Соопштенија
Левица: Повратокот на ДДВ е понижувачки и ги злоупотребува најсиромашните граѓани
Левица смета дека новата мерка на владата за повраток на ДДВ е понижувачки и ги злоупотребува најсиромашните граѓани.
„Што значи повратокот на 15% од ДДВ? Колкава сума ќе добијат назад граѓаните? Лимитот на месечниот трошок на еден граѓанин е, во општ случај, неговата плата, доколку се занемари кредитот што истиот го зема. Максималниот повраток на месечно ниво кој може да го добие една текстилна работничка која заработува 12.000 денари, од кои на својот газда мора да врати на рака барем 3.000 денари, изнесува околу 205 денари. Максималниот повраток што може да го добие еден работник кој прима минимална плата изнесува околу 274 денари. Максималниот повраток што може да го добие еден работник кој заработува 24.000 денари месечно, или две минимални плати, изнесува околу 549 денари. Максималниот повраток кој може да го добие една фамилија којашто не троши повеќе од вредноста на синдикалната кошничка изнесува околу 800 денари. Овие износи се дури и оптимистички, ако се земе предвид дека ДДВ-то не е 18% за сите продукти и не е сигурно дека ќе има поврат на ДДВ на сите продукти“, велат од партијата.
Според нив, евидентно станува збор за претерано ниски суми, односно суми кои не можат значително да го олеснат животот на работниот народ во Македонија, но истовремено и суми кои сиромаштијата направи да не можат да се игнорираат.
Колкумина навистина можат да си дозволат да ги игнорираат овие суми, без разлика колку се понижувачки ниски? И зошто е потребна целата таа тортура од собирање фискални сметки и нивно скенирање, кога истиот поврат може да се оствари и гарантира со едноставно намалување на ДДВ-то? Одговорот e едноставен: мерката не е наменета за да го олесни животот на работниците. Владата, предводена од социјалдемократите, со овој понижувачки закон има генијална намера да ја „вработи“ речиси целата држава во својата борба со сивата економија, додека администрацијата паразитира и апологетски ја брани владата на социјaлните мрежи. Со поврат кој ретко за кого надминува 500 денари, Владата создаде армија граѓани кои секогаш ќе бараат фискална сметка. За 100 евра годишно, народот ќе вика НЕ на сивата економија и ќе ја води борбата на Владата и на нејзините ‘легитимни’“ спонзори“, велат од Левица.
Без воопшто да бидат разгледани, а уште помалку адресирани, објективните причинители на сивата економија, додаваат од таму, социјалдемократите, маскирајќи се зад својата божемна прогресивна и социјална политика, уште еднаш ја злоупотребија сиромаштијата на работниот народ за своја лична корист. Оваа власт уште еднаш се покажува како ненародна, која својот интерес го гледа во исполнување на желбите на оној 1% на населението коешто директно им ги спонзорира изборните кампањи и луксузните животи. Конечно, велат од Левица, ваквите политики ќе ги рушат сите илузии дека оваа власт е на каков било начин поинаква од претходната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст