Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: На секој „гласач” му биле доволни по 5,4 секунди за да „гласа“
Референдумот на начинот на кој се спроведе, не врати во едно мрачно минато време од пред две децении. Мора веднаш да се расчисти со овој изборен криминал, за никогаш повеќе да не се повтори и да се врати основата на демократијата. Дотолку повеќе, што пред нас очекуваме да имаме избори, изјави Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, гласањето на голем број избирачки места на 30-ти септември, ја покажува тенденцијата на полнење на кутии од страна на власта и нивната криминогеност, дури и кога се работи за гласање, а не само за наместени и тендери во четири очи и меѓусебно делење на народните пари преку разни фондови за иновации или грантови.
„Кривична одговорност за овие случаи мора да ја има, и за тие кои ги полнеле кутиите и за членовите на избирачките одбори кои ги дозволиле овие изборни нерегуларности и за оние кои го помагале или нарачале. Затоа, го повикуваме Јавното Обвинителство на Република Македонија да ги испита сите случаи кои ќе ги наведам во подоцнежните слајдови. А, со постапките кои ќе треба да ги отворите, најверојатно ќе излезат и голем број на други докази за изборни нерегуларности на ова гласање“, рече Димовски.
Тој обвини дека гласањето на неколку избирачки места се одвивало по системот капка по капка.
Според анализи на ВМРО-ДПМНЕ, во неколку избирачки места на секој гласач му биле доволни по во просек 11 секунди да гласа, иако просечно се потребни по 3 минути.
„Го имаме рекордерот во полнење кутии на гласањето – Избирачко место во општина Центар Жупа, избирачко место 0563. Од 18.30 до 19 часот значи за половина час „гласале“ вкупно 331 гласачи или на секој „гласач” му биле доволни по 5,4 секунди за да „гласа“, ова е најверојатно квантниот скок за кој премиерот Заев говореше пред референдумот“, рече тој.
Во општина Струга, с. Велешта, додаде тој, од 18.30 до 19 часот повторно за половина час „гласале“ вкупно 199 гласачи или на секој „гласач“ му биле доволни по 9 секунди за да „гласа“.
„Интересно е избирачко место во општина Гостивар, с. Форино, родното село на спикерот македонскиот парламент, Талат Џафери, кој како што кажа го немало во избирачкиот список, но затоа неговите сожители биле навистина „брзи“ во гласањето.
Од 15 до 17 часот „гласале“ вкупно 179 гласачи или на секој „гласач“ му биле доволни по 40 секунди за да „гласа“. Не можам да не го споменам избирачко место во општина Кичево, с. Зајас, родното село на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Претседателот на владејачката ДУИ не знаеме дали гласал, но затоа знаеме дека неговите сожители биле на „висината на задачата“ и „брзи“ во гласањето. Од 17 до 19 часот на избирачкото место 0815 во с. Зајас, „гласале“ вкупно 350 гласачи или на секој „гласач“ му биле доволни по 20 секунди за да „гласа““, рече Димовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст