Контакт

Соопштенија

Мисовски: Сите атрибути на македонскиот идентитет се забетонирани

Објавено пред

Потпретседателот на НСДП и на Собранието, Горан Мисовски, вчера во Виница одржа средба со локалното раководство на партијата.

dobivaj vesti na viber

Осврнувајќи се на негативните демографски трендови на иселување на граѓаните од источна Македонија, Мисовски пред членовите на НСДП потенцира дека најдобриот одговор што како држава можеме да го дадеме е да станеме полноправни членки на ЕУ и НАТО.

„Овде во Виница најдобро знаете што значи иселувањето, празнењето на градот. Економската бесперспективност и неможноста да се најдат добро платени работни места ги принуди повеќето од вашите сограѓани својата егзистенција и иднината на своите деца да ја бараат на плантажите за јаболка во Италија. Единствен начин да ги стопираме овие негативни демографски трендови со кои се соочува цела Македонија е како држава да се интегрираме во ЕУ и граѓаните да ги почувствуваат економските бенефиции на тоа да се биде дел од најголемата светска економија, кој учествува со 23,8 проценти во светскиот БДП. Затоа, в недела имаме обврска да излеземе и да заокружиме ‘за’, само на тој начин на идните генерации може да им обезбедиме подобар живот, и тоа во безбедна и стабилна држава“, рече Мисовски.

Според него, бојкотирањето на референдумот е политички чин кој е во функција на заштита на криминалот и корупцијата.

„Повиците за бојкот на референдумот доаѓаат од политички кругови кои повеќе од 10 години Македонија ја држеа во заложништво на криминал и корупција. Тоа се гласови на политичари кои соочени со одговорноста за своето владеење на бојкотот гледаат како единствена можност за калкулации за нивна амнестија. Но, тоа не поминува“, порача Мисвовски пред членовите на НСДП.

Мисовски истакна дека референдумот е најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија.

„Македонскиот идентитет е заштитен, договорот со Грција гo гарантира правото да се определуваме како Македонци, македонскиот јазик е заштитен, државјанството е македонско. Сите атрибути на нашиот идентитет се забетонирани. Затоа, в недела да излеземе и со нашиот глас да придонесеме кон заедничка и подобра иднина“, порача Мисовски.

Соопштенија

„Еуромакс ресурсес“ со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Објавено пред

„Еуромакс ресурсес“, компанија сопственик на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за рудникот за бакар „Иловица-Штука“, денеска на прес-конференција издаде последно предупредување пред арбитражата.

dobivaj vesti na viber

Од компанијата истакнаа дека од своето основање во 2004 година, проектот Иловица-Штука симболизира светилник на можности, отелотворувајќи ја цврстата посветеност на „Еуромакс ресурсес“ за одговорен развој и економски просперитет. Сепак, и покрај значителните инвестиции и во финансиските и во човечките ресурси, проектот се наоѓа себеси заробен во мрежа од правни и административни пречки.

Третманот на проектот од страна на властите е скандалозен, цени „Еуромакс ресурсес“. Менаџментот на компанија истакна дека и покрај јасните правни победи, бирократската инерција и произволните одлуки постојано го попречуваат напредокот. Овие одложувања не само што ја нагризуваат довербата во регулаторното опкружување, туку и ја загрозуваат егзистенцијата на илјадници кои ќе имаат корист од проектот и ги одвраќаат идните странски инвестиции во Македонија.

 

„За да не бидеме погрешно протолкувани, сакаме да бидеме јасни и прецизни. Нашето трпение е при крај. Не можеме повеќе да одолговлекуваме, чекајќи политички одлуки за/игнорирање на правните околности. Ако политиката – спротивно на законот – каже „не“ за нов и модерен рудник за бакар, има правен епилог кој нема да биде поволен за државата, а за жал и нејзините граѓани. Меѓународната арбитража не е одлука што ја земаме лесно. Тоа има значителна цена – и во однос на ресурсите и угледот на нашата компанија и на земјата. Сепак, во услови на континуирано малтретирање и флагрантно непочитување на владеењето на правото, тоа е чекор што сме подготвени да го преземеме за да ги заштитиме нашите и интересите на нашите инвеститори“, истакна претседавачот на Бордот на директори и главен извршен директор на „Еуромакс ресурсес“, Тимоти Морган Вин.

На прес-конференцијата свое обраќање имаше и Габриел Лански, од адвокатската куќа Lansky, Ganzger, Goeth & Partner, која е правен застапник на „Еуромакс ресурсес“. Тој истакна дека „Еуромакс ресурсес“ има доставено формално известување за спор (тригер-писмо) до Владата во март 2020 година, за настанатиот спор и нивната намера да влезат во меѓусебни консултации за решавање на спорот и дека.

„Повеќе од очигледно е дека Владата на Северна Македонија не ги исполни обврските да се консултира и соодветно да преговара со член 10(1) од Договорот Швајцарија – Северна Македонија и со тешко срце сега размислуваме да го пренесеме нашиот случај пред меѓународната арбитража. Оваа одлука доаѓа по исцрпните напори за решавање на нашите спорови во локалната рамка, а сето тоа доведе до овој ќорсокак каде финансиските последици би можеле да бидат страшни за и онака кревката економија на Северна Македонија. Владата вака постапува иако Северна Македонија е во процес на обид да влезе во Европската Унија како земја членка. Пред да заклучам, поставувам едно неодложно прашање до владата и народот на Северна Македонија: Дали оваа средина на правна непредвидливост ќе се прошири и на други инвеститори или е предизвик единствено насочен кон ‘Еуромакс ресурсес’? Ресурсот што сакаме да го развиеме е национално богатство и неминовно ќе треба да го искористиме, ако не ние тогаш некој друг. Изборите направени денес ќе резонираат надвор од нашиот проект, обликувајќи го економскиот пејзаж на земјата и нејзината меѓународна репутација во годините што доаѓаат “, истакна Лански.

„Еуромакс ресурсес“ ги повика надлежните државни институции да ги исполнат своите законски обврски, да го почитуваат владеењето на правото и да се вклучат во напорите со добра волја за да се забрза решението. Компанијата останува посветена на соработка со владата, заедниците и пошироките засегнати страни за да испорача трансформативен проект, кој е повеќе од потребен на повеќе нивоа.

„Еуромакс ресурсес“ ја потврди својата непоколеблива посветеност за одговорен развој, просперитет на заедницата и успехот на проектот „Иловица – Штука“ со највисоко ниво на почитување на најсовремените стандарди за заштита на животната средина преку примена на најсовремени технологии во рударската индустрија. Меѓутоа, ако тековниот третман на проектот од страна на властите продолжи, и ако владеењето на правото продолжи да се занемарува, тогаш арбитражата ќе стане неизбежна реалност.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Нова акција на „Спорт лајф“ – „Кој е твојот среќен тип?“

Објавено пред

Во обложувалниците на „Sport Life“, во тек е акцијата „Кој е твојот среќен тип?“. Среќната игра ќе им донесе на обложувачите на Sport Life, многу „седумки“: главна премија од 777.000 денари и по 7 (седум) вредносни ваучери од 500 денари за секој од победниците во поединечните етапи на акцијата.

dobivaj vesti na viber

Среќата треба да ја бараат во онаа игра со која ќе успеат да погодат тикет со најголем број натпревари со исто типување. Соодветно на тоа, играчите ќе се рангираат и на генерално ниво, до крајот на играта, и на седумдневно – етапно ниво.

Акцијата се однесува само за несистемските тикети, со погодени минимум шест натпревари со ист тип, со минимална квота од 1,50 по пар. Исто така, во пресметката за бодување и рангирање на тикетот влегуваат и натпреварите од понудата „Супер тип“ и натпреварите од понудата за обложување во живо.

Акцијата ќе трае до 25-ти април и важи за членовите на СЛ клубот со приложување на СЛ клуб картичката.

Сите информации за играта и тековното рангирање за генералниот и етапен пласман се објавени на вебстраницата на Sport Life и на официјалните канали на социјалните мрежи.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Праизведба на претставата „Хенгинг Араунд“

Објавено пред

Во Македонскиот народен театар, на 19 април, со почеток во 20 часот, ќе се одржи праизведбата на претставата „Хенгинг Араунд“ во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, по текст на Љупчо Јованов.

dobivaj vesti na viber

Главните ликови 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) во оваа приказна се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа. Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овој пат празен и лишен од средба со Спасителот. Можеби патем решиле да се смират, да создадат семејство со единствена цел – да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и саканите и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја пробаат среќата и да почнат нова авантура, да влезат во нова приказна…

Целото дејство се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни.

Во претставата играат: Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софија Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија1 час

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија1 час

Евидентирани 12 случаи на фотографирање гласачко ливче, шест пријави за нудење поткуп и 15 пријави за агитирање, соопшти Тошковски

Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денешниот изборен ден поминал во безбедна, мирна и демократска атмосфера. Како што рече,...

Македонија2 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија2 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија2 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија2 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија3 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија3 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија3 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија4 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија4 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија6 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија8 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија9 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија9 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија9 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија11 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија11 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...