Соопштенија
СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ е директен виновник за долговите во кои плива Водостопанство
Лошото организациско менаџирање поставено токму од ВМРО –ДПМНЕ е причината за состојбата во која се наоѓа денес АД Водостопанство, се вели во реакцијата на СДСМ на изјава на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, ВМРО – ДПМНЕ зборуваат за долгови на АД Водостопанство, а токму тие во 2015 година при неговото формирање, ги оставија долговите. Тогашната Влада влезе со влог од 100 илјади евра, а денес последицата е соочување со ненаплатени долгови на Водостопанство .
,,Наспроти незаинтересираноста од страна на ВМРО –ДПМНЕ за АД Водостопанство , Владата предводена од СДСМ заедно со надлежното министерство, го препозна наследениот проблем и работи на реорганизирање на сите можности како Водоастопанство да профункционира во права смисла и воедно да се изнајде начин како да се организира водоснабдувањето односно наводнувањето на површините на територија на цела држава.
Само за две години од доаѓањето на власт на СДСМ, односно од 2017 година до 2019 година е направено многу. Како дел од проектите преку кои се работи на подобрување на системот за наводнување и условите за работа на земјоделците се : изградба на системот за наводнување Јужно вардарска долина-втора фаза која опфаќа 1700 хектари површина, а претходно се доврши и незавршена прва фаза за што беше потребна 1 година, а преговорите за трета фаза се во тек.
За хидросистемот Злетовица кој со години постоеше само на хартија конечно се обезбедија средства, а во тек е и јавен повик финансиран од ЕК за мали еколошки системи за наводнување. Завршена е реконструкција на браната во Пробиштип, Мавровица во Св. Николе, браната Слатино во Дебарца, Дрен во Демир капија, Липа во Демир капија, а отпочната е и изградба на брана Конско која ќе овозможи наводнување на 8000 хектари.Сите напори кои се прават од страна Министерството за земјоделство преку програмите за рурален развој во соработка со ЕК е да се овозможи поголема конкурентност на самите земјоделци и зголемен извоз.Владата предводена од СДСМ продолжува со решавање на наследените и натрупани проблеми оставени од ВМРО –ДПМНЕ и интезивно работи на подобрување на условите и можностите за работа на земјоделците и вработените во овој сектор”, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст