Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: На Заев му блеска Македонија зошто не остана бизнис кој не го приграби
Македонија блеска само во очите на Заев кога ја гледа од луксузните германски зимски центри или од скапите грчки апартмани. Македонија му блеска затоа што не остана бизнис кој не го приграбија со неговиот брат и поширокото семејство. Македонија им блеска затоа што нивите со марихуана му изгледаат раззеленето додека покрај нив вози прескапи мотори, обвини опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Време е власта да ги симне розовите очила и да се соочи со реалноста која ја живеат повеќе од 500 илјади граѓани, кои денот го поминуваат со еден оброк. Повеќе од 500 илјади граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а Зоран Заев вели дека блескаме.
Во првите 3 месеци од новата година реализацијата на капиталните инвестиции изнесува катастрофални 6 проценти, нема нови проекти, а оние кои беа започнати од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ намерно не се завршуваат. Ова не се случува во држава која блеска.
Македонија и секој еден граѓани кој живее во неа е жртва на аболицираниот Заев и неговата криминална банда и никако да дојде крај понижувањата кој тој секојдневно им ги сервира на македонските граѓани.
Не може да блеска една држава во која секој ден по социјалните мрежи гледаме апели за помош, за граѓани кои не можат да си дозволат да се лекуваат, да си дозволат пристојно живеалиште и задоволување на основните потреби за живот.
Како може Македонија да блеска кога нејзините граѓани го дишат најзагадениот воздух во светот, а во 21 век среде Европа се жртви на епидемија на морбили. Ако Македонија блескаше граѓаните немаше да се евакуираат од ,,животот’’ кој го донесе Заев и неговата криминална банда.
Во Македонија единствено блескаат бизнисите на кланот Заеви, кој ги полни своите џебови со народни пари. Блескаат нивните Бентлија и други луксузни возила кои ги купуваат со наши пари, пари на граѓаните. Блескаат полињата со марихуана кој им носат милионски профити.
Доаѓа крајот на оваа банда која секој ден се повеќе ја зацрнува нашата држава и ја уназадува на секое поле. Кога ќе си замине оваа власт, ќе одговара за се, а на Македонија и на македонските граѓани уште еднаш ќе им се даде шанса да ги достигнат своите вистински потенцијали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст