Соопштенија
Ниту еден политички субјект нема право да договара промна на името, велат од Обединетата Македонска Дијаспора
Од Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) преку соопштение ја информираат јавноста дека по основ на референдумот за името, нејзиниот став е непроменет од основањето до денешен ден. Оттму велат дека без разлика која партија или владејачка коалиција се обидува да ја валидизира промената на уставното име на Република Македонија преку референдумско прашање, ОМД како најголема и независна организација на македонската дијаспора децидно ќе се спротистави на истото, како што го прави тоа и во годините наназад.
Според ОМД, никој политички субјект не располага со мандат да преговара или уште помалку договара промена на македонското име, идентитет и устав.
„Согласно тоа, повеќе од една деценија, ОМД повикува на прекинување на преговорите за промена на името кои нанесоа поголема штета отколку бенефит за Република Македонија“, се наведува во соопштението.
Сметајќи дека одрекувањето од сопственото име и посебност по пат на манипулативен и консултативен референдум кој има за цел да валидизира политичко самоволие и исполни ултиматум за евентуално (a не загарантирано) членство во Евро-Атлантската Алијанса, ОМД се залага за бојкот на референдумот како единствено достоинствено решение во заштита на националниот идентитет и суверенитет на Република Македонија.
„Во време кога сите неистомисленици и неподдржувачи на владините аспирации се генерализираат како проруски активисти, ОМД не дозволува нејзиниот став да биде (зло)употребен за политичко-партиски колективни или индивидуални интереси. ОМД е невладина, непартиска и независна организација, која НЕ е дел од меморандумот за бојкот на референдумот потпишан на 5 Август 2018 година помеѓу 28 организации, граѓански иницијативи и политички партии. Проруските и анти-интегративни политики во НАТО и ЕУ на некои од носителите на меморандумот, се спротивни од ставовите на ОМД за НАТО и ЕУ интеграција на Република Македонија под нејзиното уставно име и унифицарани (а не двојни) стандарди за членство, поради кои разлики ОМД се оградува од вклученост во меморандумот“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст