Соопштенија
Општина Охрид до ВМРО-ДПМНЕ: „Лесковачкиот скара-туризам“ беше обележје на градот и во ваше време
Огромниот број домашни и странски туристи кои оваа летна сезона го преплавија Охрид се доволна потврда на заложбите на локалната власт градов да стане модерна туристичка дестинација. Поставувањето на урбаната опрема во централното градско подрачје е во склад со одлуките на Советот на Општина Охрид, чиј дел сте токму вие. „Лесковачкиот скара-туризам“, бокс-апаратите, надуените реквизити беа обележје и минатото лето и годините пред тоа кога локалната власт беше во ваши раце“, се вели во реакцијата на Општина Охрид на прес-конференцијата на советничката Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според Општината, полека но сигурно се расчистува хаосот во сферата на туризмот.
,,Се соочуваме и решаваме проблеми со луѓе кои години наназад вие сте ги научиле да продаваат сувенири и реквизити на несоодветни места. Големиот хаос не се решава преку ноќ. Ја реконструиравме и асфалтиравме улицата Македонија, а во тек е подготовката и на основен проект за реконструкција на самиот кеј. Работиме на проекти со кои центарот ќе добие нов лик со строго дефинирани и типизирани места за продавање. Како одговорна локална власт работиме на решавање на проблеми кои вие одамна требаше да ги надминете.Време е да се свестите дека токму поради хаосот што вие го оставивте во туризмот и во многу други сфери од општественото живеење, не ја добивте поддршката од охриѓани на претходните локални избори. Ние напорно и посветено работиме за напредок и туристички развој на Охрид#, се вели во реакцијата до советниците на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст