Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ на грбот на граѓаните стана најбогата партија во Европа, велат од СДСМ
Времето на криминални тендери заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, стои во реакцијата на СДСМ, во однос на прес-конференцијата на Димче Арсовски, кој денеска обвини дека владните функционери не дозволуваат тендер да заврши во фирма која што не е во нивна сопственост.
„Криминал, провизии, политички формирани компании и доделување на тендери на фирми блиски до власта беше одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа време заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција“, велат од владејачката партија.
Оттаму додаваат дека денеска тендерите и јавните набавки се распишуваат по јасни услови, транспарентни критиериуми и фер пристап за сите, а се избираат компании кои ќе испорачаат најдобар квалитет по најниска цена.
„ВМРО-ДПМНЕ, партијата што стана најбогата во Европа на грбот на граѓаните, нема морален кредибилитет да зборува за законско и домаќинско работење. ВМРО-ДПМНЕ ќе останат запаметени по тоа што доделуваа тендери од стотици илјади, па и милиони евра на компании блиски до партијата, кои дури не ги ни завршуваа работите за кои беа ангажирани“, стои во партиското соопштение.
Од СДСМ истакнуваат дека тендерот за „Трансмет“ во вредност од 17 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК Битола е само еден од низата примери за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги испумпувала парите на граѓаните.
„Пресудата за овој случај, како и бројните судски процеси кои се водат против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе покажат колку граѓаните се оштетени од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да измислува скандали онаму кадешто ги нема, само за да ги прикрие штетите од нивното деструктивно однесување. На опозициската партија треба да и биде јасно дека времето на криминал и корупција заврши“, наведуваат од владејачката СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст