Соопштенија
Данев: Учениците втор месец немаат учебници
Состојбите во основното образование се загрижувачки. Учениците втор месец немаат учебници. Квалитетот на наставата е толку низок што за 18 години од денес во Македонија ќе имаме најслаб човечки потенцијал. Ваквото тврдење е според истражување на Светската банка, изјави Драган Данев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој обвини дека наставниците во основното образование се изневерени. „Минималната плата достигнува 21.311 денари, а во согласност со колективниот договор за основно образование и најавеното покачување на минималната плата од 14.500 денари, таа треба да биде 33.234 денари за наставник приправник, односно 36.293 денари за наставник. Во делот на платите СДСМ вети дека во првите две години наставниците ќе имаат минимална плата еднаква на просечната плата во државата, односно 25.127 денари“, рече Данев.
Покрај финансискиот дел, Владата предводена од СДСМ, додаде тој, не обезбедува професионално усовршување и развој на наставниците ниту, пак, се осовременуваат наставните програми.
Во делот на инфраструктурните предуслови Данев рече дека важно е да се напомене дека со секој ребаланс на буџетот се крателе огромни средства од делот на изградба на нови и реконструкција на основни училишта и спортски сали.
Тој исто така обвини дека не е имплементиран новиот закон за основно образование.
„Во средното образование имаме слична состојба, па, така, учениците втор месец немаат учебници. Се соочуваме со недоволно развиен систем на професионална ориентација на учениците. Дополнителен проблем за учениците во средното образование е што учат по неусогласена програма со таа од основно образование, односно Кембриџ-програмата за предметите по математика, физика и хемија. Наставниците, како и во основното образование и во средното образование, немаат усогласени плати во согласност ос потпишаниот колективен договор. Наставниците воопшто не се усовршуваат, а наставните програми не се менуваат. Како и основното образование, и средното образование е жртва при секој ребаланс на буџетот и од ставките за нови и реконструкција на средни училишта и спортски сали се кратат средства“, рече Данев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст