Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Предавничките политики на Заев не може да ги испере ниту една прес-конференција на Кузеска
Предавничките политики на Заев не може да ги испере ниту една прес – конференција на Кузеска, макар излегла и облечена како Сирма Војвода, реагира ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат став за клучните прашања и шират лажни вести.
„СДСМ се во очај. Како расте нервозата, така и лагите во прес конференции им зачестуваат. Лажниот патриотизам не може да ги испере сите предавнички политики на Заев. Богданка Кузевска и како Сирма војвода да излезе на прес конференција и уште 100 пати да каже Мицкоски е крив нема да може да ги покрие анационалните изјави на Заев. Факт е дека Заев пред недела дена говореше дека е блиску до договор со Бугарија во услови кога официјална Софија испраќаше негаторски барања. Факт дека Заев изјавуваше дека Македонците и Бугарите се ист народ кој нема само споделена, туку заедничка историја. Факт е дека Заев ги омаловажи и македонските партизани и антифашистичката борба на македонскиот народ, говорејќи дека овде во втората светска војна Бугарија била администратор и дека ги ослободувале Куманово, Крива паланка и Скопје. Факт е дека Заев велеше дека Гоце Делчев не се борел само за Македонија, потврдувајќи ги позициите на бугарските историчари“, се наведува во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, велат дека факт е дека Заев вршеше притисок врз историската комисија да ги прифати барањата на бугарската страна, во кои видовме дека придавката „македонски“ се бараше да се изостави.
„Факт е дека Заев велеше дека говорот во Струмица или Петрич бил ист и ја постави дилемата дали е тој можеби бугарски јазик. Факт е дека Заев се колнеше во жиците и во најмилото, па потоа излажа. Единствено кое кај Заев е константа е дека СДСМ не се патриотска партија и не им приличи да бидат патриоти кои ќе стојат зад македонските национални и државни интереси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа што Заев не успеа во своето пазарење, додаваат од таму, е поради силната реакција и спротивставување на народот, опозицијата, МАНУ, УКИМ, историчарите и лингвистите, па и членовите на СДСМ кои му се спротивставија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст