Соопштенија
Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓаните
Во рамки на агендата предвидена за претстојниот период насловена како „Пратениците со народот“, пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ остварија средби со граѓани од повеќе населени места, со кои поразговарале за актуелните случувања во државата, секојдневните проблеми на граѓаните, како и во однос на политичката ситуација.
Како што информираат од опозициската партија, пратеникот Александар Велјановски од Тетово ги посетил жителите од населените места Јегуновце, Прељубиште и Подбреѓе со кои разговатал за актуелните случувања во државата и проблемите со кои се соочуваат во секојдневието.
„Жителите на Прељубиште велат дека најголем проблем им претставува лошата инфраструктура, водоводот, како и дивата депонија која го загрозува здравјето на луѓето. Згора на тоа, единствениот простор кој се користи за рекреација на децата, кој е во приватна сопственост е обраснат и руниран, а со тоа младите немаат можност за спортување. Најнезадоволни се жителите на населеното место Јегуновце, кои велат дека селото е запуштено и тотално заборавено од централната и локалната власт. Жителите се соочуваат со бројни проблеми меѓу кои лошата патна инфраструктура, немањето на нови проекти кои ќе помогнат во секојдневното живеење, како и пропаднатиот стадион на ФК Југохром, кој како што велат жителите бил нивна гордост. Најголема загуба чувствуваат од затворената фабрика Југохром и немањето работни места за мештаните“, се наведува во соопштението од средбата со граѓаните.
Пратениците Ане Лашкоска и Петар Ристески, заедно со претседателот на ОК ВМР-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски ги посетиле жителите на населените места Ерековци, Канатларци, Селце и Тополчани, кои ги споделиле нивните проблеми во секојдневното живеење и земјоделието.
„Незадоволството кај сите веќе ја прелева чашата и луѓето велат дека ваквата ситуација во државата повеќе не се поднесува. Најогорчени се земјоделците кои велат дека државата еднострано веќе им ги раскинува договорите за концесија на земјиштата, а задкулисно сака да изгласа закон за продажба на земјоделско земјиште, што за земјоделците ќе знаци целосен крах. Покрај овие проблеми, тутунарите велат дека тони тутун им скапува во подрумите, бидејќи трудот не им се вреднува и килограм тутун вреди исто како да го даваат без пари, па затоа веќе втора година останаа без нивната заработка. Посакуваат брза смена на власта и стабилизирање на економијата во земјата, бидејќи како што велат, доколку државата продолжи да функционира на ваков начин, Македонија нема светла иднина“, наведуваат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст