Соопштенија
Петковски за референдумот: Ваква шанса се укажува само еднаш и никогаш повеќе
Претседателот на НСДП, Тито Петковски, и секретарот на партијата, Кристијан Трајковски, остварија средба со членови на општинската организација на НСДП во Куманово, вклучително и со членовите на локалниот Изврешен и Надзорен одбор на партијата.
На средбата со членовите на кумановскиот разгранок, претседателот на НСДП, Тито Петковски, истакната дека по 74 години постоење на државата, од Првото заседание на АСНОМ, не е едноставна работата да се прифати ново име на државата.
„Сосема разбирливо е зошто голем број граѓани го прифаќаат овој чин со жалење, тага и револт. Но, истовремено и со олеснување поради европската иднина на земјата и идните генерации. Станува збор за возвишени вредности, како што се гаранциите за стабилност и безбедност на државата, која пред само една година беше целосно изолирана од меѓународната заедница“, рече Петковски пред членовите на НСДП, притоа порачувајќи дека граѓаните треба да веруваат дека со тој чин ќе се обезбедат побрз развој на Република Македонија, подобар живот на идните генерации и надминување на трагичната поделба на македонското општество по сите основи, вклучително и на чувството на недоверба во сè што е поинакво и исполнето со страв и омраза.
„Со масовното излегување на рефрендумот и гласањето позитивно на референдумското прашање не само што ќе отвориме нови перспективи за граѓаните и државата туку и на најдобар можен начин ќе му покажеме на светот дека сме народ способен да има своја држава, со свој јазик и препознатлив идентитет“, рече Петковски.
Претседателот на НСДП нагласи дека мора да поседуваме малку повисок степен на самодоверба, убедени во исправноста на својата одлука која без сомнение има историски димензии.
„Ако светот нè повикува да градиме заедничка иднина со најразвиените држави и нации, тогаш самите ќе бидеме виновни доколку не го препознаеме историскиот момент и не одговориме позитивно на предизвикот. Во историјата на една нација ваква шанса се укажува само еднаш и никогаш повеќе“, порача Петковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст