Македонија
СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се грижат за граѓаните со поскапување на комуналните услуги
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат докажаа дека воопшто не се грижат за граѓаните, туку на прво место ги ставаат личните и партиските интереси, е нагласено во соопштението од СДСМ.
„Тие изминатите 10 месеци не работат ништо. Парите на граѓаните ги трошат на лускуз и партиски вработувања, а општините и јавните претпријатија тонат во долгови. Згора на тоа, во време на криза, наместо да им помогнат на граѓаните, тие дополнително го влошуваат нивниот стандард со покачување на цените на комуналните услуги. Општина Штип 100 отсто ја зголеми цената на ѓубрарината. Зголемување на комуналните услуги од 25 отсто има и во општина Виница, а во општина Радовиш се покачени давачките за комунални услуги. Во Прилеп, пак, поскапе јавниот такси-превоз“, посочуваат од партијата на власт.
Според СДСМ, додека цените на услугите растат, јавните претпријатија раководени од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри.
„Неспособните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и нивните директори за 10 месеци успеаја да ги задолжат и партизираат јавните претпријатија со кои раководат за сега да бараат помош од Владата, со цел да ја скријат својата неспособност. Тоа е лицемерството на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Од една страна, глумат загриженост за економскиот стандард на граѓаните, а од друга, како што додаваат, нивните функционери летуваат на монденски локации, а нивните градоначалници удираат по џебот на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Апасиев: Дали е вистина дека директорот на велешката болница забранил да им се дава инфузија на деца со температура 40 – за да заштеди
„Дали е вистина дека директорот на велешката Болница – Зоран Арсовски од СДС забранил да им се дава инфузија на Детското одделение, на деца со температура 40 – за да заштеди“, прашува претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи.
„И дали е вистина дека за операција на жолчка, во истава болница, докторите отворено си бараат мито од пациентите – од 500 евра ‘по тарифа’“, додава Апасиев.