Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Сè додека Заев седи на премиерската фотелја, Македонија ќе е загубена држава

Објавено пред

„Република Македонија под водството на криминалната банда и аболицираниот Заев е загубена држава. Држава во која граѓаните ја загубија надежта дека може да биде подобро, во која никој не верува дека може да има пристоен живот, дека економската состојба може да се подобри, држава во која нема правда”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, отсуството на правната држава негативно се одразува на сите аспекти од животот на граѓаните. „Башибозукот на криминалната банда на власт ги одвраќа странските инвеститори, го девалвира целиот државен апарат, влијае врз одлуката младите да си заминат од државата, директно им штети на граѓаните. Повеќе од очигледно е дека за шерифите на Заев не важат законите, па можат да прават буквално сè што сакаат.

Во рок од само две и пол години македонската јавност беше сведок на стотици скандали на власта, кои направија граѓаните да ја загубат надежта во сопствена држава. Дали во која било европска држава човек кој, како што сам вели, работи спротивно на законите може да биде носител на државна функција. Само во Македонија на Зоран Заев Драги Рашковски може сè уште да е генерален секретар на Влада, откако навреди голем број свои сограѓани како и народот на држава партнер како Италија. Само со Зоран Заев како премиер, човек за кој цела Македонија слушна како местел тендери може да биде носител на јавна функција. Да не заборавиме на монструозноста на Курто Дудуш, кој беше пријавен, дека киднапирал и измачувал човек. Овој човек сè уште е градоначалник на општината Шутка од редовите на СДСМ и покрај фактот што цела Македонија слушна како тепа и измачува граѓанин на општината со која самиот раководи”, се вели во соопштението.

Во него се додава дека „Зоран Заев заборави и на својот довчерашен соборец Павле Богоевски, кој на целата македонска јавност ѝ призна дека порачувал нелегална опојна супстанца.

„Дали само поради фактот што тој беше пратеник од редовите на СДСМ за него не се води кривична постапка?.
Кој ги прислушуваше обвинителите? Зоран Заев го заташка и мега скандалот со прислушкувањето на вработените во Основното јавно обвинителство. Сè уште нема одговор кој и зошто прислушкувал, нема одговор каде завршиле снимките од обвинителите, дали можеби добро познатиот за македонската јавност воајер Зоран Заев овие снимки ги користи за уценување на обвинителството и купување на  личната слобода и слободата на бандитите на власт.
Сè додека Зоран Заев седи на премиерската фотелја, Македонија ќе е загубена држава. Правда нема да има сè додека овој човек ја злоупотребува својата позиција да ги штити својот и криминалот на своите сопартијци и пајташи. Кога тој ќе си замине, правдата во и за Македонија ќе се врати, а тогаш ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот. Одговорност ќе има и за оние кои со молк ја амнестираат бандата и не постапуваат согласно своите законски обврски”, се додава во соопштението.

Соопштенија

Нова акција на „Спорт лајф“ – „Кој е твојот среќен тип?“

Објавено пред

Во обложувалниците на „Sport Life“, во тек е акцијата „Кој е твојот среќен тип?“. Среќната игра ќе им донесе на обложувачите на Sport Life, многу „седумки“: главна премија од 777.000 денари и по 7 (седум) вредносни ваучери од 500 денари за секој од победниците во поединечните етапи на акцијата.

dobivaj vesti na viber

Среќата треба да ја бараат во онаа игра со која ќе успеат да погодат тикет со најголем број натпревари со исто типување. Соодветно на тоа, играчите ќе се рангираат и на генерално ниво, до крајот на играта, и на седумдневно – етапно ниво.

Акцијата се однесува само за несистемските тикети, со погодени минимум шест натпревари со ист тип, со минимална квота од 1,50 по пар. Исто така, во пресметката за бодување и рангирање на тикетот влегуваат и натпреварите од понудата „Супер тип“ и натпреварите од понудата за обложување во живо.

Акцијата ќе трае до 25-ти април и важи за членовите на СЛ клубот со приложување на СЛ клуб картичката.

Сите информации за играта и тековното рангирање за генералниот и етапен пласман се објавени на вебстраницата на Sport Life и на официјалните канали на социјалните мрежи.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Праизведба на претставата „Хенгинг Араунд“

Објавено пред

Во Македонскиот народен театар, на 19 април, со почеток во 20 часот, ќе се одржи праизведбата на претставата „Хенгинг Араунд“ во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, по текст на Љупчо Јованов.

dobivaj vesti na viber

Главните ликови 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) во оваа приказна се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа. Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овој пат празен и лишен од средба со Спасителот. Можеби патем решиле да се смират, да создадат семејство со единствена цел – да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и саканите и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја пробаат среќата и да почнат нова авантура, да влезат во нова приказна…

Целото дејство се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни.

Во претставата играат: Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софија Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Претставен новиот атрактивен визуелен идентитет на автентичниот бренд Luda Mara

Објавено пред

Со слоганот „Гледај го светот во очи“, винарската визба „Тиквеш“ го претстави комплетниот редизајн на брендот „Luda Mara“, именуван според името на реката што поминува низ Кавадарци. Таа со својата уникатна природа и бројните приказни и митови поврзани со неа, по многу нешта потсетува на автентичниот карактер на овие вина.

dobivaj vesti na viber

Под овој вински бренд ќе се задржат омилените вина од оваа линија произведени од локални сорти темјаника и вранец и тие ќе бидат надополнети со две уникатни купажи – „Luda Mara White Cuvée“ и „Luda Mara Red Cuvée“.

Приказната за вината под брендот „Luda Mara“ се темели на истоимената река која има симболично, но и суштинско влијание врз создавањето на виното и винската култура во кавадаречко. Низ историјата, таа со своите излевања ја збогатувала почвата каде се одгледува грозјето, со што го поддржувала и обликувала уникатниот карактер на вината што се произведуваат од неа, но истовремено носела и големи предизвици тестирајќи ја издржливоста на локалните жители и она што тие требало да го направат за да постигнат хармонија со нејзиниот ритам.

Окото како основен креативен елемент на брендот „Luda Mara” претставува повик похрабро да гледа на животот, да се биде отворен за нови можности и доживувања и меѓу другото да се открие вистинската суштина на „Luda Mara”.

„,Тиквеш’ останува посветен на градењето моќни вински брендови, кои ќе бидат прв избор на потрошувачите. Сигурни сме дека брендот „Luda Mara“ и вината кои се дел од него, со својот вкус и изглед, ќе предизвикаат интерес кај љубителите на добро вино и ќе ги заинтригираат. Со своите уникатни карактеристики овие вина се одговор на пазарните трендови и барањата на оние потрошувачи кои се во потрага по автентични вина кои се одлика на локалното поднебје од каде потекнуваат и со кое се поврзуваат, заедно креирајќи една совршена и возбудлива винска приказна“, истакнуваат од „Тиквеш“, објаснувајќи ги вредностите на винскиот бренд „Luda Mara”.

Освежувањето на оваа популарна винска линија, опфаќа целосен редизајн на визуелниот изглед на вината, со употреба на поексклузивна амбалажа, како и етикета со впечатлив дизајн што ја отсликува суштината на брендот „Luda Mara” и ја истакнува автентичноста на вината што го сочинуваат, цврсто воспоставувајќи ги на постојните и на новите пазари.

Четирите вина кои отсега ќе го сочинуваат брендот „Luda Mara“ од почетокот на април се веќе достапни на пазарот.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не биде исплатена платата за месец март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија17 минути

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова преставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова преставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија28 минути

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија3 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет5 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет5 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија15 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ21 час

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија22 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ23 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија23 часа

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија1 ден

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија1 ден

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија1 ден

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија1 ден

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...