Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија најмалку одвојува средства за помош на стопанството
„Владата на Заев нема апсолутно никаква стратегија за излез од економската криза. Мерките што ги преземаат се обично замајување на јавноста и купување ден повеќе социјален мир во Македонија. Македонија со 3,5 % е трета земја во Европа што одвоила најмалку средства за поддршка на стопанството изразено во процент од БДП. Ама затоа гледаме дека милионски средства одвојуваат општините за партиски вработувања на локално ниво. Затоа стопанството тоне, а над 55 илјади лица се нови невработени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, дури и тие средства што Владата се фали дека ги одвоила во пакет-мерките катастрофално лошо се реализираат. Па, така, наместо помпезно најавуваните над 1,2 милијарда евра помош, во економијата завршиле помалку од 350 милиони. Тоа јасно покажува дека ниту мерките се обмислени ниту даваат резултат. Поради тоа, минатата година згаснаа 6.200 компании, а најмалку уште двојно едвај преживуваат.
„Во услови кога државата не дава ефективна помош, во услови кога десетици илјади семејства остануваат без егзистенција, во услови кога илјадници компании згаснуваат, во услови кога нема капитални инвестиции, логично се поставува прашањето каде завршија над 1 милијарда нов долг што го генерира Владата на Заев за минатата година, со што го надмина психолошкиот праг на долгот над 60 % од БДП. Ниту може да се вадат на ковид-кризата ниту на глобалните економски текови бидејќи гледаме дека соседните земји во исти услови имаат далеку подобри резултати. На дното сме во регионот, а да не говориме за Европа, според нивото на странски директни инвестиции. Во споредба со Србија, Бугарија и Албанија, имаме од 2 до 4 и пол пати помалку инвестиции на жител, што говори дека не само во здравствен туку и во економски аспект сме црна дупка во Европа. Тоа е резултат на неспособноста и корумпираноста на оваа власт, која ја јаде економијата и го осиромашува народот, додека самата се богати“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст