Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја засрами земјава пред целиот свет
„Зоран Заев бесрамно ги лаже граѓаните на Република Македонија за да го испере сопствениот срам и криминал. Република Македонија и нејзината меѓународна репутација станаа жртва на неспособноста, корупцијата и неодговорното однесување на Зоран Заев и неговиот криминален картел”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Заев ја засрами земјава пред целиот свет и докажа дека толку е несериозен што секој може од него да извлече стратешка информација за државата или телефонски број од странски државник.
„Тој исто така призна дека ја излажа македонската јавност кога лажно ја клеветеше Руската Федерација за заговор против Македонија, и потврди дека комичарите всушност настапиле приватно и ги искористиле неговата неодговорност и неспособност. Доколку комичарите не ги објавеа разговорите, тој сè уште ќе мислеше дека разговара со Порошенко и Столтенберг и ќе продолжеше да ги издава државните тајни, а воедно и да испраќа фотографии од средби со сомнителни типови инволвирани во скандали во земји кои се докажани пријатели на Македонија.
Со ваквото несериозно однесување Заев ги загрози односите на Република Македонија со нашите соседи, но и со наши докажани меѓународни партнери и пријатели. Затоа одговорност мора да има.
Не е доволно само извинување од Заев бидејќи нанесена е огромна и непоправлива штета на државата. Ништо не може да го испере срамот што го нанесува Зоран Заев. Затоа единственото негово извинување треба да е оставка од премиер и распишување предвремени парламентарни избори”, се вели во соопштението.
Во него се додава дека одговорност мора да има и за последниот скандал, но и за сите секојдневни понижувања кои во континуитет Заев и СДСМ им ги нанесуваат на државата и граѓаните.
„Република Македонија предводена од Заев бележи порази, тоне во корупција и криминал, економијата е на дното, здравството уништено, образованието девастирано, а судството и обвинителството се заработени и работат по диктат на деспотот. Потребно е СДСМ и Зоран Заев веднаш да си заминат за да запрат штетата, криминалите и понижувањата на државата. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро”, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст