Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: За да им се стави крај на криминалот, корупцијата, неправдите и понижувањата, мора да се стави крај на владеењето на Заев
Изборите на 15 јули ќе бидат денот кога народот ќе ги казни поразите, криминалот и корупцијата на Зоран Заев. Овие три години мафијашка власт на Заев ја осиромаши Македонија. Јавноста го виде хибридниот режим на СДСМ на дело, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ Сите видоа и слушнаа дека Заев се пазарел со правдата. Диктирал решенија за истражни постапки, носел трас-трас одлуки во правосудството со кои селективно паѓале судски постапки. Сите видоа и слушнаа дека со милиони евра, со чанти Луј Витон или снопчиња пари се разнесувале рекетирани пари, за кои има сведоштво дека завршувале кај Заеви. Сите слушнаа и видоа дека Заеви и СДСМ биле во коалиција со подземејето, па така неистомислениците на Заев ако не добиеа монтиран судски процес ќе им беше запалено возило со амин на Заеви.
Народот виде дека додека сите осиромашуваат фрчеа лиценци, концесии и тендери на луѓето блиски на Заев. Поради тоа економијата најмногу трпеше. Растот на БДП беше убедливо најнизок во регионот, а Македонија стана приватен пашалук на Заеви. Тие одлучувале кој може, а кој не да води бизнис во државата. Јавниот долг порасна над 50%, а до крајот на годината се очекува да достигне 60% од БДП, односно нов долг од 1,5 милијарди евра. Ги потрошија најголемите буџети во историјата на Македонија, а ништо не изградија. Нема ни нови училишта, ни клинички центар, ни студентски градови, ни 600 километри нов автопат. Се што ветија во 2016-та се излажаа. Реализацијата на капиталните инвестиции им беше под 50% во текот на целиот мандат. Крвавите тендери, РЕК Битола, плантажите со Марихуана, Фондот за иновации и десетици други коруптивни скандали ја искачија Македонија на врвот по корупција во Европа.
За жал Македонија поради неодговорноста на власта на Заев е црн рекордер и по други параметри. Епидемијата со корона покажа дека политикантството на Заев го урнисало здравствениот систем, па така сме на неславното прво место во цел регион по смртност и број на заразени на еден милион жители.
Достоинството на граѓаните беше поразено, а беа раскрчмени националните и државните интереси. Понижувањата, неуспесите и поразите станаа секојдневие. Тоа мора да прекине. Народот ја препозна Обновата на Македонија и масовно ќе ја даде својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, за конечно вирусот Зоран Заев да биде победен.
СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!“ се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Нова акција на „Спорт лајф“ – „Кој е твојот среќен тип?“
Во обложувалниците на „Sport Life“, во тек е акцијата „Кој е твојот среќен тип?“. Среќната игра ќе им донесе на обложувачите на Sport Life, многу „седумки“: главна премија од 777.000 денари и по 7 (седум) вредносни ваучери од 500 денари за секој од победниците во поединечните етапи на акцијата.
Среќата треба да ја бараат во онаа игра со која ќе успеат да погодат тикет со најголем број натпревари со исто типување. Соодветно на тоа, играчите ќе се рангираат и на генерално ниво, до крајот на играта, и на седумдневно – етапно ниво.
Акцијата се однесува само за несистемските тикети, со погодени минимум шест натпревари со ист тип, со минимална квота од 1,50 по пар. Исто така, во пресметката за бодување и рангирање на тикетот влегуваат и натпреварите од понудата „Супер тип“ и натпреварите од понудата за обложување во живо.
Акцијата ќе трае до 25-ти април и важи за членовите на СЛ клубот со приложување на СЛ клуб картичката.
Сите информации за играта и тековното рангирање за генералниот и етапен пласман се објавени на вебстраницата на Sport Life и на официјалните канали на социјалните мрежи.
ПР текст
Соопштенија
Праизведба на претставата „Хенгинг Араунд“
Во Македонскиот народен театар, на 19 април, со почеток во 20 часот, ќе се одржи праизведбата на претставата „Хенгинг Араунд“ во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, по текст на Љупчо Јованов.
Главните ликови 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) во оваа приказна се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа. Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овој пат празен и лишен од средба со Спасителот. Можеби патем решиле да се смират, да создадат семејство со единствена цел – да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и саканите и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја пробаат среќата и да почнат нова авантура, да влезат во нова приказна…
Целото дејство се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни.
Во претставата играат: Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софија Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.
Соопштенија
Претставен новиот атрактивен визуелен идентитет на автентичниот бренд Luda Mara
Со слоганот „Гледај го светот во очи“, винарската визба „Тиквеш“ го претстави комплетниот редизајн на брендот „Luda Mara“, именуван според името на реката што поминува низ Кавадарци. Таа со својата уникатна природа и бројните приказни и митови поврзани со неа, по многу нешта потсетува на автентичниот карактер на овие вина.
Под овој вински бренд ќе се задржат омилените вина од оваа линија произведени од локални сорти темјаника и вранец и тие ќе бидат надополнети со две уникатни купажи – „Luda Mara White Cuvée“ и „Luda Mara Red Cuvée“.
Приказната за вината под брендот „Luda Mara“ се темели на истоимената река која има симболично, но и суштинско влијание врз создавањето на виното и винската култура во кавадаречко. Низ историјата, таа со своите излевања ја збогатувала почвата каде се одгледува грозјето, со што го поддржувала и обликувала уникатниот карактер на вината што се произведуваат од неа, но истовремено носела и големи предизвици тестирајќи ја издржливоста на локалните жители и она што тие требало да го направат за да постигнат хармонија со нејзиниот ритам.
Окото како основен креативен елемент на брендот „Luda Mara” претставува повик похрабро да гледа на животот, да се биде отворен за нови можности и доживувања и меѓу другото да се открие вистинската суштина на „Luda Mara”.
„,Тиквеш’ останува посветен на градењето моќни вински брендови, кои ќе бидат прв избор на потрошувачите. Сигурни сме дека брендот „Luda Mara“ и вината кои се дел од него, со својот вкус и изглед, ќе предизвикаат интерес кај љубителите на добро вино и ќе ги заинтригираат. Со своите уникатни карактеристики овие вина се одговор на пазарните трендови и барањата на оние потрошувачи кои се во потрага по автентични вина кои се одлика на локалното поднебје од каде потекнуваат и со кое се поврзуваат, заедно креирајќи една совршена и возбудлива винска приказна“, истакнуваат од „Тиквеш“, објаснувајќи ги вредностите на винскиот бренд „Luda Mara”.
Освежувањето на оваа популарна винска линија, опфаќа целосен редизајн на визуелниот изглед на вината, со употреба на поексклузивна амбалажа, како и етикета со впечатлив дизајн што ја отсликува суштината на брендот „Luda Mara” и ја истакнува автентичноста на вината што го сочинуваат, цврсто воспоставувајќи ги на постојните и на новите пазари.
Четирите вина кои отсега ќе го сочинуваат брендот „Luda Mara“ од почетокот на април се веќе достапни на пазарот.
ПР текст