Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: За Заев возењето мотор е поважно од инаугурацијата на Пендаровски за претседател
Зоран Заев не мораше физички да биде присутен на инаугурацијата на Стево Пендаровски бидејќи Пендаровски е негова сенка, без интегритет, која само треба да ги аминува криминалите и корупцијата на менторот, порача опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев не мораше да биде физички присутен затоа што кога тој зборува, нема потреба Пендаровски да отвори уста. Возењето мотор е поважно од инаугурирањето на Пендаровски. Без разлика дали Пендаровски заслужил да стане претседател или не, давањето предност на возењето мотор е крајно непочитување и на државата и на институциите од страна на Заев.
Зоран Заев избра уште еден слеп послушник и со изборен инжинеринг и контингенти договорени гласови го инсталираше на позицијата претседател на Македонија. Впрочем, Пендаровски е човек кој се фали дека е 102,5% ист со Зоран Заев. Истиот тој Пендаровски нема кажано збор осуда на криминалот, корупцијата и непотизмот на власта. Истиот тој Пендаровски молчеше и не ги осуди амнестиите на криминалот на неговиот ментор Зоран Заев. Истиот тој Пендаровски збор не кажа за отсуството на реформи во државата, поради кои најверојатно Македонија нема да добие датум за почеток на преговори. Тој како и досега, така и од сега ќе молчи и ќе прави сè што Заев ќе му диктира.
Пендаровски ќе биде претседател на државата, но, за жал, нема да биде претседател на граѓаните бидејќи се срамеше од македонската химна, се срамеше да каже кој јазик го зборуваат Македонците во Грција, се срамеше од сопствениот народ, кој го нарекуваше стока, сурати, роботи, а единствено на кое се гордееше беше поддршката на Зоран Заев и лидерите од владеjачкото мнозинство. Тоа само говори дека како почна, така и ќе тера, ќе биде претседател на власта, но не и на народот.
Како поддржувач и одобрувач на криминалот на Заев, едно е сигурно, Стево Пендаровски ќе биде сидрото на власта кое ќе нè држи далеку од европските вредности, европската перспектива на македонските граѓани“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст