Соопштенија
СДСМ: Преку повеќе акции институциите здружено дејствуваат за решавање на проблемот со загадувањето
Преку повеќе акции за зазеленување и засадување дрвја институциите здружено дејствуваат за решавање на проблемот со загадувањето, велат од владејачкиот СДСМ во соопштение.
„По 11-годишното игнорирање на проблемот со загадувањето на воздухот, по една деценија непреземање ништо и системско уништување на зеленилото од страна на криминалната ВМРО-ДПМНЕ, денес, низ сеопфатна системска акција се преземаат мерки против сите извори на загадување.
Над автопатот Велес-Скопје кај езерото „Младост“ над селата Отовица и Чалошево, во изминатите десетина дена на површина од 50 хектари засадени се околу 100 000 висококвалитетни садници од багрем, јасен и јавор.
Акцијата за засадување нови дрвја и за обновување на дрворедите во Скопје вчера продолжи со засадување на 300 дрвја јасен и јавор.
Во тек е есенска акција на Град Скопје за засадување при што ќе бидат засадени околу 3.500 висококвалитетни садници низ сите скопски општини. Битола, Велес, Карпош, Сарај, Бутел, Аеродром се само дел од локациите на кои се одвиваат акции за засадување на висококвалитетни садници“, стои во соопштението.
Од партијата додаваат дека паралелно со овие интензивни акции, се преземаат и мерки за замена на старите и нееколошки начини на затоплување со еколошки. „Во јавните установи, во училиштата и градинките се заменуваат старите котли на нафта и се поставуваат нови еколошки котли на пелети и инвертори со што се намалува загадувањето, но се намалуваат и трошоците за загревање“, се посочува во соопштението на СДСМ.
Оттаму исто така велат и дека во тек се активности за реализација на капиталната инвестиција за изградба на гасоводна мрежа, што е една од клучните мерки во борбата против загадувањето.
„За таа цел, во буџетот за 2019 година предвидени се средства во износ од една милијарда и 577 милиони денари, што е за дури 1,1 милијарда денари повеќе од средствата за 2018 година. Истовремено, за првпат е формирано и градско јавно претпријатие за гасификација и проектирање на гасоводен систем.
Се набавуваат и нови еколошки автобуси, се воведуваат еколошки мерки за сообраќајот, се обезбедуваат субвенции за еколошки енергенси за греење, за еколошки автомобили, засилени се инспекциите и серија други мерки кои активно и континуирано се спроведуваат“, стои во партиското соопштение.
Од СДСМ посочуваат дека сите институции секојдневно преземаат мерки што имаат за цел да го намалат загадувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст