Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ : Сопругот на Фросина Ременски е потенцијален ризик за истрагата за ,,Рекет“
Зоран Заев и Русковска обвинителството немаат интерес да се расчисти аферата „Рекет“. Напротив, Заев и Русковска имаат интерес случајот да се затвори на начин што ќе се избришат трагите кои водат кон главата на октоподот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Сппред партијата, затоа шест месеци не се постапуваше против Фросина Ременски.
,,Затоа таа и сега е оставена на слобода. Нема поголем доказ за соработката меѓу Заев, Русковска и Ременски од фактот дека Фросина Ременски ќе одлучува за законот за јавно обвинителство, закон од кој зависи работата на Вилма Русковска која ја гоко Ременски.
ополнително, ако Јовче Ременски како висок функционер во УБК се дрзна да се заканува на социјалните мрежи, што ли може направи сега кога неговата сопруга е во домашен притвор и обвинета за криминален скандал?Тој може директно да влијае на работата на оперативците за да излезе во интерес на својата сопруга.
Не може да не се доведе во прашање користењето на информации и потенцијалната злоупотреба на истите за влијание во истрагите на органите. Затоа тој мора да биде суспендиран од своите работни надлежности.Власта и институциите да не си играат држава, туку да го почитуваат Законот за класифицирани информации. Тој предвидува дека освен лицата кои поседуваат безбедносен сертификат од највисок степен, во оперативните проверки се проверуваат и членовите на потесното семејство.
Не само што Јовче Ременски е потенцијален ризик за истрагата на случајот „Рекет“, туку Дирекцијата за класифицирани информации и Агенцијата за национална безбедност не смеат да дозволат брачен другар на обвинет во коруптивен скандал да поседува безбедносен сертификат.
Компромитирачки е фактот дека во собранието обвинетата пратеничка на СДСМ Ременски е вклучена во работата на телата кои одлучуваат за закони од областа на безбедноста, како и за Законот за јавно обвинителство. Институциите да не спијат туку веднаш да истражат дали Фросина Ременски преку својот сопруг злоупотребувала информации од полициските служби и дали истите биле користени во случајот „Рекет“. Да се направи проверка дали нејзиниот сопруг бил вклучен во дејствијата кои што таа ги превземала, а се поврзани со Меѓународниот сојуз и кривичното дело за кое што обвинителството ја товари.
Секој што ќе постапува надвор од законот, без разлика дали му наредил Заев или друг функционер близок до Заев, ќе сноси одговорност за незаконското работење, штом ќе се врати правната држава.На Македонија и претстои обнова“, се додава во соопштението на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст