Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Откако СДСМ е на власт има девет нерасчистени убиства
ВМРО-ДПМНЕ е цел на политички прогон од страна на власт која лажно се преставува за проевропска, а применува најтоталитарни методи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев и СДСМ вчера се обидоа да ја убијат демократијата и слободната мисла. Власта покажа полициска бруталност и насилие од страв за сопствените грешки и неуспеси.
Додека убиецот на Мартин Јанушев и по една година сеуште на слобода, а убиецот на младиот Саздо сеуште е непознат и никој не трага по нив власта се занимава со политички монтировки“, велат од партијата.
Откако СДСМ е на власт, додаваат од таму, имаме вкупно девет нерасчистени убиства, за кои никој не презема одговорност. „Полицијата не се справува со вистинските криминалци кои демнат по улиците и се потенцијална опасност за секој еден граѓанин, бидејќи е зафатена со реализација на партиските нарачки за политички прогон“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека СДСМ го користи политичкиот прогон врз Никола Груевски и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ.
„Никаде во модерна Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција, да проверуваат и претресуваат партиски активисти со апсурдни образложенија, за да ја замолкнат критичката и слободна мисла, која се повеќе е изразена.
Целта е да се заплаши секој граѓанин кој размислува поинаку од капитулантската влада на Зоран Заев. Власта ја промаши целта, ниту некој е заплашен, ниту потиштен. ВМРО-ДПМНЕ е посилно и помотивирано да се бори против сите кои ја погазија демократијата и владеењето на правото во Република Македонија. Насилниците врз правото и правдата за целиот политички прогон кој го режираат ќе одговараат со враќањето на правната држава и демократијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст