Соопштенија
Левицата: Од самиот почеток на своето владеење СДСМ спроведува цензура
Најавениот план на Владата за одлучна акција против ширење дезинформации е ништо повеќе или помалку од еуфемизам за сервилна цензура на неистомислениците и критичарите на оваа власт, кои довербата од народот одамна ја имаат изгубено, велат од Левицата.
Според партијата, од самиот почеток на своето владеење СДСМ спроведува мерки на цензура, кои дејствуваат дистописки.
„На многубројните закани за кривично гонење поединци од страна на Владата и премиерот Зоран Заев за време на предреферендумската кампања, кои во својата форма и суштина се совпаѓаат со оние на Рашковски денес, претходеше основањето на озлогласеното т.н. министерство на вистината, тело составено од стотина ФБ-пропагандисти и онлајн-полицајци земени директно од невладиниот сектор и наградени за својата неуморна борба да ги донесат социјалдемократите на власт“, велат од таму.
Новите бомби и скандали со кои деновиве се опкружени социјалдемократите, додаваат од Левицата, дополнително го зголемуваат притисокот и навестуваат дека крајот е блиску.
„Во својата паника тие веќе се обидуваат да извршат притисок врз новинарите Љупчо Златев и Горан Момировски повикувајќи ги на информативни разговори. Со тоа СДСМ се обидува јасно да упати порака дека секоја критика кон нив може да го загрози критичарот. За нивна несреќа, таа порака не резонира успешно кај граѓаните, кои уште посилно удрија по социјалдемократите, па сега дојде време за нови мерки, антидезинформациски“, велат од партијата.
Според Левицата, независноста на медиумите во денешното општество е илузија.
Сметаат дека медиумите ја шират пропагандата на оние што имаат моќ во државата, на оние што го поседуваат капиталот, на оние што се на власт.
„Јасно е како бел ден дека едната половина од медиумите се на страната на СДСМ и шират дезинформации во корист на Заев, другата половина од медиумите се на страната на ДПМНЕ и шират дезинформации во корист на Мицкоски, а на прсти може да се избројат неколку медиуми што ја заземаат страната на работниот народ во државата. Затоа, борбата против дезинформациите е комплетна фарса – ниту СДСМ ќе ги укине медиумите на ДПМНЕ ниту ДПМНЕ ќе ги укине медиумите на СДСМ. Единствените што ќе бидат реално погодени се оние што доследно се критични кон сите бизнис-партии и застануваат на страната на сиромашните, обесправените, угнетените, работниците“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст