Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата
Криминалот и корупцијата на Владата предводена од Зоран Заев ја влечат македонската економија надолу. Потврда за неспособноста на Владата на СДСМ дојде и од германските инвеститори кои со нула ја оценија нејзината работа во економијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, германските инвеститори во земјата потврдија дека СДСМ во овие две години ништо не сработи, освен што ги распродаде државните интереси. Тие ги потврдија и криминалните и матни тендери на картелот на власт, како и правната несигурност што ја создава СДСМ во државата.
„Дури и семејството на Зоран Заев не верува во неговите политики и затоа почнаа да бараат иднина за сопствените бизниси во соседна Бугарија. Оценката на 200 германски фирми за работата на Владата на СДСМ ги потврди сите тврдења на ВМРО-ДПМНЕ од изминативе две години дека додека СДСМ ги продава државните и националните интереси, државата тоне и сите можни полиња бележат неуспех.
Откако е СДСМ на власт, граѓаните сè повеќе осиромашуваат, над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а младите поради бесперспективноста што ја создава власта, забрзано се иселуваат. Секојдневно се задолжуваат, а граѓаните не гледаат никаков бенефит. Како резултат на задолжувањата на СДСМ јавниот долг првпат во историјата на државата надмина 5 милијарди евра и ја премина психолошката граница од 50 отсто.
Неспособноста на власта ја покажува и нивото на реализација на капиталните инвестиции, кое е најниско досега. За првите два месеца тие изнесуваат мизерни 3,53 отсто, што ни кажува дека и оваа година како и минатата нема да успеат да реализираат ни половина од капиталните инвестиции што самите си ги проектираат. Економијата тоне, образованието е уништено, земјоделството е на колена, имаме здравство во кое умираат луѓе, младите се иселуваат, пензионерите се излажани. Буквално целата држава се распаѓа како резултат на криминалот и неспособноста на СДСМ. Со СДСМ, Република Македонија само се уназадува. Граѓаните не носат розови очила како Зоран Заев и токму затоа ќе го казнат за сите погубни политики. СДСМ и Зоран Заев мора да си заминат за Република Македонија и граѓаните да почнат да напредуваат, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Нова акција на „Спорт лајф“ – „Кој е твојот среќен тип?“
Во обложувалниците на „Sport Life“, во тек е акцијата „Кој е твојот среќен тип?“. Среќната игра ќе им донесе на обложувачите на Sport Life, многу „седумки“: главна премија од 777.000 денари и по 7 (седум) вредносни ваучери од 500 денари за секој од победниците во поединечните етапи на акцијата.
Среќата треба да ја бараат во онаа игра со која ќе успеат да погодат тикет со најголем број натпревари со исто типување. Соодветно на тоа, играчите ќе се рангираат и на генерално ниво, до крајот на играта, и на седумдневно – етапно ниво.
Акцијата се однесува само за несистемските тикети, со погодени минимум шест натпревари со ист тип, со минимална квота од 1,50 по пар. Исто така, во пресметката за бодување и рангирање на тикетот влегуваат и натпреварите од понудата „Супер тип“ и натпреварите од понудата за обложување во живо.
Акцијата ќе трае до 25-ти април и важи за членовите на СЛ клубот со приложување на СЛ клуб картичката.
Сите информации за играта и тековното рангирање за генералниот и етапен пласман се објавени на вебстраницата на Sport Life и на официјалните канали на социјалните мрежи.
ПР текст
Соопштенија
Праизведба на претставата „Хенгинг Араунд“
Во Македонскиот народен театар, на 19 април, со почеток во 20 часот, ќе се одржи праизведбата на претставата „Хенгинг Араунд“ во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, по текст на Љупчо Јованов.
Главните ликови 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) во оваа приказна се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа. Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овој пат празен и лишен од средба со Спасителот. Можеби патем решиле да се смират, да создадат семејство со единствена цел – да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и саканите и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја пробаат среќата и да почнат нова авантура, да влезат во нова приказна…
Целото дејство се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни.
Во претставата играат: Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софија Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.
Соопштенија
Претставен новиот атрактивен визуелен идентитет на автентичниот бренд Luda Mara
Со слоганот „Гледај го светот во очи“, винарската визба „Тиквеш“ го претстави комплетниот редизајн на брендот „Luda Mara“, именуван според името на реката што поминува низ Кавадарци. Таа со својата уникатна природа и бројните приказни и митови поврзани со неа, по многу нешта потсетува на автентичниот карактер на овие вина.
Под овој вински бренд ќе се задржат омилените вина од оваа линија произведени од локални сорти темјаника и вранец и тие ќе бидат надополнети со две уникатни купажи – „Luda Mara White Cuvée“ и „Luda Mara Red Cuvée“.
Приказната за вината под брендот „Luda Mara“ се темели на истоимената река која има симболично, но и суштинско влијание врз создавањето на виното и винската култура во кавадаречко. Низ историјата, таа со своите излевања ја збогатувала почвата каде се одгледува грозјето, со што го поддржувала и обликувала уникатниот карактер на вината што се произведуваат од неа, но истовремено носела и големи предизвици тестирајќи ја издржливоста на локалните жители и она што тие требало да го направат за да постигнат хармонија со нејзиниот ритам.
Окото како основен креативен елемент на брендот „Luda Mara” претставува повик похрабро да гледа на животот, да се биде отворен за нови можности и доживувања и меѓу другото да се открие вистинската суштина на „Luda Mara”.
„,Тиквеш’ останува посветен на градењето моќни вински брендови, кои ќе бидат прв избор на потрошувачите. Сигурни сме дека брендот „Luda Mara“ и вината кои се дел од него, со својот вкус и изглед, ќе предизвикаат интерес кај љубителите на добро вино и ќе ги заинтригираат. Со своите уникатни карактеристики овие вина се одговор на пазарните трендови и барањата на оние потрошувачи кои се во потрага по автентични вина кои се одлика на локалното поднебје од каде потекнуваат и со кое се поврзуваат, заедно креирајќи една совршена и возбудлива винска приказна“, истакнуваат од „Тиквеш“, објаснувајќи ги вредностите на винскиот бренд „Luda Mara”.
Освежувањето на оваа популарна винска линија, опфаќа целосен редизајн на визуелниот изглед на вината, со употреба на поексклузивна амбалажа, како и етикета со впечатлив дизајн што ја отсликува суштината на брендот „Luda Mara” и ја истакнува автентичноста на вината што го сочинуваат, цврсто воспоставувајќи ги на постојните и на новите пазари.
Четирите вина кои отсега ќе го сочинуваат брендот „Luda Mara“ од почетокот на април се веќе достапни на пазарот.
ПР текст