на инфлацијата што доведе до поскапување на горивото, на лебот, водата и зголемување на даноците.
Оваа власт на СДСМ не изгради нови градинки, нови училишта, нема ниту темел од Клиничкиот центар, нема ништо од ветените студентски градови со кино сали, читални, спортски сали, нема ништо од ветените 600 километри нов автопат, ниту 500 евра просечна плата, ниту 100.000 денари плата за докторите“, додаваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст