Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Наместо живот, СДСМ донесе црнила
Наместо живот, СДСМ донесе црнила. Ветуваа почист воздух, а тој никогаш не бил позагаден од сега, вели опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Скопје е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најзагадени во светот, и тоа во последните два месеца. Струмица, Битола, Тетово, Кочани и другите градови во државата се исто така со голема количина загаденост на воздухот. Нивото на канцерогени ПМ 10-честички е неколкукратно над дозволеното. Додека граѓаните се здушуваат, мерки не презема ниту централната, а ниту локалните власти, едните играат игри на мобилен, а другите спијат во Собранието. Има пари за сѐ, само за здравјето на граѓаните не“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата додава дека се трошат еден милион и шестотини илјади евра на лубриканти, над седумстотини илјади евра за цвеќиња и лубриканти, двесте и шеесет илјади евра за украсување, а ниту денар за аерозагадувањето.
„Заев е човекот што одеше од град во град викајќи ајро, ајро, ветуваше чист воздух веднаш кога ќе ја преземе власта, две години потоа ништо од ветеното, но сега Заев, наместо од опозиција, ги лаже граѓаните од позиција на премиер. Државата и граѓаните не смеат да страдаат поради нечии политички игри. Правото на чиста животна средина и чист воздух е право на секој граѓанин, а обврска за Владата. Повикуваме власта веднаш и безусловно да го рестартира проектот за целосна гасификација на Македонија“, се додава во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ повика в сабота на протестен марш во Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст
Соопштенија
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ колеџ има 1.500 дипломци во Македонија
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ одржа средба на дипломци во Скопје со која уште еднаш покажа дека е најголемата заедница на дипломци од странска високообразовна институција во земјава. На средбата на која освен дипломците, беа присутни и претставници на академскиот кадар од СИТИ Колеџ, беше потенцирано значењето на институцијата во обезбедување квалитетна образовната опција за севкупен развој на општеството.
СИТИ Колеџ 35 години ги поддржува младите студенти и менаџери од Северна Македонија преку можности за стипендирање за додипломски и постдипломски студии на оваа престижна високообразовна институција, беше истакнато на средбата.
„Додека ја прославуваме нашата 35-годишнина, се радуваме на иднината со оптимизам и амбиција. Се стремиме да бидеме водечка институција во регионот и пошироко, обезбедувајќи извонредност во образованието, истражувањето и иновациите. Наша цел е да ги поттикнеме нашите студенти да станат глобални граѓани и лидери кои можат да се справат со предизвиците и можностите на 21 век. Создаваме трајно наследство и влијание што ќе им користи на генерациите што доаѓаат. За да се постигне оваа визија и цел, потребна ни е континуирана поддршка и партнерство меѓу нашите студенти и дипломци. Ги охрабруваме да се поврзат со своите колеги дипломци, да разменуваат искуства, да соработуваат на проекти и да ги слават нивните успеси. Затоа што тие не се само наше минато, туку и наша сегашност и наша иднина“, рече д-р Мегаклис Петмезас, заменик директор на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ.
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, како интегриран ентитет на Универзитетот Јорк, претставува уникатна меѓународна институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративни мрежи низ целиот регион. Во Македонија има приближно 1500 дипломци до сега со што се сочинува најголемата заедница на дипломци од странска високообразовна институција во земјава.
„СИТИ Колеџ го издвојува вредносното наследство што го создаваме изминативе 35 години и општествената улога што ја имаме преку овозможување квалитетно високо образование. Како единствена образовна институција веќе 20 години ја спроведуваме стипендиската програма за ЕМБА студии во соработка со државата, Борис Трајковски, програма што дава можности секоја година нашите млади кадри да се изградат во професионалци од меѓународни размери и што ја зајакнува билатералната соработка меѓу нашата земја и Република Грција. Во 2021 година официјално станавме Европски кампус на Универзитетот Јорк и остваривме соработка за дуални програми со Универзитетот од Стразбур. Со сите овие години создавање високопрофилирани и едуцирани индивидуалци, ја даваме нашата поддршка за развојот на општеството во кое живееме, економски и културен“, истакна Марија Никовска, директор на канцеларијата во Скопје.
СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк е лоциран во Солун, Грција, со академска мрежа воспоставена и распространета во уште 8 земји. Моментално има активни студенти од 60 држави и спроведува 38 различни програми. Станувајќи дел од Универзитетот Јорк добива статус на меѓународен кампус на овој универзитет и станува дел од заедницата на Универзитетот Јорк, водечката британска академска институција.
Денес, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ ги проширува можностите за студентска мобилност и за интернационализација и обезбедува можности за применето учење, со што целосно го менува студентското искуство нудејќи содржини кои го збогатуваат секој аспект од академскиот живот.
ПР текст