Соопштенија
Пецаков: СДСМ ја губи поддршката во Охрид
„Никој не смее да тргува со сопствената држава и со националните чувства. Охриѓани тоа го препознаа и ги поздравуваме зрелоста и одлуката покажувајќи исклучителна демократска и патриотска свест со тоа што не го поддржаа договорот со Грција, кој е крајно штетен за македонските државни и национални интереси“, изјави Кирил Пецаков, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, на прес-конференција.
Според него, резултатите од референдумот во Охрид покажаа дека СДСМ за само една година изгуби речиси 4.000 гласа, одосно на референдумот кампањата на СДСМ ја поддржаа 14.401 граѓанин на Охрид, а на локалните избори пред една година за СДСМ во Охрид гласаа 18.262 граѓани.
„Да бидеме појасни, разликата од 3.861 глас, односно речиси 4.000 гласа изгубени за само една година, е јасен сигнал дека ја губат поддршката кај народот. Довербата кај граѓаните не може да ја добиете со притисок, закани и уцени од партиски лица што се забележани и ќе одговараат пред органите на правдата, а оштетените граѓани, кои со чест и достоинство си ја сакаат Македонија, ќе бидат заштитени. Наместо тоа, охриѓани очекуваа реализирање на ветените проекти на градоначалникот Јован Стојаноски, кои останаа само слово на хартија, предизборна измама и манипулација. СДСМ сакаше државата да ја искористи како изговор за неисполнетите ветувања, непотизмот и криминалот“, додаде тој.
Според Пецаков, довербата кај граѓаните е загубена поради срамниот договор, неисполнетите ветувања, нула реализирани проекти, зголемената цена на водата, покачување на цената на паркингот, неисплатените обесштетувања од земјотресите, стопирање на капиталните проекти во инфраструктурата, никакви реформи во образованието, здравството, економијата, културата, туризмот, како и во другите сфери од животот.
„Охриѓани знаат да проценат и умеат да забележат колку работи оваа власт предводена од СДСМ и за нив се веќе прочитана книга. Многу бргу ја видоа лажната политика, а на таква политика не може да ѝ се даде доверба, па затоа опаѓа нивната поддршка. Власта го изгуби легитимитетот и единствено што преостанува е да ја почитува волјата на народот. Затоа и добиената поддршка сега дополнително ќе се намалува во Охрид“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст